Ако треба да бирате меѓу ајфон 15 и 16, шо би одбрале? Разликата е некои 10000 ден плус минус. Сакав про модел, али во Сетек и Нептун само од 17ката има про, а не знам баш колку сакам да купам од мобиларите.
Која и да ја одбереш нема разлика. Сите се исти, единствено 11ка серијата што испадна беше нај океј со батерија, друго ти е катастрофа све. Јас сум корисник на ајфон, 1г немам со ајфон 16про батерија 2 пати во ден полнам. Моја препорака ако можеш трк до Плаисио до Солун, ти враќаат и данок, мн по ефтино ти излегува.
Немаш никаква страшна разлика искрено. Јас имам 15, задоволна сум, кој и да го земеш нема да згрешиш, сепак се работи за добра марка на телефон и понови модели.
Кој е ризикот од инсталирање пиратски премиум верзии од апликации на телефон? Дали може да рикне телефон (или што е најлошо што би можело да се случи)?
Бидејќи сум колекционер на телефони, реално од сите трие модела што ги имам ако зборуваме сега за Ајфон 15 и 16 обичен, единствена видлива разлика во 17ката обичен е предната камера што е 24 мегапиксели и процесорот исто, екран 120хз , и новата опција што ја имаат вградено за предната камера да може да опфаќа повеќе луѓе истовремено. Ако сакаш повеќе да се надоградиш и тие минимални разлики ти се битни јас мислам 17ка.
Шо би ми препорачале од страна на мобилен до кај 25 30 илјади со можност на две картици да користи и да има ок батерија?
Сега имаше голема акција на Самсунг, со секој купен телефон од Ѕ25 серијата следуваше гратис Ѕ25FE. Многу што земаа ги продаваат нови, неотворени на огласиве за добри цени. Ѕ25 за околу 30 000 можеш да го најдеш. Ѕ25ФЕ за околу 26 000. Која опција и да ја одбереш, нема да погрешиш. Алтернатива: Види го OnePlus 13R. И тој е околу 450еур, а е многу солиден телефон со Снапдрагон 8 Ген 3. Сите имаат можност за 2 СИМ картички или 1 СИМ + 1 еСИМ.
@Stark Побарај по купи-продај фејсбук групиве. Ги земаат бесплатно од оператор со договор и ги препродаваат нови неотворени по поволна цена. Јас пред недела дена најдов Самсунг С25 за 29000 со се гаранција од А1 неотпакувам.
Баш така. Ги има премногу земено и моментално за цената се бест бај. Може и да се ценкаш. На кој му се брза ќе спушти цена, на кој не ќе му седи.
Samsung>премиум бренд, 6 години анроид и секјурити апдејти, повисока цена и за појаки перфоманси ти се наплаќа се во цената, буквално се што сакаш повеќе ти се наплаќа, ништо ѓабе нема. Honor>одличен телефон, 2-3 години апдејти, цвста конструкција и повеќе отпорен на паѓање од сите други брендови, стабилен оперативен систем, солидна цена сооднос добивка, квалитет, перфоманси. За да ги добиеш истите перфоманси како кај Самсунг ќе платиш поефтино кај Хонор а поскапо кај Самсунг. Кај Хонор можеш да добиеш и дупло повеќе а да платиш помалце. Разлика е во вредноста на брендот. Првиот е премиум и преценет, вториот е повеќе буџетски.
Луѓе што предлагате? Имам iphone 14, батеријата ми ојде на 79% го полнав 2 пати денот, го користам веќе 3 година.. Дали да го носам да му менвам батерија или да го продавам да земам некој денар и да купам нов, но не знам кој модел се исплаќа најмногу? Не сум во тек баш со перформансите на новите модели а и не се разбирам воопшто, читам дека нема многу разлика.. Pro моделите се прилично солени, дали да одам на 17ка обична? Или пак Pro 15/16? Не знам која е најпаметна одлука
Има ли некој што работи со мобилни во Скопје? Морам на стар телефон (Galaxy Note 20 ultra) да му ставам "привремен" екран (не работи) бидејќи немам друг начин да пристапам до authenticator app која ја имав на него пред 2 години.
Здраво. Кој се разбира да ми предложи телефон? Битно ми е да држи батерија, пожелно е да има добра камера и меморија да не е премала. Имам самсунг а54 и ајфон 13про. Сакам телефонот да има батерија ко на самсунг а камера ко на ајфон. Ајфон сакам да го сменам не ми се свиѓа навикната сум на андроид.
Pixel 9 Pro XL Камерата му е врвна. За фотографија беше еден од најдобрите минатата година. За видео се држеше одлично со ајфонот. Изгледот му е ист како на новите ајфони. Чист, минималистички андроид, мазно работи. Батерија има одлична, што трае над просечно. Еден од најдобрите телефони за 2024. Годинешниве воопшто не се подобри, а цената им е далеку повисока.
Секако дека Самсунг. Јас од Ајфон не отидов за џабе на Самсунг. А да не збориме па за Хонор кој е со класи полош од Самсунг.