Помош ве молам дали јас дали децата притиснаа некаде и копчево не работи.Како може да го средам многу ме нервира
Најдобар телефон некогаш направен. Во поглед на сѐ, камера, перформанси, батерија, буквално сѐ. Скоро две години го имам и не сакам да го сменам
Дали батеријата држи долго? Мене камерата ми е најважна, да слика убаво. Ми се смачи овој телефон да ми вади матни слики, треба 100 пати да го пребришам за да извади убава слика.
Камерата е лудило, имам правено преубави слики, не би да ставам сеа овде лични слики ама на секој ајфон камерата е преубава. Инаку батеријата ми држи ден, ден ипол
Здр,прамирам да земам Samsung galaxy a55 кој го има нека сподели искуство дали добро држи батерија итн.. Моментално го имам и користам а52s 5g го користам веќе 4 години и сум презадоволна од се.
Iphone 13 или 14? Кој е подобар воопшто, но најбитна ми е камерата. И од каде, Нептун, Сетек.. или мобилара?
Јас искрено не гледам разлика меѓу нив. Се мислев исто меѓу 13 и 14, но го зедов 13ката дека беше поефтин. Можеш да си земеш 14ка сепак е понов. Камерата е супер, презадоволна сум
Треба да обновам договор во А1, па овој телефон ми фати око Moto G85 5G 8/256 - Телефони favorable buying at our shop. Има ли некој искуство со Motorola?
Од која мобилара во СК сте задоволни? Има ли некој искуство со Mobi Flash Elite до Капитол? Конкретно за IPHONE