Најлепша, фала за странава, преубави маски има за 4-5 долари, живо џабе. Еве уште една страни за нарачување од нет, има лудило избор на маски барајте смао тие тие што имаат бесплатна достава. http://www.aliexpress.com/ П.С Најубава имаш искуство со дх.ком?
Еве ви цени за нов уред од T-Mobile. http://www.t-mobile.com.mk/public/iphone.nspx http://www.t-mobile.com.mk/public/iphone4s.nspx
Ми падна телефонот во вода.Го избришав..се вклучуваше пишуваше само самсунг ..а сега не сака да се вклучува што да правам на тач е Galaxy mini2
Ги имам двата, LG го зедов оваа сабота кога го продолжувавме договорот на vип, а HTC го имам неколку месеци и сум презадоволна од него, мада не можам многу да кажам критика за елџи зошто го имам само 3 дена, ама вака не се гледа лош, ама за 0 денари е добар, нема андроид, ама има вифи и за цената е добар.
^ Лукс, LG има Андроид, всушност и работи на тој оперативен систем. Јас го имам неколку месеци и задоволна сум ептен. Батеријата ми држи и по недела и пол, а го убивам од слушање музика и правење муабет. И камерата не е лоша, убави слики вади, ама нема блиц. Мене не ми е ни потребен, ама на кого му е важен, нека си види.
Викаат со правосмукалка да поминеш ко демек да ја извлечела водата и со фен од подалеку да дуваш да се исуши. Ова сум го слушала, ама не ти гарантирам дека ќе ти помогне или ќе ти направи поголема беља
Имам Xperia X8 и телефоните се покажаа катастрофа, кочи како луд, побрљавува, веќе 2 години го имам и нема апликации во него многу за да кочи, уствари нема ич само неопходните и одвај чекам да дојдам до некој денар да го сменам, живците ми ги искина. А и батеријата ни еден ден не може да издржи
Јас имам Iphone 4, презадоволна сум, само да ви кажам дека многу повеќе ви се исплати да купите на старо од некоја од мобиларите или пак од оглас, отколку да купувате на ново... Ако на ново е 500 евра, на старо NEVERLOCK е 260-270 евра, 16GB. Повеќето од телефоните што ги продаваат по мобилариве се како нови, а реално разликата во цената и не е баш мала... Јас се одлучив за оваа варијанта (купување на старо) бидејки имав многу мерак за Iphone, а не ми се даваше 500 евра за нов и не се покајав.
Cкроз истиов розев го имам и Cупер е телефонот, до сега ми паднал 5-6 пати, и ништо не му е Mене ми е добар, и лесен ми е за работа, за пишување итн... Eдит има и Mакедонско мени
Дечко ми имат iphone5 и задоволен е,супер си е телефонот,а јас samsung galaxy s3 и презадоволна сум,брз е,тачот е екстра..
И мене ми се има ова случено со еден LG што го имав порано, во езеро ми падна Извади му ја батеријата и суши го телефонот и батеријата над телевизор- ако имаш CRT телевизор. Јас така го чував една недела и после работеше. А исто можеш и во ориз да ги ставиш еден ден така расклопен и ќе се исуши. Вака не сум пробала, но многу луѓе ми кажале дека е ефикасно, па сега што знам... Јас иначе имам I-Phone 4S, поклон ми е од татко ми за нова година и супер е само што многу го реметам и батеријата на deadline ми е, па на школо си носам полнач И обавезно имам заштитна фолија бидејќи многу е осетлив стварно секоја грабнатинка се познава и брзо се оштетува и не го препорачувам искрено Подобро некој поедноставен да си имаш да не го жалиш, него овој, па стално си мислиш "леле 500 евра в канта ќе ми одат бла бла..." Имам уште еден Sony Ericsson W705- омилено телефонче ми е, што се нема преживеано свака част Сакам некој со две картички да си земам, ама до сега сум слушнала само за Samsung D880, никаков ми е
За оние кои прашуваат за цената на iphone, jaс имам 4s и го купив 30 000 од салон на т мобиле, а гледав и низ мобилари 4ка имаше и за 18 000, а 4s беше над 20000 и затоа пресеков за нов од продавница. Сега со 5ката не верувам да е мн падната цената на 4s, зошто 5ката е околу 700€