Мислењево е постаро, ама морам да искоментирам. Мојот ајфон 6с ли беше на времето оригиналот маска пластична, пукна на прво вадење да ја исчистам. Му имав земено таква маска од евро од Али експрес силиконска и го користев без никакви дополнителни заштити на екран. По две години од користење, ненамерно го истресов низ балкон од 5ти спрат. Долу под зграда имаме базен и е бетон. Дека балкон, сите балкони надолу имаа жици за алишта пружање, кои што сигурно го успорија и делумно амортизираа падот, меѓутоа да истресеш телефон од 5ти спрат и да преживее, кои се шансите? Маската беше летната, и само кругчето за слушалки беше нагмечено и не можев да го користам, ама секако не користам слушалки па ми беше скроз сеедно за тоа. 2-3 точки гребнати едвај приметливи. Екранот стакло ни најмала гребнатинка, а за иронијата тој период околу мене сите шетаа со пукнати екрани од пад од пола метро и помалце. Телефонот продолжив да го користам уште 3 години без проблем. Последните месеци многу кочеше, ама толку го сакав што нејќев да се откажам од него и таков цел заглавен и успорен го користев до последно и ден денеска само тој телефон си го чувам. Сега имам 13ка веќе 3 години, со силиконска маска од Тему, периодов се мислам да земам 16ка само се мислам кој. Моето искуство е феноменално и не би да ги потценувам ефтините силиконски маски. Може единствено би сменила поради токсиколошката природа на кинеските, ама па маските горе долу сите се мејд ин чајна.
Ама џабе ти е и 16ка про макс ако имаш маска од Тему. Нема да можеш бежичен полнач да користиш. П.с. што и да си купиш со здравје да си го користиш
Јас дадов 50 евра за оригинална Аpple силиконска маска и почна да се лупи и да обледува. Така да, не дека ако продуктот е оригинал и скап е квалитетен. Туку јас и друг проблем си имам, и тоа со полначите. Два оригинални полначи ми се испокршија, со пукнатини, буквално од нигде никаде. Многу сум внимателна со стварите, ги чувам убаво, не ги расфрлам ама полначиве се ужасни, само маки мачам со нив.
Е како бе? Го чувам во кутија. Кога гледам другиве како фрлаат полначи по земја без мака стварно се запрашувам што е проблемот.
Не знам како, ама јас не сум ги кршела сигурно. Имам читано и други луѓе се жалат за квалитетот на полначите.
Едниот прво пукна и се ширеше пукнатината и после неколку месеци и прекина да полни. Другиот исто беше напукнат ама не беше толку тоа проблем, само прекина да полни, сред полнење се угаси и така..
Се е оригинално купено, со струјата и напонот не верувам да има проблем, еве до сега дома никој нема проблем. Како и да е, си купив нов, веќе рутински ми стана.
Значи не сум единствена шо си има мака со полачи? Мене ми се чини или почнаа ко понеквалотетни да ги праат? За поише да купуваме? Еве мене 2 ми рикнаа, сеа треба трет да купам. Да, го чувам до кревет пуњачот. Но и постарите полначи, пред период од некои си 3-4 години биле на исто место, сум ги виткала, и до ден денешен ко ќе ги начекам по фиоки ко нови да се. А овие двата цвикнати. Ко шо пишуем, телефонот ми се полни на сосема трет полнач, кој патем е лепен со онаа тракана шо се лепат кабли И шо е решение? Ако не гланц нов ко ќе го земам да го исполепам, па да нема кај да бега. Ако знаете кај се купуваат квалитетни полначи, кажујте. Ми треба ново кабелче поточно.
За ајфон ти треба? Ако е за ајфон, од Македонија во iStylе. Инаку џабе ќе лепиш, мојот си имаше фолија и пак пукна.
Samsung S24 FE 8/256GB Искуства? Планирам да го земам или од Mobelix или од Ledikom.. Пошто во А1 на претплата или во кеш се поскапи.
Барав на нет не ми искача ништо. Дали може слика како изгледа? Прв пат слушам за вакво нешто И дали има некаде да се купат фолии за полнач за самсунг?