Имам шанса да купам ајфон , ама во последно време како да слушам луѓе дека не чинат што имале ? Сега кажувајте кој ајфон освен овој новиот не ми се свиѓа моделот воопшто , кој да го гледам за кој да размислувам ?
Јас купив 16ка во Јануари и сум презадоволна. Батеријата ми трае ден, ден ипол со постојано чачкање. Така што моја препорака, бонус за бојата што е розева
Јас исто имам 16ка ама скроз обратно искуство имам со телефонот. Претходно користев XR скоро 5 години, немав никаква замерка, ама ми падна и нели застаре и ајде да сменам. Батеријата многу брзо ми се троши а не го ни користам кој знае колку, на моменти е многу спор, камерата не е ниишто специјално, дури позадоволна бев од претходната. Вака кога пишувам искрено немам нешто убаво да кажам за телефонот, не е никаков upgrade на xr-от, баш напротив. Се изнервирав сега.
Да да, барем мене. Членката погоре задоволна е.. исто пред да го купам и јас читав многу измешани искуства и на крај не ми се погоди. Секој со среќата. Мене ми е криво што не го почекав 17ката за малку, додуша не сум ни читала за него какви се мислењата, мада видов дека тој не ти прави мерак. Разгледај на реддит поконкретно за секој модел и со среќа за кој и да се одлучиш. Јас лично постар од 15ка не би земала поради апдејтите, иако постарите модели повеќе ми се допаѓаат и во дизајнот и во се ама тоа е.
Ова го кажуваш за телефон кој чини неколку мк просечни плати ...тешка мизерија уште се фалат со тоа ајфоните, не ми се верува
Волку скапи телефони ви бараат за работа?Што нуди ова 16 повеќе што кажуваш од телефон до 350 евра ?Никогаш не сум имала такво нешто.Само прашувам.
Некој да сподели искуство со купување iphone од другиве продавници што продаваат телефони (Fixit, Mobelix, Mobitech, Ledikom) и која е најбезбедна? Некако голема разлика има во цената во споредба со тие од iSTYLE. Не знам дали се оригинални и скроз исправни телефоните?
Телефоните се оргинални и исправни, само што Ледиком, Мобеликс не плаќаат данок и така наречено се дел од сивата економија. Јас имам ајфон 16ка земено од Ледиком, беспрекорно работи.
Чим не е 100 000, не е скап Поише е дека или се научени, фанови на јаболкото, па за жива глава не би мењале, мислејќи дека не постои подобро, шо не е точно, или имаш друг дел комплексаши кои се фалат со статусен симбол Најинтересни ми се тие шо го вртеле од позади да се глеа у преден план, или коа ќе кажат 'Дај ми го ајфонот' Дневна доза сељачизам
Да се пофалам и јас вчера земав редми ноте 14 5г,на попуст за 10000 денари.Има 256 меморија, 8рам и зелена боја.Мислам последен беше од акцијата се испозалетав и со автобус бев,еве само вие знаете дома не кажав.Најубав на свет.Е за поскап немам пари сега,кога ќе заработам идам на САМСУНГ.
Со здравје да си го користиш. Xiaomi е подобар од Самсунг, да не одиш воопшто, претежок UI имаат, сецка системот плус за дупло поскапа цена ќе добиеш само 6/128 меморија и дебели рамки на екран ко да е телефон од 2012.
Апсолутно се сложувам. Јас исто со години користам и презадоволна сум, немам никаква замерка за Ајфоните. Четири и пол години користев 11ка со 64ГБ, душата му ја извадив а ништо не му фалеше, го продадов со 73% battery health. Дури лани го сменив за нов, 14ка користам сега и исто немам замерки. Од камера до батерија, сѐ си е како што треба. Power bank купив прв пат пред две/три недели, заради долго патување со автобус, иначе воопшто не ми треба. Додека тера, ќе си го користам, не планирам да го сменам во блиска иднина. Следно би земала про модел, здравје. Мој близок што ги хејташе Ајфоните и ме убедуваше да земам Андроид, сега е презадоволен од 15ка про. Мислам, стварно не знам што е со коментариве за Ајфон. Кој сака и може да си дозволи, нека си користи телефон каков сака. Никој не ви зима пари од ваш џеб, опуштено. Ништо лично Ани23, само коментирам општо затоа што во неколку наврати сум приметила дека истиов муабет се врти во темава, а богами и во реален живот. Не гледам ни зашто би било за фалење искрено, ако гледаме така па и С25 ултра не е баш евтин. Обично луѓе што не ги користеле двата телефона вака зборат. Јас сум користела и Самсунг, не ми се допаѓа едноставно, не бев нешто презадоволна. Ваљда зашто сум навикната и задоволна од Ајфон. Секој нека си користи што сака за свои пари, не се расправајте ко мали деца за еден телефон. Боже сачувај.
Истото и јас ќе го искоментирав. Мислам малку полека со коментарите дека само искомплексирани луѓе користат ајфон. Како некои луѓе што си имаат преференца за андроид така и луѓе за ајфон. Јас долго време користев андроид и нема да го споредам никако со ајфок, за мене лично незаменлив исто какошто за некој друг андроид би бил незаменлив. Непотребни коментари во темава многу.