Повеќе перформанси во multicore и антуту тестови со Snapdragon 8 Elite чип, имаш и посветол екран со повисока резолуција шо е QHD, плус поголема батерија и мислам има и Reverse wireless charging.
Зависи за што ти треба. Ајфонот е премиум. Нешто најдобро од за таа година. Може да се спореди со Ѕ24 Ултра на пример. Ѕ25+ е може да се спореди со Iphone 16 Plus или пак Iphone 17. 15 Про Макс - нуди многу подобра камера за фотографирање и сликање. Плус, подобра батерија. Ѕ25+ нуди подобри перформанси и екран. Но, во пракса, колку од тоа би ти било корисно е знак прашање. Ѕ25+ е во доста нелагодна положба. Го нуди истото што и Ѕ25, само со поголеми димензии, а од друга страна каска позади Ултрата. Најмалку продаван модел е од Ѕ серијата и има причина зошто е така. А тоа е пошто не нуди најдобро value/money. Ако мене ме прашуваш, од овие два иди на 15 Про Макс.
Барам начин да префрлам слики од старите телефони на усб. Значи ми треба усб кое може да се стави во лап топ и во телефонот, со двоен излаз ( како и да е тоа ). Знам дека има нептун, сетек, ама на што да внимавам при купување? Се раб за ајфон со мнн слики и самсунг.
Дали некој земал експонат (iPhone) од Ледиком или Mobitech и како е задоволен? Читав за мобеликс, но само со кеш имаат опција.
Јас имам зимано од Ледиком, мислам дека можеш и со картичка таму. Инаку задоволна сум од нив само што ако носиш стар телефон за замена многу ефтино го откупуваат.
И двата се премногу идентични. Ако сакаш поефтино да поминиш земи S24 Fe и онака нема големи промени кај S25 Fe.
Здраво ,дали имате земано телефони од Нептун на 48 рати? Некако долго време ми се гледа ама па и не ми се даваат наеднаш еден тон пари за телефон. Разгледвав пример некој ајфон или самсунг до кај макс 1700-2000 месечно, а до таа цена има Ајфон 17 обичен , ајфон 16 , Ајфон 15, Самсумг 25фе, Самсумг с25, Самсунг 25, Самсунг а57 и ред други не знам. Што мислите дали се исплаќа да се земи телефон и да се одплаќа 4 години?
Според мене ако немаш доволно пари во моментот во кеш да си го купиш а ти е потребен телефон зошто да не. Сите луѓе купуваат нешто на рати оти постои таа опција, ако си работиш, си ги исплаќаш редовно ратите зошто да не земеш на рати телефон. Може сега 4 години се чини како долг период, меѓутоа ако сакаш да земеш поквалитетен телефон што ќе го користиш минимум 5-6 години а немаш во моментот толку пари, земи си го на рати и не го мисли. Јас од телеком така исплаќав телефон, околу 2 илјади ми беше ратата ама го ставив на две години, го исплатив и го користев уште 2-3 години.
Даа вака многу изгледа зато. А до сега фала му на Бог не ми требало ништо ма рати да земам и малце ми е чудно зато. Ти гледам поназад во темата си чекала да земиш 16ка. Зеде, како те бендисва?
Дали постојат некои посебни подесувања на камерата на Samsung S25+, некако не ми се допаѓаат сликите што ги вади? S24 во истиот амбиент некако многу подобри ги вади.
Земав јас да, многу сум задоволна од телефонов. Камерата му е преубава, нема да згрешиш ако земеш. Инаку те сфаќам скроз, и јас првиот пат кога земав на рати ми беше чудно ама факт е дека е некогаш олеснувачка околност и не сите имаме толку пари да дадеме наеднаш.