Мобилни телефони

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 4 март 2010.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.923
    Допаѓања:
    7.394
    Пол:
    Машки
    Шаоми се најиздржливи со батерија.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.108
    Допаѓања:
    204.442
    Пол:
    Женски
    Баш и не се издржливи.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    9.513
    Пол:
    Машки
    Искуства со Ледиком?
    Цениве се далеку пониски и гаранцијата е 12 месеци наместо 24, зошто е ова вака?
     
  4. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Ризик голем, се и Ледиком и Мобеликс.Цените се пониски затоа што се донесени во Мк на црно, без плаќање данок за истите, и поради тоа имаат доста понисли цени.Истото важи и за гаранцијата, немаат официјални гаранции бидеќи се од црни пазари носени, не се купувани по легален пат, и даваат нивна гаранција од 1 год, колку да се каже дека има гаранција, иначе во реслноста нема да ти важи чисто да знаеш.
     
    На Panda00 и senjorita-v им се допаѓа ова.
  5. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Машки
    Дали некој има искуство со Xiaomi 15 ? ме убедуваат дека бил ок.
     
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    9.513
    Пол:
    Машки
    Немам искутво со Xiaomi 15, но со Redmi серијата да. Xioami е многу одличен бренд. И Mi 15 е сосема одличен, го видов и изгледа доста "премиум".
     
  7. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Машки
    https://www.mi.com/global/product/redmi-15-5g/
    ova e to
     
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    9.513
    Пол:
    Машки
    Да. Одличен буџетски телефон, одличнa батерија.

    A ја те разбрав за Xioami 15 ама тоа е веќе друго.
     
  9. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Машки
    Не се разбирам многу од телефони..
     
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    16.475
    Пол:
    Женски
    Кој Самсунг го користиш моментално? Ако можеш сподели, размислувам дали да останам на Самсунг или да преминам на нешто друго.
     
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.923
    Допаѓања:
    7.394
    Пол:
    Машки
    Samsung A20e. Телефонот е топ, вади одлични слики и не кочи.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    16.475
    Пол:
    Женски
    Мене некако батеријата ми е побитна. Го гледав и Xiaomi 15T Pro, ама некако сум скептик (општо од нивните телефони). 5500 му е батеријата, а некаде го видов и на добар попуст.
     
  13. Petar Pan 085

    Petar Pan 085 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20251125_075908_Chrome.jpg
    @eliesaab Според мене најдобар и батерија и меморија и А 34 не се лоши топ држи батерија
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    9.513
    Пол:
    Машки
    Оди директно на Xiaomi.
    15T Pro е премиум телефон од високата класа затоа и има висока цена, нема да се покаеш.

    Јас сум 9 години на Шаоми итоа Редми, средната класа. Моментално накај четврта година со Redmi Note 11 4G и во план сум уште 2 години да го држам. Телефонот е фантастичен, ни кочи, ни лагира и батерија држи и после 3 накај 4 години. Единствено иритира шо знај да закасни нотификации некогаш поради агресивната оптимизација на батеријата која ја прават, ги успива нотификациите за да не троши дополнителна батерија. Но тоа се средува во settings ќе исклучиш battery restriction. Ама на новите модели посебно овај 15T Pro подруга политика имаат и не касната.

    Истите перфоманси шо ги нуди Самсунг кај Шаоми се за 40% поефтини, зошто 40% од цената кај Самсунг ја плаќаш за името и брендот а кај Шаоми 100% само за телефонот и затоа придобивките се поголеми.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.582
    Допаѓања:
    41.695
    Пол:
    Машки
    Ова беше вака пред 4 години кога ти го купуваше телефонот, ама сега работите се сменија, и Шаоми реши да оди со фул премиум цени.

    За слична цена, па дури и поевтина имаш телефони од конкуренцијата кои се подобри од 15Т Про.
    Пример Ѕ25 е за некои 100 евра поевтин. Плус моделот е за малку поскап.

    Во тој ценовен ранк ги имаш и Pixel 10, Iphone 16, OnePlus 12/13, Pixel 9 Pro, Ѕ24 Ultra.

    На интернет може да се најдат и добри понуди за Huawei Pura 70 Pro и Vivo X200 Pro/X300 Pro кои ги имаат најдобрите камери моментално.

    Сите овие телефони од горе имаат повеќе плусови отколку минуси кога ќе се споредат со Шаоми.

    - Гугл Пиксел има ненадминлива камера за фотографии, 7 години софтверски апдејти, чист, брз софтвер без багови

    - Самсунг има одлично испеглан софтвер, 7 години софтверски апдејти, подобар процесор, подобра телефото камера, подобри камери генерално.

