Јас би ти препорачала од Ледиком или Мобеликс да си земеш, сигурна опција. Се согласувам дека е може подобро да дојдеш во Скопје лично да си видиш не се малку пари, ама продавниците ти се сигурни. Од исто место ги набавуваат само не плаќаат данок, си имаат и интернационална гаранција.
Здраво сакам да прашам дали некој има информации за ајфон 15 про од солун од плаисио , односно дали се европски модели и дали е се во ред со телефоните? Исто така ме интересира како функционира такс фрии
Еве како можеш такс фрее да земеш, инаку мислам дека продуктите им се оргинал. Имам другар што си купува редовно од кај нив ајфони, саати итн.
Ме интересира дали некој има земено Xiaomi Redmi Note 13 Pro+ 12+512GB од Нептун и како е задоволен? Го гледав него, го сакам ради 12/512, на поќето места е 8/254. Анхоч го немаше на залиха, а Сетек имам предрасуди.
Имам во неколку наврати пишувано за Xioami и Redmi серијата. Последниве 7-8 години исклучиво сум на Xiaomi а и во иднина по се изгледа ќе останам. Моментално 2 години имам Redmi Note 11 купен од Нептун. Ќе кажам само дека сум презадоволен од телефонот, а баш и Нептун ептен испаднаа коректни кога го земав бидејќи го немаше се уште секаде тогаш бидејќи немаше ни 1 месец од кога го лансираа од фабрика а беше во понуда веќе кај нас, се потрудија да го извлечат од друг нивни салон и за една недела си го подигнав. Redmi 13 серијата е сама по себе ќец на десетка во однос на конкуренцијата однос цена, добивка и квалитет, а 13 Pro+ е полн погодок, слободно оди на него, нема да те разочара во ни еден случај, од искуство го кажувам ова, кинезите си ја знаат работата и си газат. Среќно.
За Redmi Note 11 имам само пофални зборови, презадоволен сум, телефонот е сон. Ако не ти смета тоа што нее 2023, тогаш оди слободно, си имаш 3-4 години и онака достапни ажурирања и надградби на софтверот. Еве јас го чекам да ми стигни ажурирањето за новиот Hyper OS
Мене искрено повеќе ми е за камера и се мислам се уште меѓу него и Саумсунг А54 (тој има поубава камера како што видов). Инаку имам редми веќе 4та година можеби и нема никаков проблем
Сум имала Шаоми, па се до последниов, шо го сметам за грешка и сметам дека требаше Шаоми. Така да нема сомнеж во мене дека е точниот телефон. Само поќе ме интересираше некој шо има, чисто дали е према очекувањата. Лично од Сетек не сум задоволна за било шо, па зато спомнав Нептун искуства, па чак и А1 е опција. Фала.
Ги гледам Xiaomi Redmi Note 13 Pro и Samsung Galaxy S24 Ultra. Знам дека камерите им се скоро исти, но ме интересира што е тоа повеќе кај Самсунгот што е 5 пати поскап?
Како мислиш скоро исти? Единствено што е исто е дека двата телефони имаат 3 камери, толку. https://www.phonearena.com/phones/c...iaomi-Redmi-Note-13-Pro-5G/phones/12113,12274
Извини мислев на резолуцијата - 200 Mpx е истата кај двата. инаку на линкот си го ставил обичниот Galaxy S24, ја зборам за Ултрата.
Моја грешка. Но и ако го ставиш ултрата ќе видиш дека се работи за тотално различни камери. Мегапикселите апсолутно немаат никаква врска со квалитетот на камерата, туку сензорот, блендата итн. итн. Плус овие 200мп не се толку. Се прави pixel binning. Обично се 12 или 48мп реално.
Уф, многу на странски јазик ми збориш сега јас сум на фан на Самсунг и искрено ме бендисува Ултрата, ама некако прескапа ми е... Гледав разни видеа на YouTube каде ги споредуваат камерите (снимаат, сликаат разни ствари) и некако слични ми се... Па ме занимаше зошто е Самсунгот толку поскап? Знам дека нуди некоја нова AI опција ама не се заинтересирав подетално.