Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мобилни телефони

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 4 март 2010.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.356
    Допаѓања:
    12.585
    Пол:
    Машки
    Дали некој во последно има проблеми со GPS на телефоните?

    Имено, на iPhone, но и на Samsung, имам проблем со користење на мапи за насоки до определена локација. Постојано ми “заглавува” локацијата на некоја претходна дестинација и/или во текот на патувањето постојано ми прави gps signal lost.

    Проблемот засега никако не се решава, веќе неколку месеци, ниту со затворање и повторно отварање на апликацијата. Единствено, привремено се решава со рестартирање на телефоните, но привремено па за кратко пак по старо.
     
  2. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    Ве молам препорачајте ми телефон до кај 35-40к.
    Камера, меморија и батерија ми се најбитни.
     
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    Pixel 8 Pro
    Honor 200 pro
    Iphone 15

    По овој редослед.
     
  4. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Samsung Galaxy A55
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    Неее. Овој е многу поефтин (300€) и далеку под класата што може да се земе за тие пари.
    Има многу, многу подобри избори. Пример Ѕ23+ или обичниот Ѕ23 се многу подобри од овој модел.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Каде го најде за 300 евра ? Најниска цена за 256 G е 25 000. Мене ми е најдобар телефон на Самсунг, камера и меморија супер. Важна и е камерата на S23 предна камера е 12 MP како на телефони од 2019 година, а на А55 е 32 МР.
     
  7. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    Samsung од А серија не ми се во избор.
    Мајка ми има, телефонот после два три месеци користење почна многу да кочи.
     
    На FlowerMarija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    Во ibuy е моментално 18900 денари.

    https://ibuymobile.mk/product/samsung-galaxy-a55-5g/

    Едит: Во Мобиком е 18 000 ден.

    https://mobicom.mk/product/samsung-galaxy-a55-5g/

    Не ги гледај мегапикселите, немаат врска со квалитетот на фотограгијата, туку сензорот каков е и процесорот колку е моќен за како да се процесира фотографијата. Секако и софтверот/алгоритамот за процесирање. Затоа Пиксел се најдобри телефони за фотографија, иако имаат физички послаб сензор од конкуренцијата. А пример Xiaomi и OnePlus имаат подобар на хартија, ама во пракса поради софтверот се позади со квалитетот.

    А55 од друга страна е средна класа и тоа многу лошо се покажа оти е скоро па ист со А54 и не е никаков апгрејд.
    Ѕ23 е највисоката класа, има далеку подобар сензор и процесор. Едноставно не се споредува Ѕ класа со А класа.
    Многу подобро е Ѕ класа на старо, него ли А на ново.
    Овој А55 нуту од Ѕ21 не е подобар.
     
    Последна измена: 25 јануари 2025 во 19:02
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tripl6

    tripl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Машки
    те молам не давај предлози за телефон, ако не се разбираш.
     
    На L.i.n.a.a и Ta-mara им се допаѓа ова.
  10. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    815
    Треба да обновам договор со т-мобиле видов погоре дебата меѓу самсунг и ајфон. Јас сум корисник на ајфон но се мислам меѓу ѕ25 и ајфон 16. Самсунг генерално е подобар во меморија батерија резолуција камера и тн. Но навика ми е иос оперативниот систем на андроид неможам да се снајдам. Имам буџет и секако поефтино можам да земам апарат кој и да е. Но сакам од вас мислење за овие 2 типа на мобилни. Фала
     
  11. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Многу убаво знам што зборувам. Лично го имам телефонот и сум презадоволна, во однос на сите погоре наведени карактеристики.
    Ова е за 128 G, сликај ти фотографија со 12 MP на темно и со 32 MP па ќе видиш има голема разлика. Сите што се А54, А55 се најдобри телефони на Самсунг во средната класа, а за S класа јас никогаш не би зела подобро би зела Iphone за тие пари.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    Пикселите не играат улога за ноќно сликање, туку колку сензорот може да се адаптира на светлината. Т.е. поголем сензор, со поголема бленда може да собере повеќе светлина, со што ќе има повеќе информации и сликата ќе биде подобра.

