Ааам..ОК знам дека и другарка ми има и не се има пожалено досега од него но сепак сакав да видам како вие сте задоволни од него.. Иначе дури сега видов дека ставив погрешен линк..Значи не овој телефон во линкот туку прашувам за Sony Xperia Tipo
Спиди се зависи до моделот на телефонот, на секој телефон има различни цени. Јас на мојот стар тел му менував тач и екран за 1000 ден, а дечко ми има Сони Експириа Гоу и ќе му излезе околу 6000 , а бидејќи го немат екранот на лагер, треба да се порачува. Затоа прашај си некаде каде поправат телефони најточно ке ти кажат.
Не можам без телефон а и потребен ми е многу имав ајфон 3 али ми се расипа тој ми беше од мм али тој си зеде ајфон 4 ѕ и сега користам lg али не ми се допага зашто многу се троши батеријата за 5 сати и да не го користам е празна и мора нон стоп да го полнам
Вчера ми стигна iPhone 5 Добар е, има се и сешто, само што уште ми треба за да го научам ко што треба. Предлог добри апликации?
Не знаев каде, па овде ќе го поставам прашањево, кој се разбира од телефони, ве молам за помош Имам Xperia Miro, му реков на брат ми да стави Power Point презентација во него, пошто немав USB, за да го пренесам на друг компјутер, но не знам што направил, ни презентација успеа ни ништо. Ми ја нема папката Албум, никаква слика не можам да најдам, а да видам на компјутер тука се сликите, само ја нема папката во него, преку сентингс сакав да ги видам сликите, но секој обид ми вика сетингс откажа. Што му е да не знае некој
Девојки ве молам за помош Неможам да најдам слика па вака .. кој да го зеам ( кој е подобар) Lg L3 ii или Alcatel OT-911
Девојки дали некоја од вас ги користела и Iphone 4s и Samsung Galaxy S3 ?? Кој е подобар? Сакам мислење од некој што имал искуство и со двата
Моето скромно искуство со ајфон 4с веќе 7 месеци, ќе ти кажам дека сум супер задоволна, прелесе е за употреба, физички привлечен(што мене ми е битно) мал, лесен, брз, функционален. Мои другари ме убедуваа дека кофигурациски бил појак самсугот, ама јас не ги послушав, зашто преголем ми е за мој вкус самсунгот. А и поскап беше самсунгот. Апликациите ти се најголем дел бесплатен, а со сидија ти се сите бесплатни(крак кој се плаќа 1000и нешто денари и со него има ЧУДА.) Мене ми е како нов, а не го пазам нешто претерано. На вип сум а мрежата не ми паѓа, што ме уверуваа дека ќе ми паѓа многу. Маски има од убави поубави, единствена мана му е кабечето за полнење е многу нежно, јс 3 скинав, ама сега сум претпазлива и му го фатив теркот(среќа ефитнси по 200 денари кинески солидни копии на кабелчиња). По издржливи се на паѓања ајфоните од самсунг галакси. Реално нема да згрешиш кој и да го избереш, јас сум епл фан, и никогаш не би одбрала самунг пред ајфон, зашто мене не ме интересираат и импресионираат рамови или не знам што, кога и двата се смартфони и со нив се добиваат слични апликации и можности. Според мене тачот на ајфоните е не заменлив, колку и да тврдат дека се слични, според мене не се. Али моја добра другарка неодамна го зема самсунгов, не е толку гломазен колки што порано ми беше, подобар е само зашто екранот е поголем и автоматски е малку подобро сурфање на нет.
Ти благодарам Хипстер на одговорот Мене воопшто не ми смета големината на Самсунгот, напротив, посимпатичен ми е А плус сакам и таблет да си купам, али дур да потсоберам пари, овој таман ќе ми биде како нешто измеѓу. Јас иначе до вчера бев решена да земам Iphone, но дојде една другарка со Samsung Galaxy Note II и се заљубив Но, прескап ми е тој така да би се задоволила и со S 3. Леле осеќам дека овој ќе го земам, се натаму ме влече.. Фала ти уште еднаш, па ако ми треба уште нешто, тебе ќе те барам
јас сакам да си земам на постпејд од вип битно ми е да има барем 5 мегапиксели камера со блиц и на допир да е докај 8-9000 може ли некој предлог фала однапред
Дали некој имал искуство со телефонов http://www.t-mobile.com.mk/public/detal ... sDetails-2 ? Има добри перфонманси ( блиц , 5мп камера , најнов андроид ... ) . Ама и ако може да ми кажете општо како марка зте каква е ако има некој телефон зте ..
http://www.vip.mk/telefoni Тука можеш да си одбереш модел на мобилен на која претплата сакаш и ќе ти ја покаже цената на мобилниот. http://www.vip.mk/postpejd/novosti-i-pr ... -free-plus И еве ги тарифите кој што ги нудат
Епа драги мои феминки ... Овие денови сакам да си купам нов телефон видов еден и многу ми се допадна. Има ли некој/а ваков и дали сте задоволни од него т.е од функциите кој ги има http://tienda.unlockeasy.es/1700-2071-t ... e-9320.jpg