Јас не ти го препорачувам, ЛГ воопшто како мобилен, не препорачувам. Јас бев луда по овој мобилен, на изглед е најдобар до сега шо имам видено, на рака како лежи и се, ама тачот за кратко време ќе се зафркне, Лг мобилните се познати по тоа, па подобро не ни ризикувај. Мене истото ми го кажаа во Т-мобиле, кога бев пред неколку месеци да купувам мобилен. Нешто слично на ова ми нудеа од новиве Sony, ХТЦ големите плочки и ZTE Grand X In. Sony ми е машки мобилен мене, претемен, не ми се допаќаше ич, па шо ако беше над 15 000. HTC се добри, ама ZTE е најдобар според мене Малку ти се распишував, него битното според мене и продавачите во Т-Мобиле, не го препорачуваат баш најногу(се разбира овоа го кажуваат на поблиски луѓе, инаку може некој да ти го испофали до Станбол).
Koга сме кај ајфоните, еве веќе повеќе од 6 месеци го користам, и неможам да се пожалам од функционален аспект. Јас не се разбирам ич од техника, ама знам дека има послаб процесор од Самсунс Глакси а работи побрзо од нив, лесен е за ракување, употреба, има маски прекрасни со супер цени. Али еден гооолем пропуст, морам да се пожалам и да искоментирам, што е со полњачот и слушалките луѓе тоа пластика невидено ефтина и неквалитетна, до сега 2 полњачи ми се скинаа, и слушалките не се поарно, и тоа не дека нешто сум ги уништувала, ама и при малку поише сила пукаат Нарачав сеа од Америка да ми донесат од оригнална продавница полњач и слушалки, ама ми рекоа да не се надевам, дека не се нешто поквалитетни од кинеските или од нашите во Дуна компјутери. Се освим тоа е супер немам замерка, ама полњачот посебно е страшно лош, и краток, малку посилно го потегнав и ми си се скина, и тоа оригиналниот што идеше со телефонот, вториот кинескиот поише издржа него оригиналниот. Ако некад на нешто треба да работат е на усовршивање на овие, да ги направат поцврсти. Незнам дали вас ви се десило, ама сите што ги знам што имаат ајфон на истово се жалат.
А што викате на овој? http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/htc/4458/desire-c#ad-image-0 Со црвена маска многу ми се свиѓа Го молев тато да ми го земе и ми рече ке видиме(повеќе накај да хихихи ) има и андроид,5мп камера,вифи,и убав ми е мене на изглед.
Со сестра ми се утепавме од барање, но неможевме да најдеме па да си прашам јас овде..дали може на LG Optimus L3 да се стави лозинка на пораките?
што мислите за sony tipo? јас не се разбирам многу во телефони. а гледам ново телефонче е, на изглед убаво а за перформанци ?
И јас го користам веќе неколку месеци. Нема да згрешиш ако си го земиш Имави убави перформанси, апликации ( од моб и можеш и да си симнеш ) батерија држи ( се случува и по 2-3дена да ми издржи а цело време сум на фб или играм некоја игра )
Дали некој има Самсунг галакси с3? Дали и вас ви се случува да ве бара некој а постојано да му се јавува секретарката со "претплатникот не е достапен..." Тоа е до телефонот или..?
i phone 3 ката го капарив една година работен од мобилара ќе го земам ако го има некој нека кажува колку е задоволен?4рката ми беше солена дури половен не ми се даваат толку пари доволен ми е и овај не лакомам јас
^^ Ако е 3 GS, тогаш е во ред. Ама ако е само 3G, ќе бидеш многу ограничена зашто најновите апдејти за оперативниот систем iOS се од моделот 3 GS па нагоре.
Да 3GS е и со 16 GB јас во технологија искрено не се разбирам ама ми го фалеа дека бил многу квалитетен бел е какви се разликите ова она верувајтеми појма немам на изглед многу ми се допаѓа го купувам не планирано бидејќи мојт ми се расипа и не ми се исплаќа да го правам пак сега мислам дека подолго време ќе се служам
Мојот стар телефон ми беше 3 GS бел од 16 гига. Некаде лани ова време го имав. Супер ме служеше, само јас трапавата еднаш несакајќи го џитнав од тераса. И ништо не му беше, дури и не беше исклучен. Како и да е, задоволна ќе бидеш. Со здравје да те служи.
Ако не е непристојно, (се извинувам), дека и јас го сакам белиот ајфон 3GS, па ме интересира ценичка и мобилара...Можеш и преку порака ако нејќеш вака јавно. Се извинувам уште еднаш
И јас се мислам за истиов,ај ако може некој што го има користено да кажи како е што е? Јас поточно се мислам помеѓу Sony Xperia Tipo и овој? Ај ако може посебно за HTC да кажите
http://www.one.mk/mobilni_privatni/prod ... .html#null овој или http://www.one.mk/mobilni_privatni/prod ... ot916.html овој Реагирајте брзо ми треба советт Спојлер И не оценувајте според изгледот , разгледајте ги карактеристиките
Значи вака, го имам вториот (самсунгот) и сум прилично задоволна освен Кога е преоптоварен (а често ми се случува тоа) има навика да се исклучува.. Јас едноставно го уклучувам пак и е „растеретен„ и работи брзо како порано сега да ги споредам.. 1. Алкателот има блиц додека мојот нема, а камерата им е иста.. (иста резолуција имаат) Иако мене ми пречи малце но поминува! 2.Самсунгот има повеќе вградена меморија тоа верувај ми е МНОГУ важно ако симнуваш многу апликации ! Јас имам проблем со таа вградена меморија - малку ми е. 3.Алкателот има за нијанса појака батерија! 4.Самсунгот има понова верзија на андроид! (исто за нијанса) Другото во основа им е исто! Јас секако би ти го препорачала самсунгот - има поголем екран!! Многу е лошо кога имаш смартфон со мал екран поред мене!! А и многу е практичен верувај ми!! Сега.. ти си одлучуваш но што и да избереш нема да ти прави голема разлика Поздрав и информирај што си избрала и како си задоволна! Ќе пофторам - телефоните се скоро исти!!
Фала многу на оддвоеното време , веќе го нарачав самсунгот исто поради поголемиот екран , утре го очекувам па ќе ви пишувам како сум задоволна. Важно поу можам да играм нелиии ?