Има за 1000 ама со месечна претплата 360 ден или 340 така нешто беше ама незнам точно важно има со претплата над 300 денари
http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/vip/505/droid-xl#ad-image-0 Има ли некој ваков телефон и коментар за него ^^
Дали некој има искуство со купување на iPhone (Од Дубаи како што кажуваат оние што ги продаваат) од Бит Пазар?
Што мислите за телефоните ZTE ? мене лично воопшто не ми е позната оваа марка, незнам колку би биле добри, а бендисав еден со многу добри спецификации и сега некако сум скептична само заради марката.. Дали можеби има ваков некој од вас, и како е задоволен од него ? http://www.geek.com/wp-content/uploads/ ... -phone.jpg
Ич да не се мислиш околу ZTE, ако ти се допаѓа веднаш земај го! Причина? Мое лично искуство со ZTE, ете затоа. Пред 2 месеци си купив ZTE Grand X IN, го платив 15 000 во кеш и сега немам гајле го користам на кој оператор сакам, пошто мразам претплати и такви “ропски“ услови и обврзувања. Телефонот за таа цена е гром. Гледам многу се апат за дупето што не го земаа кога го имаше на залиха, now it's gone. За таа цена добив 1.60 GHz процесор, 1 GB RAM, 8MP камера со вграден блиц, втора камера за повик и што да ти кажувам друго, кога тука ги имаш сите спецификации... http://www.gsmarena.com/zte_grand_x_in-4962.php Многу ги осудуваат некои работи затоа што не ги познаваат, а немаат појма дека всушност глупости зборат кога не пробале и не знаат. И јас имав препораки да не земам од ZTE, “земи си од Samsung марка се“ и такви сл. фрази но на крајот победи инстинктот во мене. Тоа што ZTE уште не се популарна марка како другите телефони, не значи дека нудат лош квалитет, напротив со добар квалитет и ниски цени сакаат да се пробијат на пазарот и успеваат во тоа. И за крај, еве ти screenshot од мојот home screen на телефонот. Си ставив HTC look alike позадина затоа што стварно е cool. Уживај со ZTE и ич око да не ти трепнува. Еден од најдобите телефони во моментов со топ цена. Задоволен сум од сите аспекти од овој телефон, воедно и големи пофалби и feedback до ZTE како компанија.
Девојки јас малце надвор од темава ама да си прашам дали при промена на тарифен модел се прави нов договор или се придржувам уште на првиот кој го направив ( пред една година ). Зашто ако се прави нов договор треба и мобилен да ми дадат. Благодарам одапред
Девојки на мобилниве телефони има ли опција да може да се блокираат одредени телефонски броеви или такво нешто треба да побарам да ми активира мобилниот оператор? Ве молам за одговор, ако некој знае!
Има опција на мобилниот,кога бројот што сакаш да го блокираш,кога ке ти врти,одма му се одбива повикот.Само треба да ја најдеш опцијата,прочепкај по менито...
Работата е што не знам каде да барам Ми е страв да не направам некоја грешка, па сите повици да ги блокирам.
Ми треба за поклон на сестра ми,ајде помагајте кој е подобар 1.Samsung Galaxy Ace Plus Спојлер 2.Droid XL(Alcatel) Спојлер 3.ZTE Blade III Спојлер Изборот ми рече да падне на мене,а јас пуста од кај се разбирам од телефони Напомена-да бил голем екранот,доста голем-а овие така ми личат
^ Eли, од сите овие јас би го избрала Самсунг. Од Алкател подалеку, не познавам човек што е задоволен од кој и да било модел, а овој ЗТЕ не знам каков е. Битно Самсунг се прилично јаки и издржливи телефони. Брат ми има Ace, нешто постар од овој што си го постирала, маста му ја вади и телефонот гајле нема.
~ Бирај меѓу ЗТЕ и Самсунг. Јас имам ЗТЕ таблет и сум задоволна. Меѓу нив и нема некоја си голема разлика освен во дизајн.
Ја би ти препорачала Самсунг, ем има убаи опции ем уба дизајн. А и ZTE е добар, го има еден другар во школо и многу е задоволен, ама штом се работи за женско најубав е Самсунг
Девојки ви благодарам на помошта,овој Самсунгот имал помал екран а човек од мобилара ми рече никако Алкател и ZTE,ми препорача LG 5,ама мене ми е машки модел така да најверојатно овој Zte ќе го земам,го видов елегантен е ,може да падне еден и за мене