Користам ајфон 11 веќе 4 години и сум презадоволна но сега сакам да земам експонат 14 про макс од ледиком па дали има некој да сподели искуство со експонатите од ледиком затоа што гледам дека има доста разлика во цените од другите продажни места па ме интересира мислење
Јас не хејтам никого да се разбереме,знам како е да ти е мерак за нешто и јас би купила ако ми е мера и да имам и да немам пари на кредит и рати има..Ваков ист муабет имам за оние што возат градски џип,нешто што не разбирам,јас сум се возела и ми личи ко у камион да седиш.За теренец е друго,секаде иде.Се надевам ме разбравте.Возиш лимузина широка и комотна е супер исто и мало гратско возило за паркирање секаде во СКопје.Зошто се разбирате како напад,само прашав.
Те разбирам јас, сѐ си е во ред тоа. Ама не е во ред да се напаѓаат и вреѓаат луѓе само затоа што имаат поразличен вкус и мислење за било што. Изреагирав затоа што не е прв пат во темава да се коментира вака за луѓето што користат Ајфон. Ако нешто ме иритира во животов, тоа е мешање во туѓ живот и новчаник. За свои пари секој има право да си купи што сака, па дури и да се пофали не гледам проблем. А не сретнав некој корисник на Ајфон во темава да вреѓа корисници на Самсунг, на пример. Нит па да убедувам некој да купи Ајфон, јас можам да препорачам ама да убедувам и да вреѓам некој ако сака Самсунг, мислам дека е малку смешно. Во ред е да сакате Самсунг, ама не е во ред да ги викате искомплексирани луѓето што се љубители на Ајфон. И мене не ми се допаѓа сѐ и апсолутно не можам да си дозволам сѐ, ама не ми паднало на памет да навредувам некого заради тоа. Ова не ти го кажувам само на тебе, реков ништо лично, кој и да е истото ќе му го кажев.
Искомплексирани се тие шо го вртат за да го покажат дека го поседуваат. На пример и да поседувам Галакси Z Fold 7 никад нема да речам Самсунгот, телефон е, уред, обичен уред Ако е за тоа поскапа цена имаат
Ама ставот ти беше таков, дали ни бараат толку скапи телефони за на работа. Прво релативно е за секого што е скапо што не е, и кој колку може да си дозволи. Јас на никого не сум му се замешала дали си купил андроид од 300 или од 1000 евра. Ете и тоа што се споменува за џипот е пак лична преференца и кој колку може да си дозволи, ама нема потреба од такви “напаѓачки” коментари.
Се извинувам на сите посебно тебе,јас не се разбирам во телефони баш ни малку за тоа прашав ,мене ми бараа на работа понов за да им пракам слики и фајлови.За коли се разбирам многу -мој роднина сервисер си има проблем за наплата од тие со џиповите,се ценкаат бараат на рати ,не плакаат редовно ,должат.Одржување поскапа кола со лична преференца чини дупло повеке од некоја со средна класа или градско возило.Многу машки се залетуваат и купуваат со љубов и мерак,ама одржувањето е изгор скапо,обичен сервис промена на уље и филтер кошта баш многу,а колава на рати купена.Целокупно не го ставаат во трошок одржувањето на тотал што баш кошта.Ама они си знаат нивна работа.Отсега не прашувам ништо,за да не се навреди никој.Тука сум за да разберам или нешто ново да научам.Повторно изинете на сите што ве вознемирив,намерата не ми е таква да хетјтам и омаловажувам.
Ако некој планира и сака да купи ХОНОР 400 ЛИТЕ (овде @quattro ) или кој член беше го фалеше ќе се заебете и тоа како! Телефон купен пред скоро пола и више година носен на сервис 10пати пак ми кочи све не отвара апликации, никогаш до сега не сум имала проблем со телефони ова е мизерија од телефон. Уште дадов 20.000 ден ужас ужас никад више хонор . ПРЕСКОКНЕТЕ ГО ТЕЛЕФОНОВ НЕ ДАВАЈТЕ ПАРИ У ВЕТЕР КО МЕНЕ И БЕЗ ПАРИ И БЕЗ ТЕЛ!
А може да не е до телефонот, туку до тебе Е оти кај мене нема никаков проблем? Телефонот нема никаква мана. Брз, пребрз е, осветлување големо на екран шо на сонце брка одлична работа. Ниту пак кочи. Моментално во исчекување е Magic OS 10. Хонор е Хуавеј школа
Чекај си го, мада кај мене веќе го има и стварно не шири инфо како тел е добар кога е чисто срање .Фала чао
Како ширам? Споделувам искуство бидејќи го имам и стварно е предобар. Ти го имаш зафркнато нешто, еве оти кај мене е се ко шо треба?
Телефонот е медиокритет. За тие пари може многу подобар да се купи. Има подобри избори. Плус и стар е. Сега има 600 lite, негов наследник.
Не е до тоа, нах. Кај да е ќе стаса Меџик ОС 10 овај месец кај сите 400 Лите. Него мене ми се нема истурено сок врз него, е ако се истури, не само шо ќе закочи туку ќе прегори Каде шефе, од реклама5? Кај има за 13.000 нов подобар? Редми? Кој? А и каде, да зеам и јас чим има.
Од кај го имаш купено? И дали ти е под гаранција? Другар скоро зема Хонор не знам точно кој ама му загрева од првиот ден претерано, сестра му пред него неколку месец ист имала купено супер бил, велеше ќе го замени ама не знам што паправил.. Може зависи од серија до серија каква ќе се погоди или се пуштаат во продажба и што чини и што не чини..
Да, ама ова е сега кога Шаоми ги чисти залихите на 14 серијата. Дали во 2025 истава понуда беше? Не. Зошто нели Ноте 14 не е од моделска 2026 оти членкава 400 Лите го земала лани во 2025 шо по дифолт оваа понуда за Редми не постоела тогаш па да го одбери него, а тогаш 400 Лите беше еден од подобрите телефони шо нудат взаем однос на цена и добивка, оти нели Галакси А26 6/128 беше 17.000 денари а Ноте 14 беше 13.000 додека Про 21.000+
Redmi Note 15 Pro ти е иста цена со 600 Lite сега. Секако зависи од промоции и периоди. Ете членката го земала 20.000 и стварно не вреди за цената, затоа што кога го земаше пример за слична цена имаше А56.
Телефонот е сочуван и повеќе од доволно. Не може јас да сум крива што кочи и не отвара апп ко што треба Па под гаранција за пола година ок на почеток работеше ама како иде и ова што се смени меџик 9 на 10 ТЕЛЕФОНОВ ко гром да го удри не го бива и тоа е. Нека не се лаже некој да го купи
И јас те послушав и купив 15Т Pro. Презадоволна (за разликата од горниот коментар). Фала на препораката!