Еве го мојот. Alcatel OT 908,многу е добар,има и андроид и добра камера и многу си го сакам телефонов Скоро година дена ми е
Општи прашања Имаш од 16 па нагоре. Зависи од зачуваноста, перформансите и итн. Јас гледав есента во една мобилара во Скопје, ама се фрапирав кога видов дека внатре беа секакви мејлови, слики и што не од некој претходен газда, па на друг не му работеше звучникот за слушање, а и цените им беа по 300 евра. Кај толку фалинки па уште и 300, и накрај не купив од таму, туку од мобилара на Т мобиле за 500 евра нов. Не ти препорачувам на старо.
Девојки ме интересира дали некоја од вас го има Sony xperia Miro. Планирам да го земам, меѓутоа би сакала да слушнам искуства и мислења. http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0
мхм да еден другар има, телефонот има екстра добра камера уствари супер е целиот, ако нешто подетално те интересира прашај
Епа супер, мене искрено највеќе и за камерата ми е. Онака друго што ме интересира е дали држи батеријата, дали е лесен за управување. И секако ако има некои недостатоци ако знаеш кажи ми Фала многу
Па како и секој андроид тел е лесен е за управување, за батерија држи доста, секако тоа е како ќе ти се погоди но другар ми се нема пожалено овие 5-6 месеци (колку што го има), за недостатоци ај ке прашам подетално и ќе ти пишам Ааа и да другар ми постојано го носи во она футролата што е за телефони чуствителен бил мн екранот
порано многу користев мобилен ама сега не сум толку зависна од него,шо знам...а и подобро ми е нема кој да ми здодева
Татко ми пред некоја недела се врати дома со ZTE Grand X IN и топло го препорачувам. Лесен е за ракување, куп апликации за евтини пари + е доста економична замена за ајфон. Мене ми се допаѓа и дизајнот. Елегантен е на око. Тачот е многу лесен. Нема потреба да се тепаш со телефонот додека стиснеш нешто. Камерата е солидна, ништо запрепуставички добро.
Во кој сегмент е замена за ајфон? немаат ништо слично, ама баш ништо, почнувајќи од тоа дека имаат комплетно различен опреативен систем, понатаму и незнам за што би се правело муабет дека заменува
Не се разбирам во оперативни системи, но секако дека имаат сличности колку и да биле мали. Мене ми е сличен, тебе нека не ти е. Кога го гледам мојот телефон и Zte-то наоѓам работи што ме потсетуваат еден на друг.
LG Optimus L7 P700 - како сте задоволни вие што го имате? Знам дека ЛГ важат за телефони со послаби перформанси, ама овој го разгледав и до сега сум прилично задоволна. Солидна камера, меморија и лесен тач.
Не е работава дели мене ми е сличен, а тебе не. Факт е дека нема ништо слично. Ниту храдверски, ниту софтверски. Тоа е исто ко да речеш ти личат ферари и астра зашто и двете имаат врати и прозорци па ти наликуваат Не ми е поентава да се докажуваме ние две, него работава е да не се зафркне некој мислејќи ќе купи некоја копија на ајфон. Не велам дека телефонот е лош, ама ако некој бара нешто слично на ајфон, а поефтина варијанта, тогаш не го ни гледајте телефонот. Ако сакате добар телефон, со андроид тогаш нема да згрешите со телефонов
Боже господе. Јас не реков девојки парите во џеб и правец да сте го купеле телефонов, што ќе фрлате 600 евра на iphone 5, башка на листа треба да се запишете. Реков јас го препорачувам и мене, значи мене ми наликува. Не ме интересира ни софтвер, ни хардвер кога мене ми наликува и тоа е тоа. Не можеш да ми смениш прв впечаток.
Девојки а каде би можела да најдам сочуван iPhone 4 или iPhone 4S на старо или нов би било подобро да се земе? што мислите вие?
Па доколку си во можност сигурно дека е подобро нов да си купиш Посочуван од него не ќе најдеш сигурно