Zdravo, sakam da prasam dali nekoj ima kupuvano telefon od mobilarata mobelix da spodeli iskustvo, dali ste zadovolni.. Sakav da zemam od kaj niv iphone pa me interesira mislenje
Има некој искуство со Samsung A55? Многу ми се допаѓа, па и бојата дури Сакам онлајн да си го нарачам, ама се мислев...
Не. Јас го имам 9 месеци само, а battery health е 92%. Многу загрева и не држи батерија воопшто. 5 часа и празен е телефонот.
Јас сум многу задоволна. Го имам веќе 7 месеци и battery health ми е сеуште 100%. Батерија ми држи цел ден, ама тоа е индивидуално, зависи како го користиш.
Продавам/менувам ајфон 13 Starlight под гаранција, купен од istyle battery health 99%. Го менувам исклучиво за Google Pixel нов, доколку треба и доплаќам. Дајте понуда
Да прашам, читам во темава дека од Сетек не чинеле телефоните. Колку е вистина тоа? Сакам да си земам телефон на рати ама само во Сетек се без камата , во Нептун ми доаѓа поскапо така. Некој искуство да сподели со телефон купен од Сетек?
Јас имам купено телефон од Сетек пред 3 години. Уште работи. Сетек не ги прави телефоните. Ниту пак останатите такви дуќани. Ако телефонот не чини, производителот е крив. Од кај ти одговара највеќе, од таму земи си.
Во готово да се купи е иста. Ама разлика е на рати зошто во сетек е без камата. И мое мислење е дека секаде може ако сакаат да ти дадат некој што не чини. Ама викам да си прашам зошто баш само за таму имам читано. Ви благодарам на одговорите.
Лага е. Сетек е еден од официјалните дистрибутери, сестра ми пред 2 години си зема Самсунг до сега никаков проблем а и лаптопот Асус исто од Сетек го зедов. И Нептун се супер, јас зедов Xiaomi 3 години одличен. Исти се секаде.