Ај некој поупатен да ми даде совет.. Сакам да земам нов телефон од а1 во игра ми се Samsung Galaxy A56 (256gb), S24 (128gb) и s24 FE (256gb). За С-верзијата треба да доплатам 6-8000ден и се размислувам дали вреди. Не гејмам, користам само социјални мрежи и успат за некои обврски на факс, ама сакам телефон што би ми користел минимум 4год и да не се осеќа застарувањето. Редми користам моментално ама некако ми нема премиум дизајн како самсунг..
Имам самсунг а56 земен пред некој месец,за социјални мрежи и google ми е супер,за друго не користам тел.слики одлични вади.Долго време сум со самсунг , претходниот а51 го користев 5 год.и уште работи и е како нов.
Кој телефон е добар до кај 25-35к? Имам 25к од А1, и ете уште 5-10 можам да доплатам. Камерата ми е најбитна, исто и да не кочи, да има доволно меморија.
Јас би избрала Samsung Galaxy A56, моделот што со 256гб меморија. Мислам и Шаоми имаат добри модели во тој ценовен ранг, ама со оглед дека бараш и убава камера мислам дека Самсунг А56 е подобар избор.
После средина на Август оставив телефон заради проблеми со батерија во аnhoch под гаранција. Пред една недела го вратија во салонот да го земам. Со писмено известување за (наводно) заменета матична плоча (за која не можам да знам реално дали е заменета) и дека уредот е тестиран и работи. По вклучувањето го покажува тотално истиот проблем со батеријата и ми дава сомнеж дека воопшто не е поправан или тестиран. Проблем е што сега ја немам во мене фискалната сметка (или и ако ја добијам избледена), дали имате искуство како да ја прифатат гаранцијата на друг начин. (Го имам гарантниот лист со датум на продажба и известувањето од овластениот сервис за замена на мат. плоча и тестирање на уредот пред непол месец).
Не знам дали од УЈП даваат минати фискални, 3-4ти Јануари е купен. Ама во anhoch сигурно имаат евиденција кога што продале барем за тековната година. Ако некој/а има такво искуство?
Не знам дали прашањево е за оваа тема, но, дали е можно во некој од продажниве салони да се побара детална сметка, листа на повици, интернет сообраќај, пораки, кажувајќи го само бројот? И тоа без да е тоа твој број. Мислам дека некој (има кој конкретно) го има тоа направено за мојот број и мојата сметка.
Да,може лично ти да побараш со твоја лична карта или некој кој го има ополномошено. Трето лице не може.
Дали некој користи Samsung Galaxy Flip 6/7 да сподели искуство? Која варијанта е подобра, флипов или Samsung Galaxy S25?
Незнам дали прашањево е за тука но дали некој имате аплицирано за samsung galaxy s25 fe? Ме интересира дали и за колку време стасува маил дека апликацијата е во ред и дали доколку има некоја грешка може да се поправи?