Дали некој од тука користи ајфон 16 и како е задоволен? Една колешка ми кажа дека како за нов телефон многу кратко ѝ трае батеријата. Сакам да земам, ќе се префрлам од 13ка па затоа и прашувам.
Ако веќе зимаш нов моб, иди на про или про макс, па макар било и 15 про/макс, едноставно нема големи разлики од твојата 13ка до 16ка, реално џабе само фрлени пари.
Брендот продава. Го купуваат луѓе само за јаболкото. Јас се откажав од ајфонот и преминав на Самсунг и со тоа сум ја направил најдобрата одлука во животот.
Јас сум презадоволна од ајфон затоа и ќе одам пак на ајфон, ме интересираше конкретно за 16кава зошо оддамна го меркам.
Не знам. Во нептун кога имаше еден период без камата на 48 рати мислам дека беше околу 1.100 денари ратата. Јас сакам да си земам со обновување на договор
Да, многу луѓе од секаде се жалеа дека батеријата на 15та серија е ужас. Кој сака Ајфон подобро да оди на 16та или 17та.