Ако некој успее да се најави на апликацијата од а1со твојот број све има детално,кога каде и колку си зборувал. Буквално све има.
Не може, просто не смеат според закон да даваат на никого освен ако немаш дадено полномошно. Пријави ги. Едит. нели имаат офицер/и за заштита на личните податоци?
Уште тогаш се сомневав во ова, сега потврдено ми е од самиот што ги барал и добивал информациите. Знам дека е кривично дело, само не знам кој од вработените таму го правел тоа. Ќе се обидам да преземам нешто ама дека ќе се открие кој го правел, не сум сигурна.
А кој ќе те заштити за да не ти гледа во телефон? Закони нема. Утре ќе го однесеш на сервис, а тој може сликите твои од плажа да си ги препраќа кај него и ти да не приметиш. Денес ништо нема сигурно, со чест на исклучоци. Чим во А1 прават така, којзнае како е во други места.
Јас таква случка имав пред неколку години, лаптопот на сервис и папка со контакти. И после почна да ме уценува, ме влечеше со месеци и месеци. На крај му реков прави што сакаш, а дека реално нешто ќе видиш од нив - нема, виде - не виде ми го врати. Оттогаш натаму не сум оставила и нема ни да оставам на сервис. Строго на некого што го знам, а да се бави со тоа.
Богами требаше. Тежнееше да изнуди сума на пари, мислеше ваљда дека ептен нешто се крие позади контактите. Далеку од тоа да ми беше сеедно, вртев после на дел од луѓето (тие што веќе ги имав на телефон), се објаснував и за среќа наидов на разбирање. После фино ми го врати, дури и се извини (е сега натаму не знам како е било, дали си пробал со некого од контактите и дали си добил тоа што си барал, пари посекако не добил - во тоа сум сигурна).
Ти стварно треба да имаш меки нерви и добра душа штом си го оставила. Јас за вакво нешто пепел би го направил и би го кажал на сите кој е и каде работи. Замисли си да си имала интимни слики. Па кај вакви лудаци замисли што можело да се деси.