Имав јас Nokia 7373 розов, го земавме 24.000 на времето кога испадна. Го користев некаде 2 до 3 години, многу сум задоволна од него. Батеријата ми траеше цели недели, имав голема меморија + 2гб мемориска одеше со него, слушалки, кабелче и ташниче. Телефонот имаше многу добра камера, незнам колку мегапиксели но добри слики вадеше. Ми се допаѓаше што беше розов, а и на вртење беше, па интересно ми беше. Многу пати ми паѓаше и здрав беше, но еднаш ми падна од 5 спрат и му пукна малку екранот, се затемни, на светлина реагираше. Ама јас од преголема љубов го научив и го користев уште. А сега имам Samsung 5260. Задоволна сум и од овој, го земав 10.000. Го земав заради трендов со touch и си го погодив. Танок е, за во џеб го собира, не е многу долг. Брз е, убава камера, но нема копче за камерава па мора на екранот да стикаш додека не го погодиш тоа за сликање. Има интернер, имам место за мемориска. Со него ништо не одеше, само телефонот и полначот, секако. Од опции има интернер, блутут, плеер, емаил да си провериш ..
Знае некој дали е добар Nokia E6? Многу ми се свиѓа па се мислам дали тој да го земам или Sony Ericsson Xperia ArcS ми имаат кажано дека не се добри, батеријата слабо им држи и не се тоа што беа ко порано. И Има ли некој ајфон на старо 4, 4с? Мислења?
Ме интересира дали имал некој искуство со Sony Xperia tipo ? Гледав некои понуди од вип, па ми падна на око
Имам ваков телефон Samsung Corby 2 сакам да користам бесплатен фејсбук , може ли да ми кажете како да подесам интернет? неможам никаде на нет да најдам , поздрав
Леле... разочарана сум скроз од Apple.Inc. Не очекував дека новиот iPhone ќе се вика 5-ка, искрено. Глава сечев дека нема да биде така. И изгледот не ме воодушевува премногу, од сите верзии кои претходно се шпекулираа дека ќе бидат, оваа ми беше најгрда. Да појаснам, неќам што е повисок... можел екранот да му биде поширок. Ама тоа е. Не оти неќам да го имам, ама... Барем ме радува подобрениот iOS 6.
Девојки ве моламза помош.Родителите сега за роденденот сакат да ми купат нов мобилен телефон, и ме прашаа каков сакм.Ве читав и се двоумам кој е подобар меѓу Ифон и Самсунг Галакси3 ве молам за помош кој е подобар? позз
Несреќно заврши во вода 2 дена од кога го зедов, сега малце ме заебава ама се надевам ќе се подобри со понашањето.
Samsung s3350 ок изгледа, но не е добар софтверот, нема скајп, сосема обичен. Иначе ако се наводени, се расклопува веднаш, се брише и се остава во сув ориз, се оправува.
Да не знае некој каде би можела да најдам вакво: Спојлер ама за: Спојлер Alcatel OT-995 Значи не ми е битно ни боја, ни шара, ни пари, ни ништо, само да биде точно на моево телефонче. Премногу си го сакам телефончето и жал ми е, срце ме боли да го гледам со гребнатини а пре несмасна сум, така што мислам дека една ваква футрола би ми било единствен спас. ве молам
Абе, имам Нокиа 58, експрес мјузик дрн днр... и сега си симнав песниче, ај што е 12мб, и јас немам мемориска, ајде де, ќе преминам преку тој факт. Ме боли душичката што не можам да најдам кај си ја симнав, налет и да не е симната, барем да ги избришам тие 12мб што ми зимаат меморија. Хелп ми пипл, барав фајлови од апликации, барав во музика, барав во сите папки. Нема или јас не знам кај да барам?