1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мобилни телефони

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 4 март 2010.

  1. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Сум користел ајфон од 11ка до 15каа, нови. Ниту еден од нив нема со оригинален полнач. Едноставно полнач со нив не оди. Така да тоа оригинал полнач не оди. Освен ако нахнадно не купиш, 2-3к во ајстајл мислам.

    Е сега, здравјето на батеријата може да е репарирано. А да ти речат да, сменивме батерија.
    Колега мој смени батерија. Џигит нова на 14ка. И пак му се празнеше како луд. И на крај го однесе кај друг сервисер кој му рече дека батеријата само му е средена.

    Состојба кај мене. Ова е користење до истоштување. Галеријата само во слики е 4 пати премината од 0001 до 9999.

    IMG_2426.PNG
     
  2. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    9.845
    Полнач купен од Istyle околу 2000 ден 20W, само кабел имав во кутијата. Сигурно нема на 72.000 дадени да штедам на 2000 ден.

    Батерија немам сменето батерија ни телефон е носен во Istyle не знам зошто би имала причина да лажам.
    Го полнам на тој начин како што пишав погоре.
     
    На LibreGirl, bookslover и Panda00 им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    11.043
    Пол:
    Машки
    Секој полнач одговара на Ајфон. ЕУ го присили Ајфон на type c .
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    10.858
    Пол:
    Женски
    И јас вака го полнам, најдобро е за батеријата.
     
    На LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    42.604
    Пол:
    Машки
    Па нормално е ова. Обично еден cycle е кога се полни од 0 до 100%.
    Овој го имаш 1 година. Си го полнела на ден и пол. Значи реален е бројот.
    Процентот на батеријата е само проценка, не е секогаш точен.

    Колку време го имаш? И овој е отприлика 1 година користен. Полнет на ден и пол.
     
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    10.858
    Пол:
    Женски
    Како мислиш секој полнач одговара? Не е исто да полниш со шаоми 300 денари и со оргинален ајфон полнач.
     
    На LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    11.043
    Пол:
    Машки
    Исто е. ЕУ го натера Ајфон да користи type c полначи. Можеш да го полниш со рандом no name полнач исто како и секој друг телефон.

    А разлика измеѓу оригинален и no name речиси и да нема, бидејќи Ајфон исто така набавува полначи од локален кинез кој произведува секакви полначи и брендирани и не, работата е во тоа шо Ајфон штампа одреден сериски број на тој полнач и го продава како оригинален. Сите ова го прават. Ајфон нема фабрика и не произведува полначи туку набавува од локални кинески гаражи и има партнерство со нив да го штампаат името на брендот и затоа држи цена, иако тој истиот полнач со некое рандом име ќе биде поефтин.

    Btw, не го мешај Шаоми, Шаоми ги има најдобрите батерии и едни од најмоќните Mi HyperCharge полначи во индустријата кои ги применува и во неговите Шаоми возила :)
     
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    10.858
    Пол:
    Женски
    Ме заинтересира да се зачитам на темава. Не велам дека iPhone мора да се полни исклучиво со Apple полнач. Квалитетен Xiaomi, Samsung, итн. може сосема безбедно да го полни. Меѓутоа не сметам дека, USB-C компатибилност не значи дека сите полначи се исти.

    ЕУ го стандардизирал USB-C приклучокот, ама не и квалитетот на секој полнач. Два USB-C полначи можат да имаат различни компоненти, регулација на напон, температурна заштита, заштита од пренапон и различен quality control. Затоа не можеш да ставиш квалитетен сертифициран полнач и random no-name од 300 денари во иста категорија само затоа што и двата се USB-C.

    Плус да, ок, Apple користи надворешни производители, како и Xiaomi и практично цела индустрија. Но тоа не значи дека земаат ист no-name полнач и само му ставаат Apple лого. Производството се прави според спецификации, стандарди, компоненти и контрола на квалитет зададени од самиот бренд, бил тој Епл или Шаоми.

    Не знам што волку против Епл, а Шаоми секогаш се величат :D
     
    На baby-star и Panda00 им се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    11.043
    Пол:
    Машки
    Буквално е ист. Производството на Епл е целосно предадено на кинезите за полначи. Како шо ти реков, буквално една иста локална гаража/фабрика или шо и да е, прави полначи и за Епл и но нејм и за други брендови. Истиот процес е, истите машини, истите работници, истите суровини. Разликата е во тоа шо Епл бара тие полначи да бидат сертифицирани како нивни иако технологијата е целосно предадена на кинезите.

    Знајш како е ова? И Нептун има свој бренд, Фуего, така? Епа Нептун бара од некој кинез како Hisense да му произведува телевизори со негово име Фуего, или Сетек со ST. Одат во Кина исто како и Епл и таму се договара со некоја гаража за полначи, еве ти пари, прај ми телевизори или полначи под ова име и под овај бренд. И сеа овај кинезов таа му е технологијата како и за сите иста, не може да менува туку произведува само под различни брендови.

    Не сме против никого :D Ниту го величиме Шаоми :rofl:

    Зборуваме за факти и реалност. Кога станува збор за технологија, особено енергија, дали тоа се полначи, батерии и шо и да е, ниту Епл ниту некој друг американски/европски бренд нема замешано прсти во создавањето, се е предадено на кинезите зошто Кина по тоа прашање е најдоминатна.
     
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    42.604
    Пол:
    Машки
    Има разлика од кинези до кинези. Немојте да се лажете вака и да земате полначи од Тему и слично.

    Не е битно каде е нештото произведено, туку колку е квалитетно произведено.

