Го има некој користено телефонот Samsung Galaxy S III?Досега имам сменето два телефона и не сум задоволна.Многу го фалат Samsung,па ако некој го има користено нека ми пише во лп.
Другарка ми го има и е многу задоволна од истиот.Батерија знам дека држи долго време,а башка има милион апликации.
Јас го имам, го купив летото и еве после повеќе месеци сеуште сум презадоволна. Екранот е поголем од стандардните, но за мене е тоа само плус. Кога сум во движење, т.с патувам постојано сум обесена на интернет и на раат си листам и си читкам. Сликите се супер, имаш милион апликации за нивна дообработка и директно да ги препраќаш на маилови, ватс ап, фејсбук... Го носам и во џеп од џинс со поголем процент на ликра или панталони, а не само во ташна. Батеријата зависи колку го користиш за на нет. Ако си дене ноќе обесен, еден ден. Ако нормално го користиш 2/3. Кога пуштам музика без да користам слушалки е со одлична јачина. Колку повеќе апликации(секако кои ти се потребни), толку поголема искористеност. Јас како поранешен корисник на ајфон сум многу позадоволна од галакси 3 во однос на сите можни технички карактеристики. Целосно го препорачувам.
Јас имам HTC Desire C и сум презадоволна. Телефонот е одличен, работи многу убаво и брзо. Има многу апликации што ги има во телефонот ама има уште милион кои можеш да ги спуштиш од интернет. Има facebook, skype, twitter,... да не ти набројувам. Wi-fi -то исто така работи одлично. Е сега не знам точно кој HTC Desire сакаш да го земеш, HTC Desire C нема блиц камерата, мене искрено воопшто не ми смета Има 1 гига меморија меѓутоа можеш да ставиш мемориска картичка до 32 гига Топло би ти го препорачала
Зарем никој нема ваков мобилен , молим ве пишете да не се зезнем многу ми е битно како работи ваерлесот
И јас имам HTC Desire C бел и сум многу задоволна има многу апликации и Wi-fi -то е супер имам спуштено многу игри и апликации ама рабори брзо и е супер би ти го препорачала
Неверојатен. Нема подобар. Дефинитивно. Веќе 15 дена од нашата врска. Го облеков во една тиркизна, полутранспарентна маска од iStyle, која се покажа скроз неквалитена, ама неќам да го дружам гол, ми е страв да не ми се оштети. :geek: Оти, како шо сум спретна.
Некој коментар +/- критика...искуство за овој телефон Еве ги карактеристиките: http://www.gsmarena.com/zte_grand_x_in-4962.php
Ве послушав и си го купив HTC Desire C сега за сега сум задоволна,да ве прашам колку брзо му се празно батеријата?
Со здравје да со го корстиш, убави абери да слушаш За батеријата зависи. Ако не ти е уклучен wi-fi 24 саата трае батеријата некои 4-5 дена. А ако ти е уклучен wi-fi тогаш 2-3 дена од прилика. И исто зависи колку го користиш телефонот игри аплиации итн.
Секогаш имам лоша среќа со мобилните, се некој ми подарува Алкател и сакала или не морам да ги користам зашто стариот е крш. Додека никој не ме изненадил, сакам да се информирам најпрво за телефонов, батерија колку време држи, дали закочува на моменти и слично. Специфичности има или е класичен Андроид телефон? Move balance oд T-mobile Спојлер Ве молам, за побрз одговор
Телефонот е класичен андроид. Батеријата држи до 3-4 дена со минимално негово чепкање, а ако си по цел ден на него тогаш побргу, можеби ден, два. Во врска со батеријата сум задоволна, значи не е како другите андроид што ги знам, што многу побргу им се троши. Камерата не е нај нај ама сепак е задоволителна. За закочување да, ама кога имаш отворено повеќе апликации и слично што е и нормално. Тоа е тоа на кратко, оценка 9/10. За тие пари е супер. едит: уште еден плус му е големиот екран што е многу добро . Има многу добра резолуција и одлична прегледност при пребарување и сл.