За од октомври до сега многу е на 96% да опадне, нема ни година дена. Види како можеш да си ја заштитиш подобро батеријата. Пример мене нешто што ми помогна е околу 25% 30% го ставав на полнач до 80% никогаш до 100%. Го користам година дена и месец и тек сега ми опадна на 98%
Ај совет. Меѓу овие 2 кој е подобар? Тие и се некоја подобра опција на мајка ми, па се мислам @Billy Idol ? Help
S23FE е многу подобар. Ама ако можеш за слични пари да го земиш Ѕ23 уште подобро. Со Снапдрагон процесор е.
За Xiaomi Redmi Note 13pro+ ми е прашањето конкретно оти со други Шаоми сум немала мака. Кога сликам едно гледам низ камера, после сликата е како обезбоена. Шо не е огромен проблем оти пак враќам се на Lightroom да живни исто како шо ја видов дур сликав. Скапав чачкање во опции и видов дека AI опција била приклучена. Исклучив. Пак не се доволно "живи" сликите. Дали има нешто шо уствари можам реално да сменам во опции, нешто шо очигледно не го забележвам? Сликите ми се или целосен hit или целосен miss. И ништо измеѓу. Или е ремек дело или е најпросечната слика шо ја имам напраено.
Тоа не значи дека е нов. Имаат машини за ставње фолии. Може е сменета батеријата и не е оригинал. И не се експонати туку со сменети делови. Нема толку експонати колку што се продаваат кај нив. Измислено име е тоа. И јас планирам да земам Ајфон, само не знам дали 15 или 15 про... Ќе почекам да излезе 16 и да падне цената. Ми се допаѓа зелената боја на 15, ама пак белата на 15 про.
Гледав и споделував цени низ Мобилари, Нептун/Анхоч и Телеком/Вип, секако Телеком/Вип се најскапи, па Нептун па цените во Мобилари се најниски. Во Телеком/Вип на 2 години излегува 90 и кусур илјади на рати. Би земала во кеш затоа што на рати би ме коштало како 2 да купувам Што мислите од каде е најпаметно да се земе?
На странава ги листа сите места и се прават лесно споредби. Иначе земи од каде е најевтино. https://phones.mk/
Во мобилара не се од сомнително потекло? Тоа ме плаши хахахаха И што значи ако пишува дека е Експонат?
Не, не, исти се. Експонат значи користен телефон кој е поправан и нешто му е менувано. Они ќе речат дека стоел во продавница на штанд, ама не е точно.
50/50 ти е со експонати. Ги набавуваат од странство, не им се знае детално потекло и историја. Така би земал подобро на старо од човек овде.
Зедов нов iphone 15 во февруари, battery health е 100%, меѓутоа телефонот многу брзо се празни, не издржува батеријата ниту половина ден, исто така и додека не го користам знае да падне батеријата за 5,6%. Нормално ли е волку брзо да се празни или сепак да го однесам до Istyle да видат до што може да е