вака сакам да ве прашам каде може да најдам маска за alcatel ot 806 бидејки не сум од ск а таму може да има по мобиларите да има да прашате колку пари е ке може ли некој тоа добро да ми го направи позз
Никако немојте да го купувате Нокиа C3 За две недели ми отиде тачот и ене го кисне на сервис цел месец,кога им го однесов ми рекоа-ааа,па многу брзо ви се расипал,обично месец два трае СРАМОТА! Сега гледам некој HTC ама и тие не биле нешто нај,едино ми го пофалија HTC sense,a за другите ми рекоа дека од време на време се гаснеле сами и батеријата не држела ни ден,пошто 90посто се трошела за екранот Има ли некој нормален телефон денеска?
народе прашав за алкателот не ми одгворивте а маска за овој тел можно е да има на зелен пазар или јок http://swotti.starmedia.com/tmp/swotti/ ... 0j7004.jpg
Дедо ми е фанатик за телефони. Има купено и искршено повеќе од мене. Сигурно ги има сменето повеќе од 5, а башка мене што ми купувал. Е сега вака, прашањево се однесува за неговиот телефон, последно зел LG со тач(зошто од таа понуда што ја сакал, недавале поинакви) и сега мислам дека во понудата имало вклучено 3G интернет, ама не знаеме да го приклучиме. Како да го активирам нетот ако го има зошто преку гугл се појавува дека не е поврзан со мрежа? Се работи за ист ваков телефон, само што неговиот е бел http://www.t-mobile.com.mk/public/defau ... 102&et=168
Lux, ако е телефонот од Т-Mobile купен, најдобро јавете се на 122 и разговарајте со оператор, можеби не е му е уклучен интернетот (се дешаваат грешки). А, онака за од самиот телефон мора да има некаде низ Settings, ама ако не е уклучен нема ни да го дава како опција мислам .
Епа тогаш најдобро нека си појде во т-мобајл и нека си се разбере, не му го местам јас, нека си се снајде сам малку лошо од моја страна, ама отсекогаш сум мразела да правам муабет со оператори.
^^ Не е ништо комплицирано, ќе им кажеш што е проблемот и ќе ти кажат што да направиш. Можно е да те прашаат и за моделот на телефонот, зависи. Иако во последно време е чудо да ги добиеш, со саати дремеш на таа музиката. Имаа и критики на страната на Фејсбук.
Ај некој што го користи Т-Mobile Move Balance ако може да ми одговори. Значи сите броеви ми се на сим и сега кога ми звони некој не ми го дава како да ми е пишан туку само бројот, стварно ме нервира незнам кој ми звони еве слика од телефонот за секој случај Спојлер
Без мобилен не можам! Имам изгубено,изкршено милион мобилни и скоро секоја година нов. Таман се навикнам на некој право го загубам и така... Сега моментално имам самсунг на лизгање,но сега ќе си добријам iphone па чекам...
Го имам истиот и бара броевите да ти се меморирани со +389. Преправи ги кога нема да те мрзи и нема проблеми после
Sony Xperia U, ај ве молам коментари за телефонов ... искуство некоја од вас? Еве ги и карактеристиките
Имам HTC Desire C и деновиве нешто екранот не сака да ми се ротира подесено ми е на auto-screen rotate,ама пак не сака да ротира Помош?!
Имам еден проблем. Имам телефон, htc wildfire s. Последните 2-3 дена имам проблеми со микрофонот ( изгледа со микрофонот) ( да напоменам дека сум на ВИП но мрежата е сосем добра) И кога се јавува некоја другарка премногу добро ја слушам а тие ме слушаат како од тунел, многу слабо. Во што е проблемот? Имам гаранција, но ми е страв дека истата нема да ја прифатат. Ве молам помогнете. И уште нешто...кога ќе ги клам слушалките од тел. многу добро ме слушаат Поздрав. Очекувам ваша помош.