Јас се имам вратено на Андроид, и маж ми го вратив исто Јас користев Ајфон пред неколку години, not my cup of tea Маж ми кога требаше да менуваме телефони, според цените одлучи дека е подобро Андроид. И така Тим Xiaomi here Тепајтее ајде
И јас се вратив на Андроид. Huawei тим овде, најдобрите телефони што ги имам користено. Ниеден не ме разочарал, последниот син ми уште го користи, ко вчера да е купен, а стар повеќе од 4 години. Сега имам Шаоми, и се каам што го купив. Брз е, ама батерија нула, троши многу дури и кога не се користи. Знам дека има апликации што работат цело време во позадина, ама нонстоп ми е на battery saver. Самсунг ми се просечни, прескапи за тоа што го нудат, Ајфон исто.
Шо Шаоми имаш? Мојов 10Т Про е, скоро 4 години нема мрднато Ама на маж ми почна да му подкочува од пред пола година отприлика, па сака да го земе новиот Шаоми, да му кажам да си седи со овој ако не
Јас од Шаоми досега сум најзадоволна. Користев порано ама постар модел е и се сеќавам околу 4000 ден го купив од Сетек , и после 2 години ни еднаш не ми закочи , и батеријата исто му беше солидна.
Како што читав, на новите модели на Шаоми не им држи батерија како на постарите модели. А тоа им беше најголем адут.
Redmi 12note pro 4G Една година го имам, од Анхоч го купив, после три месеци почна да троши батерија ко луд. Два дена во принцип ми траеше, почна по пола ден да трае, а не сум нонстоп на него, не играм игри, не слушам музика. После апдејти на оперативниот систем се враќа на два дена батерија, после некое време пак ко луд троши. Иначе брз е, не кочи, нема мака за тоа.
Мислам дека некои луѓе тука хејтаат ајфон just for the sake of hating. Ја за самсунг немам мислење пошто не сум го користела. Користев шајоми со години, на 2 години купував нов и после преминав на ајфон. Мене ми беше само за поубави слики и видеа, ама испадна дека има еден куп ситници кои се подобри со епл. Верувам дека подобрите самсунзи се тука негде со ајфон во перформанси, сигурно имаат и подобри страни, ама за камерата ајфоните се супериорни и тука нема збор.
Јас ајфон користам уште од малечка. Од првиот модел на ајфон и сум ги имал сите модели. Сега користам 16 Pro Max и сум презадоволен. Тие што плукаат на ајфон, не знаат што е добро.
Можеш да ми кажеш кои се тие ситници? Сакам да го разберам хајпот за iOS, инаку сум цел живот на Андроид.
Еве ја имам с24 ултра и маска од тему ? Што е поразлична таа од 50€ оригинал со оваа од тему? Квалитет? Ок. И таа од тему ќе ми го заштити телефонот од гребење и таа оригиналот. Имав оригинал на с22 ултра и апсолутно исто срање како овие од тему
Нема оправдување за тоа што си дала 70 илјади за телефон за сега да го носиш во маска од 70 денари, како сакаш кажи, тие маски ни по квалитет ни по ништо не се исти, прво и основно не можеш да користиш бежичен полнач со неоргинал маска, ама најверојатно бидејќи си купила маска од 70 денари не ни си дала пари за бежичен полнач..
А што ќе ми е бежичен полнач? Не не сум купила нема ни да купам, не ми ни треба. Пошто оригинал маска се купува само б да се пуни на бежичен полнач
Ги има Нино и тоа како, јас познавам лично. Кај нас Ајфонот во главно се купува за ку*чење, за леб да се нема за Ајфон да се има.
"Оригинал" маската за с22 ултра беше катастрофа, џабе фрлени 50 евра. Уште ја имам некаде низ фиоките, полураспадната. Исто и телефонот, правата година супер батерија, втората крш. Едвај дочекав да го земам с24 ултра. Засега, скоро година го имам, ок е. Сега чекам с25 да извадат, валда и него ќе го земам Ајфон немам користено. На секое продолжување на договорот, го гледам, ама не ме бендисува ич. Имам и гугл пиксел 6 про, екранот екстра, ама загрева и многу ме нервира. Еднаш се прелажав да земам Хуавеи, мејт 10 про чинам беше, телефонот така ок беше, ама екранот крш. Никогаш повеќе друга марка, само самсунг. Добро, ако добијам на подарок ајфон, нема да се лутам
Исто и мојот да речам крш. Маж ми имаше с22 точно 2 години го користеше, абе точно 2 на неколку дена откако истече гаранцијата му цркна екранот. Изгледа с22 серијата цела им била утка. Овој сеа с24ултра го имам 6 месеци и супер е сеа за сеа заедно со маскава од тему па ќе видиме понатака
Јас цел живот сум на Андроид, и жива сила нема да ме натера ајфон да земам, комплициран и ужасен за користење, само за "курчење" купен на повеќето.
Со години користам флегшип телефони на Самсунг, моментално с23 и ноте20ултра. И сум презадоволна. НО Ајфон е стандард во сериозни бизниси (пример авијација) заради тоа што има далеку постабилен и подолгорочно одржлив софтвер. Самсунг, бидејќи е Андроид, тоа го нема и сè додека е Андроид и создава 20 модели годишно нема да го има. Меѓувремено, друга огромна предност што ја имаше Самсунг беше компатибилноста со секој друг Андроид или општо смарт систем (телевизори, машини за перење, часовници, итн итн итн) односно не мораш да имаш сè Самсунг за меѓусебно да е компатибилно (пример дома имам телевизор Тесла, машина за перење и машина за сушење Беко, робот Шаоми, часовник Самсунг, блутур слушалки богзнае која кинезарија се итн.) Оној момент кога не само што се изедначија со цена малтене, туку и Ејпл почна да интегрира некои функции (како Ц-тајп полнач, пример) Самсунг МНОГУ загуби. И ќе губи ако продолжи трендот на цени како Ајфон, но недолгорочност како Ајфон. Така што, иако лично сериозно ги сакам флегшип телефоните на Самсунг, големи се шансите идно да прејдам на Ајфон. Немам мерак често да менувам телефони, но батеријата на Н20У е бескорисна моментално, по само 4 години и некој месец, а не се менува. Секоја батерија има животен век, но телефон купен 1500 евра, не може да стане речиси неупотреблив за 4 години.
Има и такви, не се многу додуша. Јас сум на Андроид години, и кратко користев iPhone (колку за проба, ми го позајмија неколку дена) и се вратив назад на Андроид Ич не се снајдов, сè беше некако наопаку, многу опции од Андроид ми фалеа