Со здравје да се служи, предобар избор! 15Т Про е еден од најдобрите модели, и реално за таа цена Самсунг не нуди ништо апсолутно ништо, дури замисли уште продаваат телефони со 6/128 меморија во 2026 година. Е ќе ја платиш таа цена само затоа шо пишува Самсунг, живеат од слава.
Not normal....крш тел сум имала ,држеле и батерија и се ниту грееле . Ова 1.000 и кусур евра , страшно што народ купува
Во која смисла мислиш дали вреди? Секој за себе може да си процени што и како вреди во светот. Ако нештото го сакаш, можеш финансиски да си го приуштиш, вреди. Ако ти е товар на буџетот, не вреди.
Имам 17 pro max, според мене вреди. Многу издржлива батерија, јаки перфоманси, камера врв и за сликање и снимање.
Бидејќи нуди многу малку новитети во однос на претходниот модел, плус производството го заменија наместо титаниум со алуминиум ама па затоа цената останува висока а квалитетот намален оти штедат. Плус ист дизајн, дури имаш и ограниченост во АИ алатките за разлика од конкуренцијата. Искрено се плаќа само името и логото на брендот ништо друго.
Прашувам дали вреди за цената, дали го добиваш да речам 'врвот' во све? Брзина, квалитет, батерија, све..
Луѓе во околина што го купиле се презадоволни од батеријата, од камерата и перформансите. Според мене ако ти се свиѓа и ти е мерак да си го купиш, на крај краева секогаш ја имаш опцијата да го продадеш ако нешто не ти се свиѓа.
Врвот не, ама тука некаде кај врвот, меѓу најдобрите топ 3, во зависност од категорија. Најконзистентен е во сите категории, нема некоја голема слаба страна како на пример некои кинески телефони - топ хардвер, ужасно оптимизиран софтвер. Или топ камера за сликање, ама лоша за видео.