Тешко, тие брзите се над 2к. Имав дома од 25w оригинален, преспор ми е, мораше од 45w да зеам. Многу се паничи некако, у ред е да сте внимателни, ама до волку
Еден од најдобрите брендови е за електроника. Ги обожавам, и сум користел нивни кабелчиња, полначи и друга опрема за во кола. Можеа да се нарачаат преку Алиекспрес и имаа добра цена споредено со тоа што се продава овде. Тука кај нас ги продаваат прескапо. Јас општо не би препорачал електроника да се купува од Тему, освен нешто што не носи никаков ризик. Пример имам порачано некоја ламбичка на батерии, термостат на батерија и слични ситници кои си бркаат работа и немаат некој ризик. А за другово не разбирам како луѓево кај нас си порачуваат. Ајде, океј, ако сакаат да користат, нека користат, туку лошо е кога се пропагира дека се добри, супер се, и како го "зафркнале" системот што платиле нешто за 100 денари. А ние што сме купиле оригинал, сме биле тие "зафркнатите" Уште ова ќе го ставам, од наш извор, тестирано, проверено, од наши луѓе кои се разбираат и отвориле парче електроника да проверат што има внатре. Толку од мене. https://it.mk/kolku-se-bezbedni-proizvodite-od-temu/
Овие 25киве се некоја стотка помалку, а 45киве со 100 денари разлика што не е многу. Од Гембрд има 45ка за под 1000ка и под 2000. А, за паника нема потреба. Може да се провери реномето на компанијата, па да се одлучи.
Муабетов шо го кажа "ние шо ги користиме со години најдобро знаеме“ не е доказ, туку анегдотско искуство Телефонот не зема " колку шо сака“ од полначот, туку контролира самиот колку струја ќе повлече и со која моќност ќе се полни. Полначот може да има 65W на кутија, а телефонот да зема само 10W, ако не го поддржува потребниот протокол. Исто така, "оригинален“ не е магичен збор дека е совршено. Битно е кои струјни профили и протоколи ги поддржуваат полначот и телефонот. Ако два полначи и скап брендиран и ефтин даваат ист профил шо телефонот го бара, телефонот нема да каже " аааа овој е no name помалце фрла струја". Ако no name или брендираниот полначот не поддржува fast charge тогаш да ќе полни поспоро. Ако е неквалитетен, може да има само поголеми падови на напон, нестабилнос, и знајп шо? Тоа ти се само реални технички разлики Ама муабетов "не полни исто, ни приближно“ без едно единствено мерење е само лично искуство кој си го претставуваш како факт. Така шо, кога веќе ми барате доказ со дали сум електричар или дали сум во во полначот, повели, докажи го ти истото со факт дек брендираниот е посупериорен
Не знам какви уште докази бараш. Горе две ставив. Една од наш извор. Ама еве ти уште. Пример од луѓе што се разбираат од електроника. Читај коментарите: https://www.facebook.com/groups/ElectronicParts/posts/2296072003915455/ Еве ти за power bank https://www.zdnet.com/article/temu-charging-gadgets-teardown-safety-concerns/ Со еден клик можеш да најдеш уште сто други хорор приказни со "no name" полначи и друга опрема од Тему. И веќе ако се порачува, да се земе бренд како Anker, Ugreen, Baseus. Топката е во твои раце сега. Отвори го полначот дома и докажи дека е ист со оригиналот.
Да, од искуство зборам. Сите на темава споделуваме искуства, за разлика од тебе. Баш зашто сум користела и оригинални и no name, одлично знам која е разликата во полнењето и во квалитетот. Какво е твоето искуство? Си користел некогаш Ајфон или вака на памет си разглабаш теории на заговор чисто да испаднеш најпаметен? Кога сме кај факти, чипот во телефонот можда ја диктира струјата, али тоа апсолутно не значи дека квалитетот на адаптерот е небитен и дека е истиот полнач во продавница и на пазар, и на Тему, замисли. Евтините no name полначи имаат очајни филтри. Осцилациите во напонот го преоптоваруваат чипот за полнење и ја уништуваат батеријата со топлина. Квалитетните и оригинални полначи имаат заштита од пренапон, што не е случај со no name кои при скок на струја го спалуваат телефонот наместо сами да изгорат. Поентата не е дали евтиниот полнач ќе пушти струја, него колку таа струја е стабилна и безбедна пред сѐ. Поентата е во заштитата. И ова не го кажувам ја од ,,лични импресии", ова го кажува најобично гугл пребарување. Ова ти го кажа и Били, што за разлика од тебе знае што збори. Така да малку смањи доживљај и прекини да напнуваш луѓе на форумов да се водат по твоето мислење и искуство. Не знам зашто имаш потреба да оспоруваш нечии искуства. А ние што сакаме и користиме Ајфон сме комплексаши и патиме од јаболчето, тој дел си го пропуштил. Шаоми е машина, друго сѐ гола вода.
Види, нема шо да пропагирам, споделив искуство. Сум немала лошо искуство до сеа фала Богу. Не ми се запали куќата еве ја си стои и покрај 2 полњачи А со фабрички дефекти и маани можат да бидат и оригиналите платени и преплатени? Се сеќаваш на Галакси Ноут 7? Телефон и тоа, јак, бренд.. Шо знам, ја не би ги земала без воопшто резерва квалитетот и стандардите туку така. Поготово па денес, коа е толку дискутабилно и се сведува на тоа како ќе ти се погоди.
Фејсбук експертизам Не ме зезај. Внатре во полначот поедноставно не може ни да биде. Имаш обична плоча како матична и мало чипче кое се вади цела електроника од држачите во напон шо одат. Ама ако бе, нека ви наплаќаат. Не е точно дека секој no name полнач автоматски ќе ти ја уништи батеријата поради некакви осцилации шо ти ги кажува gpt И немој "сум користела оригинален и no name“ да го претставуваш како доказ за суперорност. Лично искуство е лично искуство, не лабораториски тест Инаку, не е Шаоми единствениот шо има шо да му понуди на Епл. Денес и Хонор, Хуавеј, Опо и други кинески брендови имаат технологии каде шо Епл допрва фаќа чекор. Патем, Епл е 99% зависен од кинеската технологија, без неа, Ајфон нема да го има А ти до лани еден муабет кажуваше за кинеските брендови, сеа па друг. Дај одлучи се, Google Pixel, Xiaomi или Ајфон сеа?