Дали некој има користено маски за мобилни за заштита од радијација? Маските биле изработени од материјал кој блокира штетните ефекти на зрачењето. Како што читав, имале посебно позитивно значење за машкото репродуктивно здравје.
Здраво. @Billy Idol Гледам најискусно одговараш. Сакам да земам нов телефон со продолжување договор Телеком. Ми треба помош, Самсунг а14 4г или а23 5г, освен што а23 има 5г и мислам стаклото му е појако, друга голема разлика освен во цена не гледам( ама па и мн не се разбирам), и дали е голема разликата 4г и 5г телефон? Кој да го земам? Секое мислење ми значи. Ви благодарам
Немаат голема разлика. А23 е малку подобар. Има малку подобар процесор кој е по штедлив на батерија исто така. 120hz refresh rate наспрема 90hz. Има и ultra wide камера, како и 25W побрзо полнење наспрема 15W на А14. Од друга страна А14 е понов и ќе има подолг софтверски век. Ако се иста цена, ја би одел на А23. Ако не, оној што е поевтин.
Оди со А14 тогаш, не вреди да доплаќаш. Пиши што друго има за слична цена, може има нешто поинтересно.
Имам телефон Huawei P40 Lite E. Не можам да инсталирам гугл апликации и во исто време да се функционални. Поконкретно, инсталирав Aptoide и преку него ги инсталирав гугл апликациите, ама не работат. Па пробав со Gspace, ама ме отепа со реклами. Не планирам во денот да гледам 50 реклами за да можам да отворам Youtube и gmail. Некој друг предлог?
Apkpure симни, преку неа ќе си симнеш андроид апликации. Јас сум со Huawei p40 lite со години, со оваа апликација си симнувам сѐ што ми е потребно. Додуша youtube не пуштам на телефон, ама сигурно го има.
Здраво, дали имате искуства со Мобиком Битола, од каде ги увезуваат телефоните, дали гаранцијата е важечка и сл.. гледам iPhone 15 Pro, цената ми е малце сумлива бидејќи со iStyle е разлика околу 15-16 илјади денари
секогаш земајте неотпакуван.. Ајфонот има интернационална гаранција и без разлика од каде е купен можеш да го поправиш било каде во светот.. за мобиком имам читано доста позитивни искуства
Сите ИТ и други производи се увезуваат од P.R.C, така и производите на Apple особено Iphone. Таму и се најголемите производствени капацитети на Ајфон и се произведува за скоро цел светски пазар. Секако работат по лиценца на Ајфон и квалитетот е на високо ниво, и Ајфон можеш да добиеш само од Кина. Гаранција има колку што и нуди производителот, најчесто 2години. Ако се сомневаш во нешто, има опција да го провериш телефонот на страницата на Ејпл преку серискиот број на телефонот за потеклото и оригиналноста. И од iStyle да го земиш пак ќе биде Produced in P.R.C. Разликата во цената е во тоа од кој филтер и контејнер е увезен производот од која земја и колку платиле царина. Ако пример е увезен од Кина во Германија па увезен од Германија и донесен во Македонија, ќе биде поскап за разлика ако увозот е директно Кина>Македонија.
One повеќе не постои, сега One и Vip се А1. Така да бираш меѓу А1 и Телеком. Телеком имаат подобра мрежа за разлика од А1 но и поскапи се тарифите. Јас сум на А1, океј е интернетот и повиците ама некогаш на некои места знае да изгуби мрежа па дури и да си дома.
Мислење помегу овие два телефони,двата се н аакција од 6990. За шаомито се мислам бидејки сега имам шаоми и ми е катастрофа.
Двата се идентични, па скоро исти. Xiaomi има чипсет Хелио Г-85 а Хонор Хелио Г-37, мала разлика и во процесорот, Хонор предначи тука малце, камерите идентични, само што Хонор има 8мп предна камера. Мала разлика има и во батериите и брзината на полначот. Кој и да го одбериш, се исто ќе ти биде. Кој модел на Шаоми имаш сега? Ако е од постарите со послаб процесор и меморија, ти кочи зошто апликацииве кои ги користиме пораснаа многу а и потребите да чуваме нешто во телефонот е зависно, а телефонот нема толку капацитет да го сноси тоа и затоа поткочува и е бавен. Исто и мене ми се случуваше, во последниве 7години користам исклучиво Шаоми, со постарите го имав овај проблем, особено со Редми 5 а со последниов (Редми Ноте 11) никаков проблем во овие 2години активно користење, брз како авион на писта, плус секој ден му правам clear cache, MIUI знае некогаш да се багни хаха и овие floating notifications да ги закасни, ама нее страшно. Не планирам да го менувам овие 3-4години, особено не пред да излези новиот Xiaomi Hyper OS и не стани достапен.