    32 и не се реални мегапиксели, туку се 12 реални, но се прави таканаречено pixel binning. Еден поголем пиксел се дели на 3 или 4 мали пикселчиња за сликата да има подобар квалитет.

    Членката според буџет не бара телефон во средна класа, туку во висока, па од тука А класа не и игра улога. Да речеше до 300€ дека и е буџет, океј, ама нејзиниот е дупло.

    И јас и предложив Iphone 15 пред Ѕ серијата, посебно што Ѕ23 се постари, а Ѕ24 се поскапи, и се со Exynos, па би препорачал да се избегнуваат.
    Но, пример за таа цена Pixel 8 Pro е далееееку над Iphone 15 за камера, екран, батерија и се останато.

    Honor 200 pro е исто интересна опција пошто, од оваа година телефон е, што значи Snapdragon 8 Elite, силиконска батерија (многу поиздржлива од литиум - јонските) и одлична камера, но, гледам го нема веќе на залиха во Ледиком, се распродал одма оти за таа цена е премија.
     
    На Mumoftwo30, L.i.n.a.a и tambelina им се допаѓа ова.
  13. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Точно и ја порано мислев дека ако пикселите се поголеми подобра е камерата а врска нема, додека не ми објаснија. Ја имав с22 прејака камета, брат ми има а55. Камерите врска немаат не можат да се споредат.
     
    На Mumoftwo30 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    Затоа и најчесто тука има заблуда кога ќе споредат некој постар Ајфон со понов Самсунг или Шаоми од средна - ниска класа и ќе речат дека Ајфонот е многу подобар, ако има помалку мегапиксели.
    Секако дека е, кога се работи за висока класа на телефон и треба да се споредува со телефони во таа класа.

    Веќе и не е толку битно каков е сензорот. Некогаш и нов, подобар сензор не значи и подобра фотографија. Тоа е затоа што телефоните имаат длабоко рафинирана компјутерска фотографија. И тука најбитен е алгоритамот во позадина.
    Нов сензор значи нов алгоритам.
    А рафинирање на новиот алгоритам за тој сензор значи време и тестирање. Затоа гледаме како некогаш постар Ајфон/Самсунг вади подобра фотографија од најновиот модел. Оти новите модели им треба време да ги подесат на новите сензори.

    А, во скоро време па и нема и некои иновации. Самсунг го користи истиот сензор за главната камера на пример од Ѕ22 до новиот Ѕ25, со мали модификации.
    Слично прават и Епл.
    Па така разликите се повеќе од минорни и телефони стари по 3 години воопшто не заостануваат позади најновите.
     
    На tambelina и MorskaSirena им се допаѓа ова.
  15. Star98

    Star98 Нов член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Zdravo feminki
    Mi treba mislenje i sovet za izbor na nekoj od ovie dva telefoni
    iPhone 15 Plus 128GB ili iPhone 16 128GB
    Cenata e ista
    Vi blagodaram
     
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    16.

    15 plus e само поголем 15
     
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Јас не би земала телефон со 128Gb ајфон, освен ако не плаќаш за клауд, пододобро 13 и 14 ајфон со поголема меморија, него 15 или 16 со помала.
     
  18. evinaevina8

    evinaevina8 Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Што е тоа? Само ми се појави.
    Screenshot_20250128_200100_One UI Home.jpg Screenshot_20250128_200100_One UI Home.jpg
     
  19. Star98

    Star98 Нов член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    A sto e toa klauid, kolkui cini i vo koj slucaj se zema i od kade?
     
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.370
    Допаѓања:
    4.904
    Пол:
    Машки
    Тоа се виртуелни облачиња за складирање на фотографии и видеа од телефонот.
    Најефтината месечна претплата мислам дека е 2$ за 50Гб.
    И тие податоци што ќе ги складираш ти се чуваат таму.
    Има и други вакви облачиња, како Goofle Photos, One Drive, DropBox и тн. И сите се плаќаат.
    Ти даваат гратис минимално, околу 4-5 гигабајти.
     
    На Mumoftwo30 и Star98 им се допаѓа ова.