Каде мозам да најдам убави маски за ајфон 4с,сакам силиконска футрола,барав по мобилариве и по пазари али само има црна и бела,да не знае некој,м?
Го користев едно 6 месеци ама го баталив пред месец дена. Телефончето е супер, само од камерата не бев задоволна. Преку ден знае добри слики да вади ама навечер пошто нема блиц ништо не може да извади. Тоа ми е единствена забелешка за овој телефон иначе е супер.
http://dx.com/ Разгледај си на странава има доста интересни ствари и по пристапни цени и испорачуваат кај нас. Иначе на Бит-пазар на тезгите надвор од пазарот има највеќе избор поготово за iphone, јас купував бампери од таму по 80 или 100-че, а во мобилари истите од ист производител, во иста опаковка по 300 и нешто ги видов, или стикери на нет до кај 5 долари(200денари) имаш да бираш какви сакаш а во мобилара ти се дупло ако не и тродупло. Е сега онакви мачки, кучки и сл. интересни маски само од нет, кај нас и да ги има гарант се со некои баснословни суми, еве Сенза ги предложи iStyle, што искрено мене не ми се влегува заради астрономските цени и за маска на која ќејфот ќе ти помине по 2-3 недели.
Од кога си го земав првиот Самсунг сменив 4 телефона за 7-8 години, и наскоро сакам да земам нов, и дефинитивно пак ќе биде Самсунг. Едноставно ми е најубави телефони, сите други брендови ми се некако машки телефони, не ми се допагаат воопшто. Ваков имам моментално:
јас го имам овој веке 3 месеца супер ми е тел малку тачот на ладно ме зеза ама планирам да го носам на сервис а и камерата не му е кој знае што ама имам дигитален па супер ми оди а и не ми се допага што мора да ги сечеш сликите пред да ги ставиш на позадина. http://blog.mobiles.co.uk/wp-content/up ... a-tipo.jpg
Јас го имам веќе 8 месеци, и задоволна сум. :up: Батеријата држи релативно добро (зависи колку го чепкаш телефонот и што правиш ), го преполнив со дополнителни апликации.... Е сега, јас лично имав проблем со алармот Наместен ми беше да ми звони секој ден од понеделник до петок во одредено време, арно ама-не звонеше Си симнав таква апликација и сега немам проблем. Спојлер А проблемот со алармот е очигледно проблем на повеќето HTC телефони, имаше колешка Wildfire S, сега има HTC One, и со двата го има истиот проблем како мене Тоа ми е единствената замерка, инаку телефонот е супер, немам никаков друг проблем со него Ако си ставиш мемориска картичка, ќе си имаш повеќе од доволно простор за многу музика и апликации
Дали знае некој дали можам да ставам антивирусна програма на телефонот, од мн апликации и интернет ми се преполни со вируси па сакам да си го заштитам оти онака мн кочи и се блокира :geek:
Ќе се самоцитирам,не Ес тројката,ми донесоа Samsung Galaxy 2 mini Ве молам ако некој има ваков да ми каже дали е задоволен што се има и слично
Пред некој ден една другарка ми го покажа, сега брзо го земала, од малку што го чепкав јас се заљубив во телефонот. Ако менувам телефони, дефинитивно и јас ќе земам ваков...
Девојки колку чини точно iPhone - от кај нас ? Сакам да знам Дали има голема разлика во цената , во Америка и кај нас ? Дали се исплаќа да го порачаш
И јас многу сакам мобилни телефони, мојот каде што сум јас таму е и тој Ама сега планирам да си купам нов на тач па ај предложете нешто оти појма си неам кои телефони се најдобри (бтв и цената кажете ја )