Самсунг си е Самсунг. Прв пат користам од годинава, најдобро нешто до сега, не ги жалам парите. Гарантирани 7 години апдејти не морам да мислам да земам нов телефон во меѓувреме. А и после тие години, пак ќе биди Самсунг.
Имам ајфон14, сакам да го заменам за 16 или 17 што предлагате, дали има разлика. Моменталниов е во одлична состојба
Шаоми беа супер до пред две години. Читав сега луѓе се жалат од лаг. Самсунг ги разбраа фановите и направија значителни подобрувања на телефоните во поглед на моќност и цврстина. Камерите даваат уште подобри слики.
Екосистемот на Шаоми има една предност што Самсунг никогаш нема да ја има, а тоа ти е флексибилност и реална вредност за цената, без да ти продава маркетинг приказни како да купуваш светиња. Инаку, да, не треба да се споредуваат брендови, се споредува што добиваш за парите. Самсунг може да има "подобар процесор, камера и софтвер“ на хартија и еве во реалноста, кога ќе видиш што добиваш за истите пари кај нас, Шаоми едноставно дава повеќе, без да те тера да плаќаш бренд данок. Тоа што ја промениле политиката за одреден сегмент не значи дека целоснп се држат за тоа. Има сегменти, подсегменти, пазари. Хуавеи, Виво, Опо се супер телефони, ама немаат ни 10% од ширината и големината на екосистемот на Шаоми зошто екосистем, не е само телефон, слушалки и паметни часовници. А тоа за "40 000 денари може подобро“, да, ако споредуваш бенчмаркови на youtube. Во реална употреба, 15T Pro ги врши истите работи, брзо и стабилно, само што не плаќаш премија за лого назад на капачката. Ова важи посебно за пазари како нашиот. На крај, никој не предлага ист бренд во секој ранг. Туку едноставно, во ниска класа Шаоми е најдобар,во средна класа често е мртва трка, а во висока класа ако знаеш што добиваш тогаш не значи дека заостанува. Фактите болат само кога не се вклопуваат во туѓата нарација. Патем, ти го фалеше брендов еден период, што се променило? Еден погрешен модел не јс урива целата вредност на брендот.
Која флексибилност ја има Шаоми екосистемот што на Самсунг ја нема? Еве, спореди ми уред по уред. Самсунг Ултра серијата - пенкалце Шаоми Т серијата - нема пенкалце Самсунг - Декс мод каде што може да го користиш мобилниот како компјутер Шаоми - нема таква опција Самсунг - Амолед екран од највисока класа Шаоми Т - Екран од средна класа Самсунг - Врвен софтвер со 7 годишни апдејти, одлична синхронизација со сите уреди (смарт часовници, таблети, куќни уреди). Не гледам како ти продава повеќе за пониска цена, тоа сакам да ти го покажам во постот. Порано да, беше така, но сега дигнаа цена, а Самсунг спуштија и се подобрија. Во реалноста има подобар процесор, камера и софтвер во таа цена. Не плаќаш бренд данок, напротив, имаш најголемо целосно намалување на нивните флегшип модели. 15Т и 15Т Про не се ниту Шаоми флегшип модели, туку се средна висока класа. Ѕ24 Ултра треба да го споредиш со Шаоми 14 Ултра. А цената меѓу двата уреда е моментално огромна. (200 eur е поскап Шаоми) Исто е кога ќе споредиш и 15 Ултра со Ѕ25 Ултра. А што е? Правосмукалка? Ноктарица? И електрична четка за заби? Шаоми "екосистемот" и не е баш екосистем, туку се различни ОЕМ фабрики на кои им се лепи Шаоми лого. За телефони се позади овие брендови во нивната матична земја, Кина. Не ги врши, тоа ти го кажувам цело време. Во реалноста еден Ѕ24 Ултра е далеку подобар уред во секој сегмент од Шаоми 15Т Про. И не споредено само со тој модел, набројав неколку модели од ист ценовен ранг што се подобра опција од тој телефон. Земи работи ги во живо ако имаш прилика и ќе видиш евидентна разлика. И во ниска не е секогаш најдобар, и таму е дискутабилно, но овде не предложуваме ниска, туку висока класа. Моментално немаат уред на пазарот за цената кој е подобар од конкуренцијата. Ете Шаоми 17 Ултра ако е околу 800 евра, тој би го предложил, ама не е, го нема ниту во понудата. А Шаоми 17 Про е 1000 евра. За иста цена имаш Хуавеи Пура 80 Ултра. Телефон во топ 3 за камера. Го фалев кога нудеа повеќе за парите. Тоа беше до пред 3/4 години. Од тогаш сменија политика и дигнаа цени во небеса, а не успеваат да го дигнат квалитетот на исто ниво. Сега Ми серија не би препорачал никому, освен ако не е на некоја акција. Редми, е друга приказна. Утре пак да се смени тоа, пак ќе го фалам, оти мене бренд ништо не ми значи. Гледам да добијам, или предложам максимум што може да се добие за цената, затоа и различни брендови предложувам во различни сегменти.
