Јас не се замарам уште помалце се разбирам од телефони, сега ме заинтересира ајфон да видам што како и отварам, првиот ајфон со цена 134.990ден...... Ќе идам кола да си купам
Буквално, 1000 евра за телефон, 400 евра за Смарт вач, стави 150 евра за аир падс, уште 30 евра за полнач, маска да му купиш оргинал уште 20-30 евра, ќе ти испадне плус 50% од цената на телефонот само за гаџети да дадеш.. И некој кога ќе каже купи му маска од 200 денари, полнач од пазар за 500 денари, и слушалки за 500 денари, како да кажам, ако дадам толку пари за ајфон, не му купувам гаџети од пазар, па што сака нека биде.. Кога видов колега на телефон Самсунг с24 ултра маска од 70 денари од али експрес му нарачал, кожата ми се наежи, телефон од 1500 евра и маска од 1 евро.
Факт е дека за ајфон најмногу плаќаш име и најмногу служи за чалам. Смешно е дури да се споредува со телефониште ко што е Самсунг. За Самсунг и да преплатам нема да ми е жал, бидејќи тоа ќе се пари добро потрошени и можиш да го користиш години. Сега му се мерачам на С24 ултра да му падни цената уште малку. Моментално имам Шаоми, го користам од 2021, а производство е од 2020. Си работи ко што треба, воопшто не ми кочи, единствено сега скоро целосно полна меморија имам и сакам да сменам ради подобра камера. На Самсунг и Шаоми им нема рамни, уште играчки биле.
Мислам дека сите што немате во живот користено Ајфон, имате негативно мислење за Ајфон и хејтате Ајфон. Додека сите што преминале од Самсунг на Ајфон имаат позитивно мислење за Ајфон.
Па тоа не е вистина, зошто така навредуваш? Јас па тие што така што зборуваат мислам дека се искомплексирсни бидејќи немаат пари да си купат и така се тешат
Преминале од ефтин Самсунг, на најнов Ајфон. И неофицијалната статистика вели Ајфонот бил подобар Па нормално од плејстејшн, нема пак да си играш со тетрис. Баш ме интересира што Самсунг имале и на каков Ајфон преминале.
За мене се доволни. Не за џабе пишав " мислам " . Не кажувам факти, кажувам мое лично мислење. И да ми кажале, не памтам.
Твоето лично мислење се базира врз споредба на Југо со Порше. Факт е дека Ајфонот со причина е доста баран телефон, но тоа не значи дека е подобар од Самсунг. Барем не од сите нивни модели. Самсунг нуди телефони за сечив џеб, што не е случај со Ајфон. Нормално дека истите карактеристики, хардвер и софтвер не може да ги има оној телефон што се продава за 100 евра и оној за 1500 евра. Јас сум задоволен корисник на Самсунг. Сите телефони сум ги давала на друг да ги користи кога ќе си купам нов. Моментално еден е ,,жив" веќе 8 години. Се прави споредба на два телефони од ист ранг. Само тогаш можеш да кажеш кој е подобар.
Мислам, едино што мора е да се умре. Не мора секој да има позитивно или негативно мислење за ајфон, мислам не мора да има никакво мислење. Побогу бренд на телефон е, има и побитни работи од тоа. Добри чевли на пример се една од тие побитни работи
Додека имав самсунг, еднаш немав излезено без полнач, телефонот ни на battery saving mode (или како беше) и сѐ исклучено не издржуваше повеќе од 4 часа, без користење на било која апликација. Се амортизира батеријата на секој телефон ама самсунг води во тој дел. Немаше врска со гаранција (а има и во тоа вистина) зошто беше купен од друга држава. Единствено беше ок што не кочеше ама па и немаше можност да користам некои појаки апликации па и тоа не е некое мерило. Знам другарка дека е опседната со самсунг па и таа се жали на батеријата. Кога муабетевме околу ова и другарка ѝ се вклучи и истиот впечаток го имаше. 3/3 со исто мислење. На ајфон не ми ни текнува, а не пак да помислам да купам. Џабе расправии, секогаш некој ќе си преферира нешто. Некогаш се купува име, некогаш квалитет. Да се тврди дека некоја марка е подобра од друга е апсурд бидејќи сите си имаат посебни модели - некои од нив се подобри, некои се крш. Знам дека едните почесто ги купуваат оние кои бркаат „статус“ (веќе знаете за кои станува збор), а не дека нешто посебно им се потребни некои појаки машини. А па и тие едни јаки машини... На пазарот има многу појаки машини, па тие што тврдат дека требало да постои само една марка не ни знаат што сѐ има...ама па тоа не е „марка“ за да го знаат
На крај, се се сведува на сопствено искуство и лично убедување. Не сте ми јасни со препукувањата. Не, ни Самсунг не е играчка, а ниту пак ајфон купуваме само за чалам. Во последните 10 години имав два модели Самсунг и еве сега Ајфон. Со првиот Самсунг имав огромен проблем, веднаш после втората година, ајде и две ипол години почна да троши батерија и да се исклучува од чиста мира. На крај батеријата стана како бомба и го фрлив. Дадов уште една шанса, истото искуство и со тој. После втората година, батерија катастрофа. Одам на работа, до 12 часот нема батерија, без чачкање на телефон. Се разочарав и решив да му дадам шанса на ајфон. Скоро 3 години го користам, нема проблем ни со батерија, ниту со камера, а уште помалце сум забележала кочење. И да напоменам, сум користела секогаш од најсилните последно излезени модели. И Самсунг и ајфон. Не е промена од слаб Самсунг на јак ајфон.
Сакав да кажам, дека никој што преминал од било каков андроид на ајфон не се вратил пак на андроид, барем јас не познавам таков, веројатно има и зашто не се вратил.