Повели: https://www.pazar3.mk/ad/electronic...-16-pro-max-256gb-kako-novi-full-pack/6359804 https://www.pazar3.mk/ad/electronic...-17-256gb-a1-mk-nov-neotpakuvan-vakum/5183712
Самсунг ултра се подобри во однос на камера од Ајфон. Скоро сите околу мене се со Ајфони, ме тераат мене да сликам и се чудат зошто е подобар. Кога веќе даваш толку пари за Ајфон и очекуваш за помалку пари дека ќе добиеш подобар самсунг, не, вложи ги истите пари на ултра, никогаш нема да преминеш на друг. Беспари да ми го даваат ајфонот, не го земам. Камерата е лудило. Да не зборам што zoom-от е светлосни години помоќен од него.
Нов, ама ако се расипе или нешто викаат не ставале баш оригинал делови како од др продавници кај што е поскап не знам ич.
Мислење за А37 5G и А57 5G? Најважно ми е телефонот да е долготраен, да не кочи, добра меморија и да има добра батерија. Моментално користам xiomi note 9 pro и позитивно се изненадив од долготрајноста без некој посебен проблем.
Искуства со ајфон експонат од Мобеликс? Јас веќе две години користам експонат од Ледиком и е топ, ми треба искуство за некој кој земал од Мобеликс?
Ќе ти бидат и двата апгрејд. А57 е подобар, но зависи за која цена ќе го најдеш. На огласи се наоѓаат, нови, неотпакувани што ги земаат луѓе од договори и ги продаваат за некои 300 евра, А37 исто така за некои 250 евра. Па се зависи цената како ти одговара. Доколку сакаш долготраен да биде, разгледај го и Ѕ25FE, и тој на огласи го има некористен, или малку користен за слична или малку повисока цена од А57, подобра опција е. Мачка во вреќа, како и експонатите од било која мобилара. Тоа се стари, користени телефони купени од странство, обично телефони кои се заменети старо за ново во странство, телефони кои се вратени во сервис, па поправани и менувани делови, итн. итн. Еве едно добро видео за какви телефони се работи, пошто слични се со тие што ги продаваат на Амазон. Или со други зборови, не знаеш на што ќе налеташ. Затоа моја препорака е секогаш земање на старо телефон од човек кој си го користел овде, со гаранција, со се, каде што може да се види дека не е сервисиран.
Добар сервис за Самсунг екран во Скопје? Изгледа е оштетен мал дел од дисплејот, се гледа мала зелена точка при пуштање на екранот.
Ако ти е под гаранција, прашај дали ти опфаќа поправка. Ако не, тогаш во некои поголемиве мобилари и сервиси прашај си.
Во план сум првата половина од следната година да земам некој понов модел на iPhone. Кој модел би ми препорачале да го земам, освен најновата верзија?
Иди на iphone 17 pro max, не гледам причина и разлика од 17 и 18 освен 800 евра разлика скоро во цената.
Прашав за препорака, не дека веднаш ќе одам да купам телефон што тука ми го препорачале… Правам и јас истражување…
17 Pro Max, доста се фалат од батеријата. Пошто после 13ка моделот се друго им е промашај, ама на 17ка гледам управиле.