Ај да и се пофалам на @нина122 , маж ми купи ајфон 16 . Уште стои така, се мислам јас дали да го зеам и да го користам . А приврзана сум за овој мојот.
Со здравје да се користи, сега ќе не спамаш по темите со слики , јас уште не купив, не ми се дава овој, си викам ај до година таман да искочи 17ка, а и овој телефон ќе остаре па нема да ми биде жал дека сум го дала..
Не е ништо посебно ајфонот, иста големина како и другите. Мислам за изглед. Мојот е далеку поубав од него. А и незнам дали ќе можам да се навикнам на него, после толку време користење самсунг.
Тоа да, епа затоа се мислам, оти јас многу многу и не се замарам со фотографирање, за тоа само не би го зела да го користам. Мм ми вика дека има 256 гб, а мојот има 128(мислам) и сега само ради тоа се мислам. А дали може цела дата да се префрли од самсунг на ајфон?
Ич не знам да објаснувам, отвори на страната на Apple ти е убаво објаснето, ама углавном можеш да префрлиш. Јас можам да те збунам.
Самсунг 2018 А 21С го користам и еве со полна батерија да киснам на инстаграм рилс да гледам ќе ми издржи негде отприлика 7 саати, па сеа ти види. И воопшто не ми кочи.
Добро, не ми е поентата да се убедувам, само мене самсунг ми се познати по тоа, грев е да се споредува самсунг со телефон како што е ајфон, ајфон не е шала телефон како самсунг, не за џабе држат цена, се надевам во иднина нема ни да постојат тел како самсунг, хуавеи и слични играчки.
2025 дојде, уште луѓе не сфатија дека со ајфон купуваат име. Па и оној комплексот што го имаат да речат - дај ми го АЈФОНОТ, да чујат сите
Колку се истресени глупости на кило то чудо нешто. Ако мислиш дека ти е убаво ајфон користи си само сакав да кажам не се некоја слаба марка Самсунг.
Не секој можи и сака да дава толкава сума на пари. Така да нема потреба од коментаров за самсунг хуавеи и слично
Ама кажуваме реалност а не дали некој има или не, факт е дека ајфон е саглам телефон, а не играчка како горе наведените.
Мене Самсунг ми е океј, не кочи, на два дена го полнам, сега за сега океј е, предходно имав Хуавеј, тој беше исто сулер телефон, ама се окозив што се вика додека префрлам се од Хуавеј на Самсунг затоа што апликациите што се поддржани од Самсунг не се поддржани од Хуавеј и обратно.. Од Самсунг на Ајфон и обратно би требало да може многу лесно да се префрлаат податоци..
Мислам дека многу грешиш. Затоа што и поголемата политика не ја гледаш зошто дури и Хуавеите пропаднаа за да се издигнат Ајфонот само џабе ќе ти објаснувам.
Како бе играчка бил Самсунг Врска немате вие Никој не збори ништо против тоа вашето јаболче, али играчка другиве биле Иначе многу од вас го купуваат само ради тоа што факинг ајфон бил, само не признавате знам Глупости
Зашто не ме цитираш? Што е најтрагичното јас не ни имам ајфон, мајка ми има и многу добро знам која е разликата со мојов хуавеи и замисли никогаш не сум и го земала да се сликам пред огледало и слични глупости, само кажувам како е реално, зашто тоа се сфаќа така, никад нема да ми биде јасно изгледа исто како луѓево што не знаат дека марка плаќаат
Мене баш ми се допаѓа самсунгот. Скоро цел живот ја користам таа марка. До сега не ми закочил, незнам зошто викаат дека кочи.