Се мислам помеѓу следниве телефони: samsung а34,а54 и s21fe,кој од овие е најдобар?Дали некој има искуства? И за s23 искуства ако има некој.
Секако дека с23 најдобар e, без размислување. И од тие погоре пак с21фе би го избрала. С серијата не за џабе е најскапа. Уствари не, најскапа е Z fold i flip ама тие се тотално непрактични и според мене се само за чаламење.
Нема подобар телефон од Ѕ23 од сите овие овде. Ама затоа и е најскап. Ѕ21ФЕ - Повторно, по цена е на второ место. И е подобар од останатите. Единствено лошо е што има ептен крш батерија. И секако, постар модел е, помалку апдејти. А54 - Не заостанува многу зад Ѕ21ФЕ, единствено што има послаб процесор. И нешто малку послаб екран. Камерите се горе-доле исти. Но, има батерија многу добра + софтверска поддршка уште 4 години. За цена од 300еур, за мене е подобар избор од Ѕ21ФЕ кој е 350еур, и би одел со него. Ако им е иста цената, тогаш со Ѕ21ФЕ.
Ова сериозно у А1, даваат подарок со купен с23? На цела серија с23 и З флип и фолд понудава ја има. И тоа ни мање ни више гратис телефон.. Чудна работа, за неверување, да не можеби е и со некоја фабричка мана па ај ќе ги шитнат. Многу е добро за да е реално некако.
Здраво на сите, сакам да прашам некој што има купено нов неотпакован iphone од ледиком во делот about и во model која е првата буква што стои? Читав на интернет дека ако седи буквата М тогаш телефонот е оригинален и неотворан и непоправан. Исто така и искуства со серискиот број ако може да споделите. Благодарам
Здраво, мене сите телефони во последните години ми се од Ледиком. Никогаш проблем немав. Последниот сега ми е iphone 13, купен од таму, нов, неотпакуван. Сега баш дека прашуваш, проверив во сетингс и почнува со М буквата. Мене тоа малку ми значи додуша токму поради долгогодишно искуство со нив. Нема данок на нив, затоа и цената е помалку.
Јас денес порачав iPhone 15 Pro Max white 256GB од Сетек и за 15 дена како што ми рекоа треба да стигне.
Здраво на сите , зедов Samsung S23 пред скоро време , од вчера наеднап екранот стана црн (нр го користев тел. Можеби пола сат ) копчето за фингерпринт работеше, и го ставив и на полнач исто така си работеше се но екранот беше црн , сабаљево истото .Гледав на нет дека се случува така. Дали на некој му се има случено истово и да ми каже што да правам дали е нормално тоа или треба да се однеси на сервис?
Не знам што е и не се разбирам многу од ова, но ако ти е уште под гаранција да прашаш таму најдобро. Не треба така од нигде никаде да поцрнува екранот.
Јас имам S23 Ultra од Сетек. Го користам неколку месеци и сум презадоволна. Инаку многу уреди ми се од Сетек и до сега сум немала никаков технички проблем. Претходниот телефон го користев 4 години и ене го ден денес е ко нов. Не се разбирам многу за набавки и такви работи, но и Нептун и Сетек се овластени продавачи на Samsung, така што би требало да е истиот уред.
Здраво на сите Сакам да земам iphone 14 pro max. Ледиком, мобеликс или некоја друга мобилара која би ми ја препорачале?
Здраво. Ве молам мислење за мобеликс??? Дали телефоните се оригинал бидејќи се малку поевтини? Решена сум деновиве да го купам iphone 14 PRO max за професионална употреба на камерата, поточно за работа ми треба телефонот и многу ми е битно да е оригинал, решена сум и повеќе да го платам во сетек, анхоч... само да е во ред!
Оригинални се, секако. Дури и гаранцијата им е официјална на Епл, можеш во кој било официјален сервис да ја користиш, не само во нивниот.