Јас имам прашање за телефониве кои ги купуваме преку оператор - тој што сакам да го купам Xiaomi redmi note 15 pro+ во Анхоч е 9000 поевтин од Телеком ама ми кажаа (не знам колку е точно) за ратата од телефон во Телеком дека си плаќаш камата. Испаѓа дека трипати го исплаќам преку Телеком телефонов.
Многу јасно. Тоа бонусот што ти го даваат всушност и не е баш бонус, се си плаќаш. Од оператор се најскапи телефоните.
@papillonP јас го имам и е ужас , апликации не работат како што треба , се губи од време на време тел , гоогле ми кочи црна слика ми се појавува , колку пати кликам на нешто не реагира . Не зимај хонор земи го хиаоми 15 про моделите се топ
Да споделам ужасно искуство од ледиком. Купив 16про, очекувајќи супер фунционален телефон нели, 46к го платив. Ај што се скроз неписмени у ист гејт, незнаат македонски да зборат камо да те услужат. Телефонот ми падна 8 посто на батери хелт за еден месец, и троши нереално батерија. Значи за 3-4 саати може слободно цела бат да отиде. На неколку пати одење таму и 5 дена држење на сервис, едвај ми го заменија за друг кој е ист ужас со батеријата. Никогаш повеќе експонат, посебно не од ледиком! Буквално ми го фрлија телефонот на маса..
Крш се експонати другарка зема па и се гасеше сам телефонот , ако даваат гаранција нешто ако можеш да го вратиш?
Никако експонати, повеќе пари давам за сервис од што чинеше телефонот. Од Мобеликс го земав. Полначот не беше функционален, т.е по една година ми цркна. Па задната камера, последно за звучникот го носев на сервис, сега нешто батеријата ме зеза, го полнам, по еден саат се исклучува. Еве сега, 40% беше, чепкам 5 минути и ми се гаси, го пуштам, на 8% едвај, wtf. Ова е нов проблем, пред месец ми го средија звучникот. Среќа имам резервен телефон, овој не знам зошто го поправам воопшто. Ни на старо телефон никако.
Ме интересира дали вреди да сменам батерија на ајфон 11 про, користен веќе 3 години, експонат купен од мобеликс или пак да си купам нов?
Јас немам искуство со експонати ама моја блиска личност има со Мобеликс. Во моментов користи два експонати од кај нив веќе по неколку месеци. Едниот Самсунг Галакси С24 ултра а другиот I phone, не знам кој точно. Од двата е презадоволен, ниту еден не му се празни брзо и не пројавиле никаков проблем. Јас на пример се плашам така да експериментирам ама очигледно е како ќе ти се погоди. Некои имаат лоши искуства а на некои им се погаѓаат. Ама реално, не им се баш ефтини ни експонатите.
Имам експонат ајфон 13 про макс, купен од Мобеликс пред три години, врв и денес во секоја смисла. Батерија ми држи буквално цел ден.
Не. Полнет од 20-80%, а некогаш максимум до 95% и никогаш до 100% и никогаш не е оставен преку ноќ на полнач кога е наполнет. Оригинал батерија и оригинал полнач.