Јас имам 16 про и сум задоволна со оглед на тоа каков капацитет на батерија има. Топ големина според мене и убаво лежи во рака. Вади 6-7 часа скрин во едно полнење. Зависи некогаш го полнам еднаш во два дена, некогаш два пати зависи како се користи. Дали на 5Г или безжичен интернет. Имам и два Самсунг А52 и А25 не дека не вршат работа, ама изработката на ајфонот е поквалитетна и со подобра камера, брзината, мазност при работа итн. Имам користено и Шаоми 3 модели, на почеток е ОК батерија после опаѓа. И квалитет на камера исто. Се појавуваат реклами насекаде по сите апликации.
Не е дека се прелоши, сепак apple си е apple, мислам дека софтверски му нема конкуренција, во смисла одма решаваат било каков баг, што не е случај со андроид (од лично искуство). Единствена маана му е батеријата што е огромен минус и тоа го прави да не вреди за цената пошто изгледа како да нема долг животен век.
Хахахахахахаха втф, со ЕДНО полнење Aјфон ПРО модел издржува САМО 6-7 часа скрин тајм Не знам шо ќе праите ако скрин тајм ви изнесува преку 11 часа Вајда по 3 пати ќе морате да ги полните.. Замислете буџетски Самсунг ја издржува оваа тортура со само едно полнење, а сакав да можеше уште да трае.. Прееееееееееефорсирани се, и преценети.
Докажано е дека Apple има проблеми со батеријата. Па сите просечни, буџетски кинески телефони во замав ќе издржат многу повеќе него самиот Apple. Не треба телефонот да се цени спрема тежината на брендот, земјата на потекло, името и цената и по дифолт дека тој е "најдобар", зошто конкуренцијата е обично појака и истата не треба да се потцени за разлика од веќе "испеаните песни" кои доминираат ради тежината шо ја носат ко бренд.
Никој премиум уред нема 11ч СОТ. Може новиот Онеплус 15 со новата силиконска батерија да вади толку, другите тешко. Зборам за реални сценарија. 6-7ч СОТ се сосема океј. Ама и толку нема шанси да вади, посебно не на 5Г. Буџет телефоните имаат обично поголеми батерии, и многу слаби процесори, затоа вадат поголем СОТ. Ама пак, батериите не им се со премиум материјали и долгорочно повеќе страдаат. Pro Max е друга приказна и има една од најдобрите батерии во премиум сегметот. Си има за секој корисник посебен модел. Битно е да се знае што се сака. Далеку се Iphone од лоши или прескапи уреди. Иста цена се горе - долу со сите други, како Самсунг или Шаоми. И не се ништо подолу. Се е до избор. Самсунг моментално гледано највеќе регресираа со Ѕ25 Ултра.
Ама знам на колку време го полнам, знам и колку дремам на него. Овие дена испод 12 ипол часа не бев. На 18 декември 14 часа.. Ако се нереални бројкиве океј, битно у рака нонстоп ми е. Конкретно денес, моментално 10 часа и 17 мин се користел, последно полнење пред 14 часа и 18 мин. Ќе полудам да треба на 6 часа да го полнам.. Сеа ок, 5g не ми е мрежата, поддржува моделов, ама мене ми е 4g. Ајде ќе видиме колку ќе тера со ова темпо. Батерија неам сменето до сеа на ниеден, па све буџетски биле. Нит се замарам дали до 80% се полнел, го цедам, од 0 до 100 обично. Не знам, Ајфоните воопшто не ми се wow за толкава фама околу нив. За таа цена богами и треба да се врв без никакви недостатоци.
Сабајле во 10 се разбудив со полн телефон, сега е 19:45 дури го пишувам ова и имам 40% батерија уште, а буквално окапав на телефон (освен што јадев и излегов на кафе час ипол па тогаш го одморив телефонов). Тој што ме прочитал порано знае дека имам Самсунг. И мене не ми е сфатливо ова со ајфониве, толку скап да го платиш а батеријата скроз крш.
