Тоа де, кажав колку изнесува скрин тајм, и коа бил полнет последно. Како иначе да знам, ако не видам, за да споредам за колку време се потрошил. 5г на кутијата пишуваше дека поддржува, а мене не ми е мрежата 5г од кај операторот. Гугл и Вибер најчесто повише од 5 часа се користат, Yt music зависи, ми се дешаваше дневно и по 4 часа, ок ова позадинско е. Блутутот не троши поише батерија? Па констатно знаев 2 часа да не извадам слушалки, ова у движење со уклучен мобилен нет, и чепкање постојано, мсм кај моеш така да го остаиш да мирува.. Е игри не играм, да, не ме интересира тоа, камерата малце ја користам, колку да сликнам нешо коа треба или коа сакам. Види, ја не се праам некоја напреден корисник, не сум, ама не значи дека сите се кои користат Ајфони и им задаваат тешки задачи, па затоа им идела батеријата.. Ама покомпактен според димензии нели е Самсунгот? Ко шо знам обичниот Самсунг од С серија е најкомпактен, а од Ајфоните, про моделите? Бејзик Самсунг од С, и Ајфон од про серија.. И сеа кој овде има боља батерија, а цената Можда не се ич за споредување.. Да бе ко циглите им се процесориве на А серијата.. Истиииииии
Споредуваш два не споредливи уреди, кои се скроз различни и наменети за различна корисници. Тоа е исто како да земам твојот да го споредам со Redmi 15 кој има подобра батерија. Ама ќе сакаш ли да го користиш тој уред, знаејќи дека е поспор од твојот, има полош екран (на сонце нема да се гледа ич) итн. итн. Не. Тие се тие trade offs. Малце е Самсунг С25 помал, милиметри се во прашање. Иначе обичниот 17 и 17 Про мислам исти се на димензии. А за батерија, 17 Про трае повеќе од С25. Има две верзии. Таа американската со е-сим има поголема батерија и трае повеќе. Видлива е разликата. Со обичниот 17 траат исто. А ти го направи како Самсунг да е супериорен и имаат вонземска технологија за батерии што траат цела недела, а овие со ајфон сиротите без полнач од дома не искачаат.
Па не цела недела, далеку од тоа. Двапати и ја полнам, ама у ваков случај Они коа вака? Тие со ајфони стално иам видено како на ниски проценти им се батериите, само полнење им бараат Барем да го користеа асално Не. Сакам уред, коа више решавам да плаќам прилично скапо, кој ќе биде топ у секој поглед, достоен скроз за цената. Без ниедна слаба страна. *** Не ги рекламирам!!!!! Ниту кажувам вака да ги користите, ова моево е злоупотреба више
Прашањето ми беше за неа, дека постојано споредува па дали има користено? Јас користам службен Самсунг и Ајфон приватен. Претходно Самсунг приватен и има разлика во квалитетот. Го чувам и тој се уште и изгледа лошо во споредба. Батеријата на Самсунг може е нешто повеќе, ама екранот, софтверот, камерата не.
Не сакам ни да користам нешто америчко исфорсирано Доволно е тоа што сум го видела за брендов кај други. Самсунг ви е срање, додека ајфон го величите Ја мислам дека сепак е до јаболчето, самиот факт дека е Ејпл прави автоматски да сте пристрасни.
Никој не го величи, туку се прави споредба и се изнесува искуство. Ти го величиш Самсунг без да имаш искуство со Ајфон. И кога сме кај Самсунг никаде нема пишано дека имаат проблем со линии на екран. Не само мобилни туку и ТВ
Јас користам Ајфон 11 веќе 5та година и со исклучок на батеријата која за кратко ќе ја менувам и ќе го проследам на друг за користење, телефонот работи беспрекорно како првиот ден шо го земав. А го купив експонат. До пред да го купам јаболкото, бев верен фан на Самсунг кој после година две користење почнуваше ненормално да кочи и да се губи. Јас стварно не знам што е со овој хејт спрема Ајфон корисници, секој си купува тоа шо му одговара, па макар тоа било заради чаламење со јаболкото. Нејсе, во дилема сум дали да земам наредно 16ка обична или 17ка. Вреди да одам на поскапата варијанта или не? Разликата е некои 10тина илјади.
Вреди. 17 е телефон на 2025 за цена/перформанси и моментално e бест бај. Плус е 256гб. Ако споредиш со 16ка 256гб, разликата е 3-4000 денари. Во иднина тоа многу ќе значи оти 128гб веќе станува малку.
Дечки, дали имате искуство со оригинал или експонат iPhone купен од Bestmobile, се наоѓа во Скопска чаршија?
Сакам да купам телефон ама не знам каков,кој од Samsung се добри ?Како сте задоволни од телефоните на Ледиком, слушам секакви муабети дека не се квалитетни од таму, ама другарка има купено и вика дека се супер.
Ледиком се супер. Другар купи сега Ајфон 17 од таму, обичниот. Презадоволен е, оригинален бил целосно, неотпакуван, со се внатре во кутија, плус го проверил бројот на официјалната страна на Apple и излегло се во ред, оригинал. Му дале и гаранција од 12 месеци нивна, не интернационална и секако го купил без фискална, не му дале ради даноците највероватно ама па затоа бил поефтин скоро за цели 10.000 денари. Презадоволен е до сега. Ако имаш буџет до 400 евра и ти се даваат пари за телефон а мора да е Самсунг, тогаш од Ледиком најдобра опција ти е Samsung S25 FE. Ако ти треба буџетски телефон тогаш Galaxy A36 8/128GB или нешто повеќе од А36 тогаш А56.
Не синка, не работам. Али ти викам, другар купи Ајфон од таму Патем прашај, ако знам нешто ќе одговорам, ако не биди жив и здрав
Моето искуство со телефони од Ледиком е позитивно. Поевтини се, оти не се плаќа данок, иначе ништо не им фали. Зборам за нови, неотпакувани телефони. За експонати искрено, не знам.
јас земав iphone пред 3 години нов, сеуште го користам никакви проблеми сум немала нити сум го носела на сервис, си работи беспрекорно, го проверив кодот на apple страната се си беше како што треба.. го порачав преку карго ми го доставија, пак ќе земам од таму наскоро
Дечки да ве прашам, сакам да купам телефон од Ледиком или Мобеликс сеедно, ама тој што го сакам го немаат моментално. Дали ви се случило да чекате и за колку време обично носат нова залиха? Глупо ми е да им пишам дали и воопшто ќе носат некако ама викам да прашам за искуства. Во продавница ми понудија експонат ама не сакам експонат, зошо они викаат дека е како нов ама кој ќе знае што се менувало на него.