И јас го имам овој телефон и сум презадоволна,го купив пред неколку месеци,а тачот функционира супер,за разлика од минатиот телефон што го имав.Инаку мојот телефон е црвен.Јас мислам дека треба да си го купиш,плус сега во T-Mobile има попусти на Xperia Tipo.
До пред 3 дена користев HTC Desire C, ама и го дадов на сестра ми многу и се допаѓаше па татко ми ми купи, HTC WINDOWS PHONE 8X, го земавме на рати, на 6 месеци и се исплаќа.
Девојки , немам време да вртам наназад, можеби имете пишувано за телефонов, како и да е ,ако имаат некои од од вас ваков телефон сакам да прашам како сте задоволни од телефонот , особено неговата брзина
Јас го имам, и супер е, ти го препорачувам. А и за смартфон не го зедов скапо, на претплата 500 ден, дадов 6500 ден. Инаку имам прашање до другите, кој андроид е подобар: 2.3 или 4.0 ?
Без телефон можам но само затоа што имам I-Pod.Од I-Podot сум многу задоволна освен што немаш интернет без Wi-Fi или Hotspot.Телефонот знам и по цел ден да не го видам .
4.0 , понова верзија е, мада и ако имаш 2.3 можеш да го надоградиш, секако кога ќе испадне понова верзија за твојот телефон.
Имам Sony Xperia Tipo....Телефончето е супер .. само кај мене мислам дека има еден мал "проблем" на екранот ми се појавува како црвена рамка повремено, значи одма се појавува и се губи дали некој знае во што е проблемот??? фала однапред
Дали некоја од вас што има Sony Xperia Tipo може да ми каже колку време ви трае батеријата? Ептен ме нервира што не можам ни еден цел ден да издржам без да го наполнам значи 24 часа ако сум излезена и без НИШТО да работам...повторно ми се празни...Мислам дека тоа не е во ред...
Ако го користам повеќе, ако „штракам“ на него ми држи еден ден, значи некои си 24 часа, а кога не го користам многу држи и два дена. Сепак, апликациите ја трошат батеријата
Има една апликација, ако го преоптовариш процесорот почнува да се појавува црвена рамка на екранот, како предупредување. Види да не ја имаш таа ставено, да ја тргнеш. Ако горе во левиот агол имаш исто информации околу процесорот тогаш сигурно е од апликацијата
Вчера кога си легнував си наместив аларм, ги исклучив сите апликации, немав интернет и сабајле кога станав беше празен...целосно празен - не можев да го приклучам...Тоа во ред е?
немам ништо во горниот лев агол не е ни преполнет има уште многу слободна меморија..а дали ке можиш да ми кажиш да ми кажиш како се вика апликацијата? фала
Веќе скоро 2 години го користам и не жалам што го купив. 4000 денари кои секој месец ми ги враќаа како кредит и телефончето фактички доага без пари. Има многу добра камера, фи-ви, блутут, можеш дури и апликации да си слимнуваш(игри, месенџер..) Спојлер Но пред некој ден незнам што се случи сигурно имам расипано нешто или штракнато...кога некој ќе ми се јави или обратно јас неможам да го слушам, а тој може...прв пат така ми се случува па незнам што е