    - Ајфон има одличен екосистем, одличен и испеглан софтвер, подобри перформанси, одлична батерија иако е помала, најдобра камера за видео, најдобра селфи камера, плус е најдобро оптимизирана во сите апликации како Инстаграм, Тикток, Снепчет. Најдобра инвестиција е пошто цената најмалку му паѓа и може да се продаде после некое време.

    - Онеплус е меѓу најоптимизираните телефони на пазарот, најбрз процесор, одличен за гејминг и мултитаскинг. Камерата на 12 и 13 се во ист, ако не и подобар ранк од Шаоми.

    - Шаоми 15Т Про од друга страна има Медиатек процесор, што е далеку од лош, но сепак позади конкуренцијата.
    Софтвер и софтверска поддршка што не може да се спореди со конкуренцијата
    Камера која е медиокритет за цената и е во висока средна класа, а не премиум.

    Овој телефон може да се спореди со Honor 200 Pro. Имаат слична цена, слични перформанси. Но, и двата не се моментално конкуренти на нашиот пазар.

    За жал Шаоми не се тоа што беа порано. Ако претходно нивните маани се надополнуваа со пониската цена, сега тоа веќе не е случај. Конкуренцијата почна да работи напорно и да дава подобра понуда за слична цена.
    Шаоми сеуште има мала предност, ама во Редми категоријата на телефони до некои 300 евра, но и таму почнува да го губи приматот поради се по агресивната политика на Самсунг да нуди подобри модели за слична цена (А36, А56).
    Тоа се одразува и на бројките на продажба, кои од година во година опаѓаат.
    Дури и во Кина, е далеку позади брендови како Хуавеи, Оппо и Виво.

    И за крај, уште еден податок за Шаоми е и тоа што производдтвото го преместија во Индија, и обично телефоните кај нас доаѓаат од таму (ова, повторно зависи), каде контролата на квалитет и изработката не е на исто ниво со тие во Кина.
    Па тука имаат доста хардверски проблеми. Ова е за евтините Редми и Поко телефони, не знам за средна и висока класа дали се од таму.
     
    На senjorita-v, nextredstyle и Mrs. right им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    9.513
    Пол:
    Машки
    Се согласувам, но сепак поагресивна маркетинг политика во однос на цена>бренд му припаѓа на Самсунг. За пазари како источна Европа, Шаоми тука е поприфатлив.
     
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.582
    Допаѓања:
    41.695
    Пол:
    Машки
    Во што е поприфатлив?
    Погледни ги цените на 15Т Про и спореди ги со уредите на Самсунг.
    Не зборам за Редми сериите до 200 евра.
     
  18. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    16.797
    Нит бил, нит ќе биде.

    Не постои бољи Андроид од Самсунг.

    Нека нуди што сака, се знае кој е у предност.

    Уште на прво вклучување се осеќа разлика, не па за друго.

    Пробај па види :)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    9.513
    Пол:
    Машки
    Во се. Шаоми не е само телефон, Шаоми е цел еден екосистем. Вредноста на брендот не може и не смее да се одреди со тоа каков процесор има телефонот, него целупно со се што ќе понуди. Не значи дека еден производ е лош и сите други се лоши па така да се вади заклучок дека серијата, брендот е лош.

    Притоа Самсунг е "галено детенце" од самиот Анроид и Гугл, Шаоми ги нема истите привилегии од Андроид како Самсунг. Политиката на американските технолошки гиганти не е иста спрема Јужна Кореја и Кина.
     
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.582
    Допаѓања:
    41.695
    Пол:
    Машки
    Каква предност има екосистемот на Шаоми пред тој на Самсунг?

    Од една страна викаш дека не треба да се споредуваат брендови, туку колку нуди телефонот за парите, од друга страна не е битно што Самсунг нуди подобар процесор, камера и софтвер за плус минус исти пари?

    И Хуавеи, Оппо, Виво не се "галени", но моментално се пред Шаоми технолошки. Нивните флегшип телефони нудат подобри перформанси.

    Ама тоа воопшто и не е битно, оти на крајниот корисник му е битно што може најдобро да земе во тој ценовен ранг што го има, не му се битни политики, како е во Кина, колку се цените таму. Битно му е колку се цените тука и што се нуди на пазарот.

    За 40 000 денари моментално кај нас може да се земат подобри уреди од 15Т Про. И тоа е тоа.

    За 12 000 денари може најдобар избор ќе биде Шаоми. За 20 000 ќе биде Самсунг. итн. итн.

    Наивно е да се предлага ист бренд во секој ценовен ранг поради самиот бренд.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.