Здраво, оваа тема ми изгледаше како најсоодветна. Следниов период ќе одам на патување надвор од државата, но потребен ми е интернет кој што би можела да го користам низ Европа на мобилниот телефон. Дали некој од вас има некакво искуство со некоја картичка со интернет што би можела да ја купам и да ја користам во текот на патувањето?
Јас секогаш кога одам во странство си плаќам преку операторот (во мојот случај Телеком) имаат пакет Интернет Свет, не ти треба никаква картичка само кога одиш во странство си го активираш тој интернет, они ќе ти објаснат како. Сигурна сум дека и А1 имаат.
Во западен балкан имаш интернет според претплатата. Во западна европа нашиве оператори (А1 и Телеком) имаат склучено партнерство со тамошни телекомуникациски оператори и кога ќе уклучен роаминг ќе те префрли на нивна мрежа и оператот меѓутоа си останува функцијата на домашниот оператор. Пример А1 Македонија е партнер со А1 Австрија, или Македонски Телеком со Дојче Телеком или Маџар Телеком. Постојат разни опции и пакети, најдобро консултирај се со твојот оператот ќе ти објаснат се и колку се плаќа за колку време и што добиваш и како функционира.
Во план сум да купувам нов телефон пред се ми треба за сликање/снимање за водење на инстаграм страна(значи за работа). Значи барам телефон кој ја има моментално најдобрата камера. Се мислам да го почекам еден месец Iphone 15 pro max или Самсунг С23 ултра? или предлог на друг телефон со врвни перформанси за камера
Јас би ти препорачала ајфон 13ка, ајфон 13ка про или макс, врвна камера. Не сум за камерата на Самсунг доколку ти треба за работа.
13ка е подобар од 14ката? бидејќи јас сакам да го земам 15 ката што треба да излезе во текот на овој месец...
Генерално iphone има подобра камера од самсунг. Премногу убави слики вади iPhone особено iphon13 и 14,дури и да не си професионалец сликата испаѓа супер.
За камерата Смасунг го убива 200 на сат Ајфон иако се очекува да излезе сега септември. С23 Ултра снима и во 8К а Ајфон 4К. Јас да сум, би одел на С23 Ултра. Баш имаше еден тест за камерата од стадионот Камп Ноу, од највисоко до терен до детал снимено, со стсбилизација, чиста слика, 200мп камера башка широко аголните и макро.
Здраво, дали може препорака за телефон до 200 eвра За секојдневна употреба, класика користење на социјални мрежи ништо специјално не барам.
Xiaomi Redmi 12 или Redmi Note 12. Има акција во сите продажни салони околу 155-160 евра. Перфомансите одлични и задоволителни.
Здраво, зошто при сликање телефонот не слика со вистинската МР? Пример има 48МР и кога ќе отворам во settings на камерата максимумот за слика е: 4:3 (12MP) 48MP / Quad Pixel. И сликата воопшто не е чиста и убава како што би требало да биде слика од 48 МР. Ова на неколку телефони го имам заприметено. И дали знаете можеби сајт или слично каде што ќе можам да проверам вистинската МР на некој телефон? Пример пишува 50МР но да видам сликата всушност со колку МР ќе биде. Бидејќи џабе пишува 50 кога воопшто не изгледа за 50. Или можеби има разлика 50МР на еден телефон и 50МР на друг, но како да знам на кој е подобра камерата?
Немаат врска МР со квалитетот на камерата. DXO Mark се најрелевантни кога е во прашање тестирање на камера и оценување. Ги нема сите модели, само тие што ги имаат тестирано. https://www.dxomark.com/smartphones/
Дечки, Ве молам за совет. Би купила Iphone 13 Pro Max (од Мобеликс, само таму гледам дека го има) или Iphone 14. Која е подобра опција, или друг предлог за таа цена отприлика и општо дали се ок Мобеликс во случај да ми треба сервис или слично во иднина.
13 Pro Max е подобар. За сервис, ќе најдеш измешани искуства. Ама не дај боже да ти стигне телефон до сервис... Алтернатива: Galaxy S23 Ultra