Претходно се најавив на една апликација, ги одследив сите кои мислев. И кога сакав да се вклучам на инста апликацијата ме одјави автоматски од таму пробав да се најавам ама ме одбиваше (исто какп некој да ти влегол во профилот и да сменил пасворд) ама испеав некакп да го вратам профилот по 15минути мака.
Дали знаете мобилара во Скопје каде со сигурност има стаклена фолија за Самсунг с23 ултра? Прашав на 3-4 места и никаде не најдов.
Зедов 13 про макс од мобеликс пред пола месец со battery health 91%, а досега е паднат на 86% Кажете начин да не паѓа олку брзо??
Како сте задоволни со ајфон 13ка? Не сум љубител на ајфони али сакам да сменам, да ми кажи некој искуство стрикно за 13ка и од кај можи да се земи поевтино?
Не знам дали за тука е прашањево. Како да имам поголем простор на Гугл акаунтот? Или само да се доплати или избришат податоци? Претрупано ми е, 92% искористено од све и свашта. Највеќе изглеа ради мејловите на Gmail. Колку и да бришам пак се собираат.
Види што ти треба, што не. Сигурно имаш бекап со големи видеа. Алоцирај нешто на други clouds, како на пример Mega.nz имаа по 30GB Free. Друго бриши оти повеќе простор на Google Drive може да се добие само со плаќање.
Па освен ако не го користиш премногу во текот на денот (рачунај дека батерија троши и често отклучи-заклучи, проверка колку е саат), следно ми е продавницата од каде што си го купила, која исто како Ледиком продава мобилни по доста пониски цени па оттаму има сомнежи околу нивниот квалитет.
Треба да одберам службен телефон, можам да си доплатам ако сакам, ама не сакам, пошто ми е супер мојов уште (Note20Ultra) ако е 3 ипол години стар. Се размислувам меѓу Samsung A54 8gb ram / 128gb и Motorola Edge Neo 12gb ram/256 Моторола не сум имала од детство, се' флегшип Самсунг и не знам што да одберам. Некако Моторолата повеќе ме влече (предности: повеќе рам, подобар чипсет, помали безели, заоблени страни, бесконтактно полнење, ИМА ПУЊАЧ КАБЕЛ И МАСКА во кутијата, подобра отпорност ip68 vs. ip67 на Самсунгот). Самсунг ми е позната територија, технички по спецификација има подобар екран и заштита (Gorila 3 Motorola vs. Gorila 5 Samsung), ама од друга страна лично не гледам проблем во екранот на Мото, супер е. Више мање сток андроид има за разлика од Шаоми, Хонор итн што е ок, навикната сум на OneUI ама и тој не е премногу дисруптивен. Не знам дали да ризикувам со Мото? Секако за 2 години ќе ја менувам, а двата имаат повеќе од 2 годни сигурни апдејти.
Има А54 подобар процесор за малку, ама и Dimensity 7030 е одличен. Исто и подобра батерија има. Ако ти е битно за втор телефон Камерите им се тука некаде, истиот сензор го користат, ама знаеш дека пост процесирањето на Самсунг е далеку подобро. Мото има подобар екран и рифреш рејт, плус со 12ГБ РАМ е сигурно по флуиден. И што има полнач, да не мора да купуваш повторно. Edge 40 се покажа како одлично телефонче. Не знам дали ќе биде твој, или само на користење, ама земи в предвид дека Самсунг побрзо може да се продаде по 2 години.
Ви цитирам малку постари мислења Ме интересира дали сте купиле телефон од Plaisio, која е процедурата за враќање ДДВ? (Во кратки црти само). И воедно што ако царина те застане да те провери? Или одма после грчка граница го отварате телефонот и го пуштате во функција?
Немам продавано телефони до сега, ги наследува некој И прв пат волку долго користам телефон и да не сакам да го сменам, освен што природно батеријата е ослабена после 3 ипол години "вадење маст". Не ми е важна не знам што да е камерата, супер е на овој + ако ми треба профи имам опрема за тоа. Повеќе дизајнот и брзината ми се важни, а секако за 2 години ќе се менува. Ќе биде службен, ама мој
Дизајнот е субјективен. Мене повеќе ми се допаѓаат curved displays како на Моторолата. Ама може некој сака flat. Другото оди кај Самсунг пошто е стакло назад (Gorilla Glass 5 на двете страни), a Neo е пластика целиот (Gorilla Glass 3 напред) За брзината во мултитаскинг треба А54 подобро да се покаже, ама по smooth искуство ќе се има на Моторолата поради 12ГБ РАМ и 144 Hz refresh rate. Иако, не знам колку ова во пракса може да го користиш пошто ја троши батеријата брзо, а и онака му е слаба. Софтверот на Мото е скоро па stock Android. Има некои убави решенија, ама на Самсунг е веќе добро познат и испеглан, плус ќе има подолго подршка. A54 е некако логичен избор долгорочно. Краткорочно може Моторолата да е по интересен, како нешто ново.
Па тоа, затоа напишав што имам. На N20U вкупно 2 дена со рефреш рејт 120 го користев, не приметував разлика и го ставив на 60 од практични причини, исто ќе биде кој и да го земам, ќе бидат на 60. Ете ја има опцијата и овој па не ја користам оти јас не осеќам разлика. Иначе да - дизајното на Мото ми е поубав баш ради edge моментот, и навика е. Ќе размислам, мислам дека ќе биде Мото чисто пошто нема да го продавам кој и да е и пошто 2 години треба да издржи, мислам дека било кој ќе може. Освен ако не го прибере некој пред мене, само 1 е на залиха Едит: позади и страните ми е сеедно што материјал се, маска гумена секад имам. А на стакло напред не ставам ништо. Се додека е напред стакло добро е