Епа тоа и ја ти викам. За секој џеб, различен производ. Конкретно за нашиов станард, јас гледам да добијам максимално во средна класа зошто и тоа купувам, и тоа секогаш го најдувам кај Шаоми само. Е сеа за висока класа, некој друг ќе најди во Самсунг. Другово е дискутабилно. И секако, Самсунг е премиум бренд, Шаоми не е, зошто да се очекува нешто од бренд кој не е деклариран така? Како и да е, шо викаа комунистите, секому според потребите и можностите
Која е таа средна класа каде што го наоѓаш Шаоми подобар? Ѕ24 Ултра е 43 000 15Т Про е 39 000 Разликата меѓу нив е огромна наспрема цената од 4000 денари. Во буквално се е подобар Самсунгот. Iphone 16 e 41 000 Pixel 10 e 40 000 Pixel 9 e 35 000 9 Pro/ХL e 48 000 ама на огласи се наоѓаат нови за под 700 евр Обична Шаоми 14-ка е 45 000. Ти пишав и горе, можеш S24 Ultra да го споредиш со Xiaomi 14 Ultra ама тој телефон е кај нас 53 000 денари. Значи 200 евра разлика се. Исто е ако споредиш Ѕ25 Ултра со Шаоми 15 Ултра по цени. Xiaomi се поскапи. Ако бараш средно - висока класа кај Самсунг го имаш Ѕ25 за 30 000 по огласи. Ѕ25 ФЕ за 24 000 по огласи. Кажи ми што нудат Шаоми за тие пари?
Не купувам Xiaomi Redmi купувам Абе знајш како, телефон се купува спрема досегашното искуство, ретко дека некој ќе помине од Самсунг на Шаоми и обратно. И сите тоа го прават. А тоа дека 15Т Про заостанува зад С24 Ултра а имаат идентична цена, не значи дека е лош телефон и да се хули.
За Редми е друга приказна. Таму сеуште се најдобри за цената. Ама во другите класи едноставно не може да парираат. 15Т Про ќе беше добар, ако беше 150€ поевтин. Вака, пошто не е, никој не го купува. Ти да купуваш за таа цена, нема да го купиш.
Излеа еднаш чим го имаш, не ни помислуваш на нешто друго. Не го можам интерфејсот на другите телефони, а да не е Самсунг. Најпрво почнувам од тоа. На сам старт не ми е тоа тоа. И коа поевтините модели од средната класа се топ, можам да замислам какви се премиум како твојот. S25 пример, се топи у рака, ем прекомпактен, совршен надвор, совршен внатре. Обично све гломазни ми биле телефоните, а во овој се заљубив Штета што не е мој Само да се може некако да се сочуваат тие 6-7 години и баш би се исплатело и да лупнеш пари. Ја неам за фрлање се' уште, а и не знам баш дали за мене се тие скапи телефони, со оглед на тоа колку не внимавам и не пазам. Страв ми е сол да не биде Затоа постои за секого по нешто, но бренд не би сменила. Скроз таман е според мене едно 3 години или еве 4 преку сила да ти истера и некој буџетски.
Ѕ23 на старо се околу 250 евра. Нема огромна разлика со 25-та. Можеш да го смениш буџет телефончето што го имаш за него. Нема да треба многу да доплатиш.
Ама на старо.. Сакам на ново, да мириса на ново, тој мирисот на ново парче техника Нека истера овој колку мисли да истера, сепак нема ни година дена. А за понатаму, можеби и јас ќе размислам за S серијата, секако дека не мора најнов.
Јас го зедов С24 ултра од мобилара, топ телефон е, но и другите класи се супер. Вреди кога имаш пари при рака, но се наоѓаат и неотпакувани што ги препродаваат поповолно директно од оператор земени. Не ми закочил воопшто, слики и видеа супер прави (за зум да не правам муабет), има и меморија доста. Си има и АИ за сликите дотерување ама пак е супер. Еднаш ми падна на плочки со екранот надолу, како кога лепче паѓа секогаш на намачканата страна. Ниедна гребнатинка немаше. Но не препорачувам да се фрла намерно.
Баш ти фала!! И овие ги гледам. Башка и боите им се супер. Де, што се напнавте. Си прашав и баш фино ми одговори и @quattro (многу ти благодарам за деталниот одговор), а тоа што ќе си купам е моја одлука посекако. Корисник на ајфон ќе каже дека ајфон е најдобар, корисник на самсунг - самсунг и така до недоглед.
Ги имам користено и двата. Мое субјективно мислење е дека кога се работи за камера, дефинитивно ајфон е најдобар избор. За издржливост на батерија и меморија, самсунгот подобро ми се покажал. Сепак, одбрав ајфон пошто квалитетот на камерата ми е многу битен, на други телефони не ми се свиѓала толку многу. Долги години користам и задоволна сум, освен што би сакала батеријата да е малце по издржлива, други замерки немам за ајфоните. Во право си, секој нека си бира што му одговара.
Искуства со самсунг а36? Ми треба телефон што не кочи после неколку месеци користење и со добра камера.