Не знам што ми се случи , не сакајќи ја преместив горе лентата гоогле доле ок го средив тоа ,ама сега кога кликам како да ми фалат опции и кога ќе кликнам да копирам нешто се копира ама не можам да го ископирам истото на whatsapp ..? Имам опција само копирај и премести ја лентата доле ,друго ништо
Исто се случува на Самсунг ао6 мислам беше, кога се слика директно од Вибер сликата е затемнета, а ако се слика нормално со апликација камера сликите се нормални.
Купив 16 про, идеална големина за користење на женско со помали раце и за носење во џеб цел ден. Не прегрева, купив оригинал полнач се полни за саат време. Не прегрева при користење. Батерија ок еден до еден и пол ден или 7 часа сот. Се навикнав од Андроид на Иос и тоа без проблем. Про Макс ми беше преголем.
Јас имам 52s ист како 52 е и скоро 3.5 години и сеуште држи батерија како првиот ден. Преку ноќ 3-4% Исклучи се од апликации што работат во позадина кога не се користи, нотификации непотребни, локации,вклучи Power Saver.
Може ли да ми препорачате некој евтин буџетски сум ограничен телефон ))) До кај 15.000 денари? Нешо глеав Motorola Moto G34 5G 8/128 VS Poco M6 Pro 5G 12/512 ама не знам... Мене ми е важно да има добра предна-селфи камера, не помалку од 16 мегапиксели... Да не кочи, да не загрева... Шо знам, нишо посебно не ми треба, освен предната камера да е добра, оти со неа работам, снимам. Нешо ми рекоа iphone да разгледам 13 и 14, ама не сум сигурен и за нив дали камерите им се добри предните, помалку од 12 мегапиксели се... Значи има толку многу модели со слични бројки и се изгубив, не можам више немам кај да се обратам, више пукнав
Нема подобар од Iphone 14 за предна камера доколку ти треба. Autofocus 1.9 Aperature 4К 30fps Cinematic mode Smart HDR4 + Photonic Сите други, на ново, за слична цена се играчки. Заеби мегапиксели, не се, и никогаш не биле пресудни, ниту кажувале цела слика. Само не знам дали можеш за толку да го најдеш. Некаде околу €300 се на старо. Ѕ23 е единствен конкурент, што може да го најдеш за тој буџет. И во некои сегменти може и подобра да е предната камера од 14-та Autofocus HDR10+ Многу добра стабилизација AI tuning Нема да погрешиш и со него да одиш.
Се плашам од Поко да не кочи и да не се загрева... Да не е само толку јак на хартија а, во реалност, да биде нешто сасвим трето. Од искуство ова ми е... Honor ми оди ептен над буџет, ако веќе толку давам, ќе земам ајфон стар. На старо, ама батери лајфот им е скоро на сите низок... Тоа ме буни мене единствено, барем на пазар три што гледав. S23 самсунг? Скапичко ми е тоа за сега, за жал. Ако знаете негде кај да барам втора рака телефони, ВЕ МОЛАМ пишете ми приватна порака за да не објавуваме имиња тука, не знам дали и колку тоа е дозволено. Ми треба под итно нов телефон за да снимам со него.
Како ти е скапичко кога на старо се под 300 евра на реклама5/Пазар3? Ќе си видиш циклуси на батерија. На Ајфон, ако е околу 90% батеријата е супер и нема да видиш голема разлика.
Имам приметено дека најмногу се жалат од 15ка, зашто нека каже некој кој го има купено веќе ,чисто да не фрли некој друг пари така... @theunforgiven не гледај квалификации на ајфон со евтините телефони ,ајфон 16ка про има 48мп а е многу повеќе од 108мпна евтин телефон .а кај има ајфон до 15.000ден? Што се однесува на хонор ,јас не знам некој да каже дека хонор има добра камера ,било предна или задна ама стварно сите се жалат од камерата на хонор без разлика кој модел на хонор
@theunforgiven да видиш со @marama, бар од прва рака ќе ти каже. Ако не се лажам мислам и она бараше предлог телефон за снимање. Подобро и вака да слушнеш мислења, па ќе си одлучиш.