Ова е проблем кај Самсунг. Пробајте на страницата Samsung find my mobile да се логирате со акаунтот од Самсунг на линков findmymobile.samsung.com и најдете го телефонот и видете дали ќе ви дај опција unlock.
Читав дека на поновите телефони Самсунг не постои unlock опција на таа страна за наоѓање, бидејќи била злоупотребувана од хакери, па Самсунг ја отстранил ради безбедност. Му препорачав да се консултира директно со Самсунг Македонија, ако можат да му најдат чаре, ако не тоа е, ќе мора фабрички ресет. Еве лекција за сите што немате наместено пин за отклучување на Самсунг (не знам за други марки како е) можи да ве заклучи после апдејт и сѐ да изгубите ако не ви е некаде зачувано. Јас имам и пин и фингерпринт и бекап на податоци. Не се оди на ризик општо да немаш пин на телефонот и бекап исклучен. Не можиш да знаеш што ќе ти се случи со телефонот.
Поради безбедност, кога се мести патерн за отклучување, телефонот бара да се внеси и пин како втора опција. Тогаш го има внесено и сигурно заборавено. Не му го бара телефонот сам од себе. Само нека проба да се сети. За фотографии и други податоци ако има направено бекап на Гугл или пак Самсунг и после фактори ресет ќе може да ги добие назад. Пробајте и со кабелче да го поврзите на компјутер, доколку има можност да се префрлат така, да не се прави ресет. Иначе за вадење на податоци, од заклучени телефони, мислам Видео дата во Скопје нуди сервис.
Нема бекап, инаку одма ќе направеше фабрички ресет. Ќе му ги предложам и овие опции, да можи сликите и видеата да си ги префрли па да рестартира. На пин воопшто не се сеќава изгледа. Фала ти.
Јас го чекам ајфон 16 розевиот, уште го немаат добиено. Цело време прати на нивната страна, чим ќе видиш го има на залиха одма купувај, мислам дека многу малку телефони носат и одма им се трошат.
А воопшто има увоз на нови 16 модели по мобилари дека веќе има 17? Подобро купи си половен со добра батерија, над 95% Во istyle има уште нешто и нема нови не се увезуваат. А и да се купи нов тој е веќе со деградирана батерија и стои некористен една година без полнење.
Има нормално, 16ка не е стар телефон за да нема. Го има и во ајстајл ама е 10к поскап. Сега баш го донесоа пак во Ледиком, неделава планирам да си купам.
Морам еден рант да пишам за Шаоми и за нивниот Hyper OS. Претходно бев голем поддржувач на Шаоми пошто даваа добри перформанси за супер цена, многу повеќе од конкуренцијата. Бар во буџет сегментот. Нивни корисник бев таму некаде од 2016/17 до пред неколку години кога комплетно се разочарав од MIUI и баговитоста. Од тогаш решив скроз да ги баталам како бренд и единствено на луѓе што не бараат премногу од телефони да им ги препорачувам. Последен нивен телефон, после мојот 11T Pro со кој имав средба беше Редми Ноте 12. Кој доби Hyper OS, ама се смени за многу подобар, флегшип телефон. Од тогаш мислев дека ги средиле баговите со поновите Hyper OS верзии, системот веќе нема лаг, и работи мазно. Оооо колку сум се излажал. Викендов имав можност да користам Шаоми Ноте 14 Про кој кошташе нов 300 евра. Значи не се работи за евтин телефон. Систем: Android 15 - Hyper OS 3 Телефонов имаше ужасно искуство со константен лаг кога се мултитаскува, спори анимации, и delay што не смее да си го дозволи еден таков процесор поддржан со 8GB RAM и 256GB ROM од кои само некои 45GB беа полни - скоро па празен телефон. Најголемиот проблем дојде кога се решив на телефонот да пуштам филм на Стремио во 720Р, и преку cast да се поврзе со ТВ. После пола саат гледање на филмот, и некои мали лагови и испуштање на фрејмови, требаше да го паузирам на момент. И тука дојде најголемиот проблем. Телефонот комплетно се укочи. Стана не респонзивен и не управлив. Не можев ниту да го исклучам Cast. На крај заврши со рестарт. Од тука го земав во свои раце да го средам, и се што можев да оптимизирам, без фактори ресет направив: исклучување анимации или намалување на 0.5, вклучување на ГПУ рендерирање, бустање со виртуелен рам + 8GB иако ова не е најдобро да се прави, 60hz освежување наместо динамичното, исклучување на battery saver, чистење кеш и дата на сите главни апликации, бришење блоатвер, бришење или исклучување на позадински апликации кои системот ги форсира итн. итн. Го пуштив филмот и се помолив да не зеза повеќе и да го изгледаме до крај. Го изгледавме до крај, ама системот пак скроз беше укочен и не распонзивен, па пак морав да го рестартирам. Скроз ми е несфатливо за телефон кој чини толку пари, по хардверски перформанси да е сличен на мојот флегшип од 2022, а толку не оптимизирано да работи. Од потешки таскови како стриминг на Стремио до обично мултитаскање меѓу 3-4 апликации. За игри не го ни пробав, а и сопственикот не е гејмер. Не знам дали е до некој апдејт и со фактори ресет ќе се среди, или сепак Hyper OS е сеуште неоптимизиран и лош како MIUI ама дефинитивно разочарувањето е огромно.
Разликата е само во големината и батеријата. Обичниот Про е по компактен и има помала батерија. Макс има поголеми димензии, екран и поголема батерија што трае подолго.
Разликата е во пар стотина евра повеќе и добар маркетинг. Буквално последниве 5-6 години нема никаква разлика помеѓу модели. Само добар маркетинг. Секоја нова технологија значи и поскапо производство, а со тоа и поскап телефон.
Здраво. Продавам Самсунг Галакси С 25, црн, 128 гб. нов, неактивиран купен од Телеком. Пишете ми во инбокс ако ве интересира.
Iphone стана најпродаваниот телефон во светот со пазарен удел од 19% со 240 милиони продадени телефони и +7% пораст. Зад него е Samsung со продадени 239 милиони телефони. Топ 5 листата ја завршуваат и: Xiaomi со 165 милиони и загуба од -2%, Vivo со 105 милиони и Oppo со 100 милиони. Honor е најбрзо растечки бренд со најголем пазарен раст од 11% кој во 2025 продаде 75 милиони телефони од кои 10 милиони телефони се flagship модели со главни пазари Европа и Азија. извор: omdia