Си го имам ова Алкателче, на подарок ми е, и со посебно задоволство ме исполнува сознанието дека е земен цело едно денарче! Не сум мераклија на прескапи телефони, трапавка сум и нетрпелива, често ми паѓаат, сакам да ги чачкам, и ова телефонче е идеален избор за мене. Додека не му ја извадам душата и не се расипе, нема да помислам на нов. Си има и WI-FI, солиден е, многу ми врши работа. И не сакам телефони целосно на тач, нема ли тастатура за мене, пиши пропало. Инаку, грабеж прават со продажбата на телефони кај нас, ајде сега потпиши договор на 24 месеци, со минимум претплата 600 ден, , и доплати го телефонот уште 12 000 да речеме, некој посолиден... А да ми го бациш гзот оператору, може ли??? Собери ја целата сума, и ќе испадне ѓавол и пол. Не фала, имам толку попаметни работи за купување, отколку јак телефон. Важно секогаш си имам кредит, фала на прашање.
Да не знае некоја како се праи мастер ресет на телефонов? Го изгубив упатството, а скепса ми е сама да чепкам. И уште нешто, дали има маски за телефонов?
Мојов мобилен го имам веќе 8 месеци и презадоволна сум. Мојот е сив како првиов, во t-mobile прашав кога го земав дали го има во други бои и ми рекоа дека го нема ама можно ли е да има некаде друга маска како овие доле? Инаку само сивиот дел се ваде.
Го нема веќе во т-мобајл, количините беа ограничени, денеска дечко ми се распрашуваше за него. И не е баш мал долг е 118 мм, а широк 68мм.
Спојлер http://www.alcatelonetouch.com/ph/products/andorid_smartphones/ot-918n.html И јас го земав, 113 со 59мм е. Фина големина е и лесен. Не е ни мал, а ни плочка. Јас сум ептен задоволна, има андроид и се друго што имаат смарт-телефоните. Инаку до 9ти беше акцијата на т-мобиле за телефонов, ама ете штом се потрошиле, почекајте за некој ден или недела ќе има нова акција на нов телефон и се натака до крајот на годината. Ми кажаа така кога го земав овој, дека можам да чекам и други подобри што следуваат, но јас му го имав меракот на овој. Поточно не беше наменет за мене, ама како што реков-ептен сум задоволна и мој си е! И да, оди со бела и црна маска во паковање, а да не знае некој кај можам да најдам заштитна пластична шарена или гумена маска??
Ете сеа и јас сум сопственик на Т-mobile move 2. Татко ми во 2 месеци ме изненади со два нови телефони И да добар е , посебно што има андроид. И мене ме ме интересира кај можам да најдам маски??
Девојки задоволни сте од т-mobile move 2? Јас се двоумам дали да го земам. Се мислам меѓу тој и zte skate kis plus Би ве замолила да ми кажете за телефониве кој е подобар??? Однапред ви благодарам девојкиии
До вчера беше 1 денар со договор 24 месеци, а сега зависно од тарифата на која што си различни цени има Провери си на страната на t-mobile.com.mk одбери си на која тарифа си и ќе видиш која ти е цената. Јас закаснав за еден ден односно бев вчера и го немаше во продавницата и сега се мислам меѓу тој и zte skate kis plus тука така се со цена
Бидејќи веќе 3 месеци го чекам мојот телефон кој што е на поправка и сум крајно изнервирана затоа решив повеќе да не чекам и да земам нов.Досега имам користено Sony Ericsson , Samsung i HTC а овај пат сакам да го земам Нокиа Аша 311 .Па доколку некој имал искуство со овај телефон нека сподели ,зошто навистина ми треба квалитетен телефон .
Презадоволна. Има многу, многу слични работи со ајфонот само што е многу поефтин. Најмногу го посакував за да видам што е штосот со апликациите, и сега сум тотално зависна од нив. Предобар телефон!
Од денес сум горд сопственик на HTC Dесире. Ама од Петок ќе го имам во мене, сега стои купен во мојот роден крај, Петок ќе ја имам првата средба со него кога ќе го земам во рака и засекогаш ќе биде мој. После тоа ќе се фалам дали сум задоволна или ќе се жалам.
Јас не би прифатила да земам на водафон. Таткоми сега за него порача еден водафон,многу убав бил со тастатура ,вифи итн. и му велам абе човек шо ќе ти е за некое време ќе ти се расипе ама не ме пслуша јас земав еден телефон што е сега дупло поскап (16.000 е сега) и сум презадоволна,ми падна ми пукна цел екран и пак работи тачот,и супер опции има(е нема вифи за жал) и одкако ми падна(декенври) до сега можете да замислете уште колку е паднал па пак ништо не му е