Здраво дечки,земав 14ка пред некој месец но батеријата се троши пребрзо,многу ми е чудно дури.Го оставам на вечер пред легнување со 50%,на утро има скоро 30% некогаш и помалце,а не го користам. Не знам дали е така секогаш на ајфон,но за кратко време се празни. Нешто да ме посоветувате?
Дали телефонот го оставаш преку ноќ со вклучено вифи/мобилен интернет и некоја апликација што ти работи во позадина?
Се исклучувам,ама после одреден период вифито само се приклучува автоматски. Други ништо нема во позадина. Дали игра улога адаптерот,бидејќи не го зедов оригинал?
Вифито нема врска со адаптерот. Вифито се уклучура од некоја апликација. Го имав истиот проблем, затоа ти кажувам. Јас избришав неколку апликации што не ги користев често и после тоа престана да ми се уклучува вифи навечер дур спијам. А полнач убаво е да си имаш оригинал.
Sto mislite za samsung galaxy s25(od vcera e na pazar), se mislam da go zemam,inaku imam samsung galaxy a53 5g?
Дефинитивно вреди да направиш апгрејд, ќе осетиш многу разлика. Снапдрагон 8 Елит е многу подобар од се претходно. Ѕ25 и Ѕ25+ ќе бидат прав погодок годинава. Ултрата не. Така да вреди да го купиш.
Нешто закачив на телефонов и многу ме нервира, што и да правам туку ми излегуваат некои апликации за спуштање и ме носи во play store. Некој да знае како да го решам ова? Колку што знам само се регистрирав на една платформа, после избришав се, дури и мејлот што ми стигна од нив. Не спуштив апликација никаква, ама ова не престанува да искача. Помагајте плс
@Billy Idol Battery health ми е нс 98% после 8 месеци, во ред ли е? Инаку на почетокот не го полнев повеќе од 85% , кога беше на полнач воопшто не го користев, додека сега по некогаш ги правам овие работи и го полнам 90, 100% , сево ова игра некоја улога , што мислиш?
Во ред е. Нормален процес е. Највеќе ја штедиш батеријата ако не дозволуваш да падне под 15/20% и не ја полниш повеќе од 80%. Ама јас секогаш викам дека телефонот треба да те служи тебе, а не ти него. Така да, прилогади го според твоите потреби, а не според тоа да ја штедиш батеријата.
Маската на телефонот одпозади што е-не на стаклото ми се крши полека но сигурно. Имам Xuami Redmi 12.Од каде да земам маска помагајте?