Батериите и тоа како опаѓаат кога има у најава нов апдејт. Јас имам 17ка и одличен е, сестра ми уште одлично функционира со 11ка. Ништо не е релевантно, само колку го чуваш телефонот. Дали се празни до исклучување, дали е оставен да се полни цела ноќ, дали има игрици кои го загреваат телефонот и сл.
Покрај тоа што ти препорачаа, и бејзик 17-ка е одличен телефон, ако сакаш помало, компактно, по буџет телефонче. Тоа што не извадија обична 18-ка само говори колку добар модел е.
Дали во Нептун, Мобилекс и слични има квалитетни телефони? Сакам да купам некој телефон, а да не е од А1 и слични...
Во Нептун, Сетек, Анхоч телефоните ти се оригинал и доаѓаат од официјални дистрибутери застапени за Македонија исто како во А1/Телеком. Ледимом, Мобилекс и другите мобилари, телефоните исто така им се оригинал ама само се намените за Блискиот исток пазар и тоа не го прави поразличен од Европските серии, може само покасно или побрзо да добиваш апдејти зависи од регионот. Предобар, дефинитивно. Во таа класа подобар е од конкуренцијата, во Ледиком имаат добра цена баш за 8/256.
Баш во Ледиком сеа глеам, стварно не знам. На почетокот запнував за Z Flip 8, премногу е фенси дизајнот, живи мераци по него, ама.. Многу е скап, за таа цена знам дека се наоѓа далеку подобро Во игра ми се и обичниот S25, и S26 Fe. S25 128 so 12gb - 35.700 S26 FE 256 со 8 - 34.690 И како шлаг на тортата S25 Ultra 49к за 256. Што нормално е ѕвер. Што е најпаметно у случајов за парите што би се дале? Сакам да пробам и мало компактно телефонче како обичната s25, ама па ме кочи малава меморија..
S25 Ultra е знаменосецот, секако, не се ни дискутира. Помеѓу С25 и С26 ФЕ, С25 е дизајнерски покомпактен, има и подобар процесор а и камера особено со таа функција за телефото. С26 ФЕ е понова моделска година само за разлика од С25 обичниот. Разликата е во тоа шо С26 ФЕ има повеќе интерна меморија и поголема батерија него овај другиов. Ако ти треба за меморија и да ти држи повеќе батерија, С26 ФЕ ти е одличен тел за цената реално, а С25 ти е ако сакаш подобра камера и процесор пример ако гејмаш. Јас би го зел С26 ФЕ пошто повеќе ми се свиѓа и дизајнот а и нов е сеа во Август излезен. Повеќе ми треба меморија отколку камера, пошто апликациите се зголемуваат секојдневно па не е на одмет да иам поголема меморија отколку камера и онака не сум посликањето многу. Е сеа процесорот кај овај е појак да, јбг, ама па за просечна употреба не ми треба, и онака не гејмам нити друго.