Предложете некој добар тел само да не е ајфон или самсунг И да не е нешто прескап Ми треба за viber whatsapp telegram и некогаш да можам некоја игра да инсталирам...
Дали има некој искуство со купување Iphone од Ледиком, дали телефоните таму се користени, како сте поминале имале ли некој дефект телефоните...
Некој искуство со iPhone 15 Plus? Се мислам меѓу него и Samsung Galaxy S25+. Сум немал досега Ајфон па влечам малце натака, да пробам
Се префрлиф и јас од Самсунг на ајфон. Кратко време го имам и уште се навикнувам, ама вака сум задоволна. Го земав 16ка.
Здраво, мислење за самсунг с25, сакам да го земам од ледиком, но дали има некоја разлика во квалитетот бидејќи цената им е поефтина за 10 000+?
Ова прашање е повеќе пати одговарано во темава. Ледиком е поевтин затоа што не плаќаат некакви давачки спрема државата, или како беше (пребарај низ темава, ќе најдеш). Јас на пример, од рандом мобилара не би земал толку скап телефон па без разлика колку е популарна и извикана, за вакви работи секогаш идам во овластени продавници.
Дали има драстична разлика помеѓу 13про и 14про? И какво мислење имате за iphone 15? имам моментално 11, па се мислам помеѓу овие 3 модели.
Се двоумам меѓу Xiaomi RedMi 14c 8+256GB и Samsung Galaxy A06 6+128GB. Телефонот е подарок за 10 годишно дете, би го користело за фотографии, апликации и повремено игри. Што би ми препорачале?
Дете како дете ќе сака да игра, да инсталира апликации, а телефониве се доста слаби. Ако не ти е како поклон за некој непознат , тогаш дефинитивно оди со некој користен телефон. Доколку мораш со нов, и тоа од овие два, тогаш со Самсунгот поради подобар процесор.