И покрај то шо не користам Самсунг ни Ајфон оти си имам други преференци, уред шо ми е уште функционален, целосно корисен, држи батерија и отвора основни функции е ... Самсунг. Го имам од 2015. Таблет. Уште крепи игри (за мачорот во моментот) шо е поќе од шо би замислила за уред шо е 10 години стар. Поентата ми е, не ја сфаќам "војната" за телефони. Користи шо ти е ќеф. Ионака се ќе се расипи за некоја година и со секој нов уред ќе се расипва побрзо и пак ќе се удираме в гради кои пари шо ги фрливме поќе вредат. А, ништо не вреди. ✨
Толку си буквалиста? Ај важи, поентата беше сосема друга, ме мрзи да се објаснувам, реалноста е таа, често не одговара тоа е.
Не рековме дека не е најдобар ајфонот, ама глупостиве истресени не требало да постојат други смартфони... јој брачо
Сите можат да му носат вода на Xiaomi Самсунгот е далеку далекуу повеќе high-tech од Ајфонот. И не за ѓабе на корејски значи ѕвезда а не јаболко, епа свети Од толку шо не можат да измислат топла вода во Ејпл, дури и еден обичен дизајн не можат да направат на плочката како шо треба, се исто тоа јаболкото, а да не правиме муабет за другото Ама тоа е, коа те бија добро име на стара слава, ќе живееш, туго.
Е, свашта како вадите зборови од контекст каде јас реков дека не треба, нека постојат ама факт е дека светот треба да иде напред а не назад, хуавеи нема google play и да не коментирам уште што не, ама ок Вие сте најпаметни, ајде добра ноќ.
Епл стор? Па добро, и хуавеи има апп галери (имам од тие глупите хуавеј што не поддржуваат плеј стор )
Ок е да ти се свиѓа, ама не си во право. Ова што го пиша баш повеќе важи за Ајфон. Ретко кој Самсунг кочи и ретко му зеза батеријата. Имам 2 Самсунгзи. На Самсунг Галакси А21С од 2021 батеријата до ден денес му држи 3 дена. На новиов Самсунг Галакси А35 5Г без многу чепкање батеријата му држи до 5 дена. Со чепкање 3-4 дена. И Ајфоните знаат да закочат (да, знам корисници кои мака мачеа со телефоните) и токму тие често имаат ужасна батерија која често се загрева и брзо се празни. Често се случува капацитет на батеријата на Ајфон да опаѓа уште пред да помине година, што е поредок случај кај другите брендови. Ова со загревањето на батеријата е особено проблем на целата серија Ајфон 15 (од цел свет има поплаки). Толкав што и некои од најголемите тех фенбојс се откажаа од редовна употреба на Ајфон и земаа Самсунг од С серијата. Камерите на Ајфоните не се нешто подобри од оние на Самсунг. Напротив, често го прават човекот да изгледа поблед отколку што е. Плус, Ајфоните не се customizable дури ни колку попростите Андроиди. Речиси секоја година Епл се фали со „нови“ фичрс што Андроидите ги имаат со години или добиено година пред Ајфоните. Ајфоните се покомплицирани и поскапи за поправање. Заклучок, Ајфоните чинат само за нивните задоени корисници и оние кои не се информираат доволно.
Само да те прашам- свесна си дека меѓу Самсунг и Хуавеи нема знак за еднакво, така? Мислам најнебитно нешто на свет ми се ,,брендови,, ама самсунг дека кочел и не знам што правел-утре сабајле.
Два тел сум имала самсунг од поновите, штом помине гаранција кочи, батеријата одма се троши, јас ментална не сум да измислувам и да лажам, од искуство кажувам дека не ми се погодил а не од памет, пак ќе кажам Вие сте најпаметни, немам што повеќе да се објаснувам, пријатно.
Од Ајфон пошто посебно си купуваш све, очекувам утре да извадат слушалки кај што ќе треба посебни уши да си трансплантираш за да можеш да слушаш.
Можам само да потврдам дека за се си во право. Пред 3години, јас го земав овој мојот самсунг а маж ми еден ајфон. Не помина ни година, мм почна да се жали дека ајфонот не полни добро, дека премногу жежок станувал кај батеријата, дека му кочел .... . Накрај се расипа и го фрли. А мојов уште тера, ни да закочи ни ништо. Самсунг рулс. Туку ме убедивте да продолжам мојот да си го користам .
Зависи кој Ајфон со кој Самсунг го споредуваш. Спореди најнов и најскап Самсунг со Ајфон па коментирај. Споредуваш модели од 150 евра со 1500 евра телефон Телефонот што го имам е ѕвер. Корисници на Ајфон ми кажуваат дека камерата е 100 пати подобра. Брз е, батерија трае. Ама вредноста му е колку твојот Ајфон. Така може да си ги мериме.