Не допишав тука дека во овој момент останав со 1% батерија, и некои си 30 - на мин преостануваа пред да се изгаси. Ова без батери сејвер. И јас испаѓа дека го полнам по 2 пати во денот, на некои си 12-18 часа од последно полнење, но со преголема употреба, а не за 6 часа да отиде батеријата. Најмалце што имам видено да се потроши брзо за околу 10 часа од последното, ова вајда беше коа го користев 14 саати.. @Amellie13 а тебе колку ти е скрин тајм? Коа се поседуваат телефони кои важат за јаки, и батеријата мислам треба да е на ниво.
Денес 10 саати.. наскоро ќе го полнам ко ќе падни под 20%. А ко ќе работам секако ми е помалку, тогаш едино ко ќе си легнам го клавам на полнач, вака ќе го клам тро побрзо, ама ноќеска нема да се полни и дури утревечер.
Мојов Самсунг е скоро година и пол стар (поточно сега има година и 3 месеци) и супер се држи. Кога излегувам сабајлето со 100%, се враќам доцно вечерта со 80% или 85/87% (зависи од чачкањето), што не е лошо. Не претерувам со чачкање секој ден и ставам небитни аппс на спиење. Ајфоните не вредат за парите. Факт е дека на Ајфоните побрзо им опаѓа капацитетот на батеријата од другите брендови. А, па 17та со бојата на уредите пројави проблем (особено портокаловите што стануваат розеви). Друг проблем што е игнориран, е тоа што не вадат толку прекрасни слики ко што се фалат тврдокорните фанови, туку и без ефекти луѓето од другите раси излегуваат доста побледи(racial whitewashing).
Да, тотално нездрава работа, признавам, ама во денешно време живееме.. Глеаш како сте тврдокорни вие фановите, не дај Боже да признаете дека нешо не чини
Не е исто СОТ со тоа на колку време се полни. СОТ значи screen on time или колку време активно се користел телефонот од последното 100% полнење. И тука има многу варирање во врска од тоа како се користи телефонот, за што се користи, дали е на ви-фи или на 4Г/5Г. Дали се гледало видео? Мултитаскинг? Се играло игрици? Се фотографирало? Исто така не е исто во еден ист ден откога ќе го наполниш да удриш 8ч СОТ, т.е. да не го испуштиш телефонот од рака што се вели, или во 2 дена да ги направиш тие часови. Самсунг А серијата има подобра батерија оти се: - Подебели, поголеми на димензии, па поголема батерија им ставаат. - Далеку поспор процесор кој не му треба толкава моќ. - Далеку послаб екран со 60 херци рефреш рејт и далеку послаб peak brightness. - Нема поддршка за 5Г. - UFS 2.0 меморија од минатата декада имаат. - Им ставаат евтини Li - Poli батерии, наместо Li - ion (литиум - јонски). Епа ќе трае повеќе батеријата, како нема да трае. И на Нокија циглите траеше 1 недела оти процесорите им беа на ниво на дигитрон. Земи Ѕ25 обичен, и ќе видиш дека горе - долу исто трае батеријата со Iphone 17. Сакаш мал, компактен, светол, брз, со вакви камери, со такви гаџети, епа ќе страда батеријата. Нема и јаре и паре. А ако споредуваме, Iphone Pro Max има меѓу најдобрите батерии, и му трае повеќе од Ѕ24/S25 Ultra што го има @Amellie13 Значи, да заклучиме: - Брендот ама апсолутно никаква врска нема со тоа колку трае батеријата, туку моделот. - Iphone, Samsung, Xiaomi, Miaomi и сите останати брендови - same shit. - Мала предност имаат новите кинески со силиконските батерии (Si - ion), ама на пример OnePlus 15 и не се покажа многу, многу подобар од Iphone 17 Pro Max. Избор на телефон, кога се зема премиум модел најчесто доаѓа до преференци за еко-систем, оперативен систем, оптимизации на камери и други ситници. За батерии сите нудат неколку опции: Базична опција - компактен дизајн, слаба батерија Плус/про опција - малце поголеми димензии, подобра батерија Макс/Ултра/XL - големи димензии, одлична батерија, се напукано на максимум. Ама ако веќе се дискутира овде за батерија, тогаш треба да се зборува за кинеските, а не на Самсунг кој е ист со Ајфон. Преку ова само: https://www.icloud.com/find Од секаде се исти мобилните. Битно е ако дојде проблем да треба да ја користиш гаранцијата, како ќе постапат. А за тоа сите се малку комплицирани. Сетек се па баш терсене.