Побарај и на огласи може ќе најдеш и некој неупотребуван купен од оператор или малку користен за приближно иста цена. Подобро од експонат. Дали на Самсунг купен од Ледиком или Мобеликс демек нов неотпакуван на прво вклучување на се појавува опции за сетинзи, избирање на јазик туку директно на почетен екран со апликации?
Не. Си ги дава сетинзите како и што треба. Телефоните си се произведени во Виетнам, таму е и главната фабрика на Самсунг. Поефтини се во Ледиком ради даноците а не дека се неисправни.
@Amellie13 Бидејќи ти имаш Самсунг од Ледиком, ако може да споделиш искуство. Дали кога го купи имаше Welcome setup или те одведи директно на почетна позадина? И од каде е увезен телефонот? Дали е Саудиска Арабија?
Моето искуство е предобро, телефонот си е супер. Прво нормално не се вклучува дур не го наполниш донекаде а после сѐ ми се чини дека имаше welcome set up. Знам дека правев нешто пред да стигнам на почетната. А за од каде е увезен, не можам точно да кажам. Не најдов инфо онлајн, а моментално тука не ми е кутијата, ко ќе ја земам можам да проверам дали некаде има инфо.
Јас имам купувано два пати телефони од таму, прво ајфон 10ка - 2 телефона па после 12 исто два , експонати зошто цената ми одговараше повеќе. Задоволна сум супер, немало никаков проблем. 12 про го користам уште купен пред околу 4 години. Пс: како добиваат во А1 телефони дали имате некое инфо? Цело време ее аут оф сток а имам многу субвенции и сакам да обновам договор? Тенкс
Ќе прашував и јас за Ледиком зошто прво купување би ми било од таму па ме интересира зошо цениве им се вонземско поевтини. Во ајстајл 50.990 ајфон 16ка а во Ледиком 39.990 Читав различни искуства некои викаат шкарт им се телефоните што мене не ми прави логика, зошо им ги купуваат сите тогаш.