За кој се одлучи? Сакам како поклон за полуматура да земам телефон околу 12000 денари и баш и јас се мислам помеѓу овие два.
Дечки пред некое време пративте тука линк за следење на цени на телефони по мобилариве, ќе може некој што го има сочувано да ми го испрати?
Јас од срце го препорачувам ајфон 13ка, толку ми е легнат на душа, емоционално се приврзав а и сликите се врв
мене про-то ми беше многу голем и затоа земав 13ка и искрено најдобра одлука во живот за телефон до сега
Види дали ти е направен последниот апдејт, телефонот сам ќе си направи калибрација на батеријата и се ќе биде во ред
А вака генерално кога ќе се земат во обзир и сите други спецификации меѓу овие два телефони кој е подобар избор?
Генерално iphone 14. Не можеш да ги споредиш со А55 кој е класа од среден ранк. Ајфон 14 од висок. Можеш Ајфон 14 да го споредиш со Ѕ23. Тука веќе ќе бидеш во дилема што да одбереш пошто двата телефони се добри и прашање е на вкус.
Пак би рекол Ајфон, Самсунг веќе некое време имаат ужасни флегшипови, многу мали батерии, 3700 милиампери е тужно.
3900 Mah има Ѕ23, а 3279 Mah e Iphone 14. Самсунгот има далекy подобра батерија. Па, не баш. Samsung вади исти, ако не и подобри. Google Pixel исто така имаат подобра камера. Го имам тестирано со iphone 14 и во сите услови мојот Pixel 7 извадил подобра. Iphone-от е подобар во видео.