    Неофицијалните полначи можат да се опасни и да настане поголема штета. Со струја нема играчки.
     
    На LibreGirl и bookslover им се допаѓа ова.
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    11.043
    Пол:
    Машки
    Не се кинезите проблемот.

    На Temu има и буквално ист тип на производи шo ги плаќаме 2-3 пати поскапо само затоа шо се продаваат преку домашен или познат бренд.

    Кај полначите, ако зборуваме за ист квалитет, спецификации и заштити, разликата може да биде минимална или никаква. Не плаќаш секогаш за подобар производ, често плаќаш за бренд, дистрибуција и маржа.

    Затоа не е баш туку така "не земај од Temu да не те мавни струја“. На Тему се најдуваат и брендирани производи за домашен пазар, е кога истиот е извезуван преку трговски ланци а брендиран како оригинален, тука доаѓа судир во цените.

    Кина денеска ти е еден од најголемите производители на квалитетна електроника во светот, без разлика дали тоа е no name кинез, кинез бренд или западен бренд праен во Кина.
     
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    42.604
    Пол:
    Машки
    Тоа треба кај нас да си регулираат какви брендови продаваат и зошто во големи ланци има "тему" производи со лажно брендирање за 4 пати повисоки цени.

    Може да се скроз исти. И да плаќаш бренд. Но како ќе го докажеш тоа? Електричар си? Во полначот си? Го тестираш?

    Минималната разлика може да значи разлика од тоа да ти вивне полначот во пламен, или не.

    Ако на нешто не треба да се штеди, тоа е квалитетна опрема за полнење.
     
    На baby-star, LibreGirl, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    10.858
    Пол:
    Женски
    Се слагам скроз.

    Ако е така, да почнеме да купуваме и телефони од Тему, ништо не им е, оргинални се. Кватро не зезај сега, ок е и некогаш да не си во право :D
     
    На LibreGirl, Panda00, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    11.043
    Пол:
    Машки
    Хахаха :D:handshake:

    Ама сепак, ако полначите а и не само тие, се со исти стандарди, нема некоја магична разлика само затоа шo едниот е купен од Тему другиот е брендиран.
    ЕУ дури воведе правила за стандардизација на полначите и type c, а CE ознаката е дел од усогласувањето со европските барања пред да продаваш во Европа.

    На крајот од денот, и тие и тие се Made in PRC :D
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.059
    Допаѓања:
    21.249
    Ова за сите брендови важи или е специфично само за Apple?

    Пошо 2 пати порачувам полњач за мојот телефон од Тему, no name, евтин. Во ред си беа двата, и брзи и си полнат супер. Немало проблеми.

    Едниот ќе тераше и поише од година, да не го акнев од земја и скршив адаптерот, моја грешка е.
    Земав ист таков, и еве го лета.
    И дур полни знам да го малтретирам, неам приметено поише од шо треба да загрева.

    Се мислев дали да лупам 2к денари, одлучив да не фрлам, да пробам со поевтин.
    Па сеа, вајда нема да ми експлодира..

    Не дека се проблем 2- 3к или колку и да коштаат, ако мора, него букв не знам шо разлика би можело да има, 45w си е и овој, еден од најпогодените и најискористените производи од Тему што иам порачано.
     
  16. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    3.179
    Пол:
    Женски
    Ваљда ние што ги користиме тие телефони со години, најдобро знаеме каков полнач им одговара и дали исто полни оригинал со no name. Не полни исто, ни приближно. Стварно не знам што сакаш да докажеш. :D
    Многу убаво прашање ти постави Били. И мене ме интересира. Како ќе докажеш, може да ни кажеш? :D
     
    На LibreGirl и bookslover им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    42.604
    Пол:
    Машки
    Никако.

    Со надеж дека нема ништо да се случи лошо. И ќе се заштеди една 1000ка.

    А никој не мисли на ризик дека телефони се оставаат во струја по цела ноќ, и една искра доволна е пожар да направи.

    Само ова ќе го оставам, па секој си знае за себе понатаму.

    https://www.itv.com/news/2026-06-09...by-online-can-cause-electrocution-which-warns

    И совет за другите, ако купувате кинески полнач, би ви препорачал Анкер.
     
    Последна измена: 10 август 2026 во 12:51
    На LibreGirl, bookslover и Panda00 им се допаѓа ова.
  18. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    3.179
    Пол:
    Женски
    За Анкер потврдувам и јас. Баш пред скоро време купив power bank од тој бренд, кога реков барам квалитетен дечкото во Анхоч одма тој ми го даде.

    И стварно е квалитетен и пребрзо полни, вреди за секој денар што не е случај со СИТЕ кинески и/или no name полначи од пазар. Ем што не полнат брзо, ем што постои огромен ризик. Другарка си ја уништи батеријата после долго користење таков полнач, дека е ист ко оригинал Apple нели.
     
    На LibreGirl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.059
    Допаѓања:
    21.249
    Е не оставам лично ја преку ноќ, тоа никако.
    И оригинал и не оригинал, нема шанса тоа :)
     
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.699
    Допаѓања:
    139.152
    Пол:
    Женски
    Веројатно зависи од принципот на работа на компанијата. Салкомп во своите фабрики (има во повеќе држави) прави и оригинални и повтини полначи за Епл. Читав луѓе кои велат дека нема некоја разлика. Можеби не е така со друг производител.
    За полнење на Самсунг телефони покрај оригиналните имам користено и полначи на Гембрд и Грундиг. Не сум имала проблем.
    Анкер се прилично популарни во светот, но кај нас се поскапи. Во Анхоч веќе може да се најдат поевтини оригинални Самсунг полначи.