Земи си 16 про, ама на 16 екранот и камерата се послаби, но имаа поубави бои. Ова е ако не сакаш класична бела или црна боја. Батеријата е иста така да можам да ти кажам дека не е слаба, ама не е ни про макс издржливост. Имам 130 полнења уште е на 100% капацитет. Купен пред 6 месеци. 7часа користење на екран во едно полнење. Ако ти е батерија пред се види го 16 Плус
Кај препорачувате менување екран, а да не чини цело богатство? Белка работа, ми пукна екранот долу, се горното заштитно стакло е изронато само отстрана. Прашав во Лептокарија, ми понудија две опции - оригинал, 5000+ може да фати или фушерај што не се ни сигурно дали ќе успее, ќе биде експеримент - за некои 2000+.
Дали некој се соочил со ваква ситуација: Телефонот се апдејтира преку ноќ, и утрото се заклучува и бара пин. Но работата е што пин никогаш не е внесен откако се користи телефонот. Дали има чаре да се отклучи некако, бидејќи фабрички ресет е последна опција? За другар се работи, телефонот е Самсунг. На неколку места се обратил не знаеле што да му прават на телефонот. Не сака фабрички ресет бидејќи има слики кои не му се зачувани со бек ап.
Како вака, чудно е Не може туку така да се внесе од самиот телефон, ми нема логика. Да не го забораил? Зарем се отклучен му стоел, со swipe up го отвараше? Мора да имал внесено сепак некој пин.
Не, никогаш немал внесено никаков пин, така ми кажа. Само со swipe up го отклучувал цело време. И мене ми е многу чудно. Маката сега е сликите да се зачуваат ама ете лекција дека ризик е така да ги чуваш незаштитени без бекап само на телефон.
Не, да беа можеше директно да направи фабрички рестарт и кога ќе се најавеше пак со гугл акаунтот ќе му стоеја. Од лаптоп проверуваше на google photos нема ниедна слика. Чаре било какво бара само да не е фабрички рестарт. Пин вели дека никогаш не ставил, но еве да речиме ставил и го заборавил, како би го отклучил во тој случај?
Едно прашање: Ако ги избришам сите слики и видеа од галеријата, а имам бек ап на Гугл фотос, ќе се испразни ли меморијата за да можам да направам апдејт на телефонот? Почна ептен да кочи и нон стоп ми бара апдејт, а немам доволно меморија.
кој модел го бараш? и јас чекам веќе подолго време нов 16 про макс и никако да начекам, не знам дали толку брзо се продават па не отворам на време или воопшто нема..
Доколку на Гугл фотос ти е полна меморијата, направи уште еден нов маил и прикачи ги останатите фотки таму.
Не на Гугл фотос, меморијата на тел ми е полна и затоа не можам апдејт да направам. На Фотос плаќам месечно, имам меморија таму.
За да не плаќаш, направи повеќе нови маили. А за меморијата на тел направи бекап на фотографиите и слободно фактори ресет ке избрише се и нема да кочи тел