Паа, го користам по цел ден. Иако знам луѓе што хо користат исто по цел ден но не му пааѓа толку. Прашав на сервис, проблемот бил во новите верзии на иос..
Па не се видеа толку ама слики, скриншотс.. Си пунев меморија без усул ко мислиш нема лимит.. Еве сеа 93% вика. Спојлер Се шокирав сеа коа видов, ја па дека сто пати такво предупредување на gmail стигаше се праев на трипол дека е од мејловите. Иако и таму хаос ми е, посебно оние promotions, милион стигаат. Ништо, ќе мора да се брише, не глупости да чувам, демек ќе требале.
Јас имам веќе година дена позадоволна во живот не сум била. Од камера до се друго, не знам што конкретно те интересира ама нема да згрешиш ако го земеш.
@Billy Idol iphone 12 pro max користен или iphone 14 нов? Гледам 12 pro max се движи околу 450 еур , a 14 800 еур. Искрено незнам дали вреди толку пари па затоа се мислам меѓу 12 pro max и 14 . Battery health на 12 pro max му е 87%.
Не. Скоро па истиот телефон е, малку подобар чип. Исто е и меѓу Ајфон 13 и 14. Тие дури и ист чип имаат. Затоа 13 про/мах за 600 еур на старо е најдобра опција.
А ако земам 14 на ново, сигурно е од овие iBuy, Ledikom, ,гледам разликата во цена е 10.000 денари од Сетек и Нептун? Нови и оригинални се и тие само што не плаќале данок затоа биле поевтини така читав или посигурно да си земам од Нептун?
Гледав и таму цените се исти како Нептун, Сетек.. Па затоа и прашав за ledikom, iBuy , 10000 поефтин е , не е малку , ама дали е сигурно незнам ..
Ама јас не сум од Скопје , така да ако земам од таму треба онлајн да нарачам , мислиш сигурно е од iBuy или Ledikom? Дали ќе може да го отворам пред да платам на курир.
За ibuy не знам, ама за Ледиком гаранцијата е интернационална за секој Епл уред, значи не е нивна. Кога ќе го отвориш уредот, ќе ја активираш гаранцијата и било што да имаш проблем може да го носиш во овластен сервис за Епл. Кај нас мислам дека е iStyle. Ако телефонот е нов, не верувам да ти даваат да го отвораш пред курир пошто треба да биде запакован со пломба.
Не е ставен во категоријата експонати, 42.000 му е цената , со 12 месеци гаранција , а на експонати видов сега по 6 месеци гаранција.
Имаа Епл во Ледиком интернационална гаранција последно што знам, за новите уреди. Ама најдобро е да си прашаш телефонски, а не е лошо и до Скопје да дојдеш и да си видиш на лице место. Сепак плаќаш 700 еур.